Сум приметил на форумов дека има многу слики и пораки за обединување на трите (сосе албанскиот четири) дела од Македонија. Она што мене ме интересира е како е замислена таа Обединета Македонија? Прво, како да се случи? Па после, како би била уредена? Унитарна или федеративна? Кој би бил главниот град? Кој јазик би бил официјален? Што со луѓето кои зборат грчки и бугарски, дали ќе им се дадат некакви права? Што со економијата (на пример, бродоградбата)? Која би била валутата - евро или денар?
Ова оди малку подалеку и од Војна на Ѕвездите ама ајде да се обидеме

Македонија ќе биде технички обединета и тоа е догледно во нашиот животен век.Доколку се интегрираме,ќе се отворат границите и во кратки црти тоа би било тоа.Меѓутоа,во наш интерес е да претходно се признаат малцинствата во Бугарија и Грција и се обезбедат и гарантираат нивните човекови права.Ако тоа не се реши додека сме аутсајдери нема никогаш да биде решено.Затоа и се води оваа комплексна политика каде главен интерес е времената разлика помеѓу влезот во НАТО и влезот во ЕУ.Ако влеземе утре во НАТО,тогаш од наш интерес е да го пролонгираме влегувањето во ЕУ додека не си ги реализираме целите и интересите.Како што сите нели знаеме,НАТО е Америка а ЕУ не е.Ако успееме да ги постигнеме целите,а би требало ако сме нели дел од НАТО,тогаш влезот во ЕУ би значел културно обединување.Поинакуво обединување,да бидеме реални не е возможно.Инаку,да дадам едно мое мислење околу главниот град во таа обединета Македонија..
Значи,Скопје ја игра улогата на бедем од албанската инвазија.Се додека бројот на доселени Македонци во Скопје ја надминува три пати бројката на доселени Албанци,нивното влијание останува од таа страна на Вардар.Доколку би се обединиле,атрактивноста на Скопје и на Охрид би паднала во сенка на Солун а тоа значи нагло купување на недвижнини.
Економијата..
Гледав еден документарец за Кореа и евентуалното спојување на Северот и Југот.Еден паметен човек рече дека они можеби се еден ист народ ама економската ситуација ги прави и те како различни.
Поволно за нас е тоа што,Атина од никогаш не била заинтересирана за северната покраина,па нашите таму иако се европејци се блиски до нашиот начин на живот.Солунчани од друга страна,иако имаат значителен процент на свесни Македонци,се различни и затоа не им е баш најмило што ете некој селанец од сиромашниот север се поистоветува со нив.Пиринска Македонија е иста со нас во секој поглед.
Културната унитаризација подвлекува актуелизирање на македонската култура и јазик и кај оние кои нажалост сеуште немаат контакт со неа а се свесни за нивното потекло.