Србија презадолжена и повторно зема кредити од ММФ!

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Српскиот надворешен долг до декември 2008 г. беше околу 30 милијарди УСД. Сега, Србија зема заем од ММФ, во вредност од нови 3 милијарди евра, во време кога нема начин и можности тие средства да се вратат. Како и насекаде, српската економија е во рецесија и без никакви странски инвестиции и други приливи (како хрватскиот туризам) кои би ја опоравиле економијата и би служеле како извор за поврат на долговите. Тоа е добра поука за нашата влада да не склучува никакви аранжмани со ММФ и СБ, најголемите светски лихвари. На Србија додатно и се случи и девалвирачко цунами на локалната валута динарот, за 40%, поради нестабилната макроекономска политика на Србија и зависноста од странски инвестиции кои се сведени на нула од крајот на 2008 година. Сепак и независноста од странски инвестиции е предност во услови на светска ек. рецесија.

14. 11. 2008. Укупан спољни дуг Србије нарастао је на скоро 30 милијарди долара.
Извор: http://www.kim.sr.gov.yu/cms/item/analyzes/sr.html?view=story&id=8201&sectionId=3

петак, 15. мај 2009, Одбор директора ММФ-а требало би да одобри "стенд бај" аранжман вредан три милијарде евра. Првих 800 милиона идуће седмице. Кредитом ММФ-а Србија обезбеђује макроекономску стабилност.
http://www.rts.rs/page/stories/sr/story/13/Ekonomija/61633/MMF+o+aranžmanu+sa+Srbijom.html
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
bitushanec напиша:
кои би ја опоравиле економијата и би служеле како извор за поврат на долговите. Тоа е добра поука за нашата влада да не склучува никакви аранжмани со ММФ и СБ, најголемите светски лихвари. На Србија додатно и се случи и девалвирачко цунами на локалната валута динарот, за 40%, поради нестабилната макроекономска политика на Србија и зависноста од странски инвестиции кои се сведени на нула од крајот на 2008 година.
Целата поука е во болдираниов дел.Да не се случи истото,мора да се води здрава макроекономска политика.Кога таа ќе се испушти од раце возот тргнува и не застанува.Сите критики се најдобронамерни до владата да ги преиспита одлуките и начините.Зарем некој сака во оваа држава цунами?Не би рекла.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Ако размислиш подобро, ке видиш дека Србија и нема баш некој којзнае каков избор... Така да се што се прави се прави со надеж дека кога тогаш економијата ке заживее, па ке можат како така да се вратат долговите.

Колку што сум запознаен, Македонија нема голем надворешен долг, го правеа Гвујо ненормален кога прво нешто што направи беше отплата на големите долгови. Знае некој како стоиме моментално со задолженост кај странските банки и ММФ?
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
SRBIJA i takva kakva e....na kolenici....sepak e DRZAVA, na zalost u Makedonija uste na TV pustaat nekoja grcka guska od Milvoki da ni kazuva deka treba da se narekuvame centralno balkanska republika itn...itn...
Koj bi zemal za ozbilno takva zaebncija od drzava???? takva koja i na edna propadnata kompanija kako Dzonson control i plaka potkup za da drzi formalna firma vo MKD ili na Dzonson Meti mu dava NEVIDENI uslovi za da go preseli otrovot od EU vo Bunardzik...???
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Ќе се префатат со Косово.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Колку што сум запознаен, Македонија нема голем надворешен долг, го правеа Гвујо ненормален кога прво нешто што направи беше отплата на големите долгови. Знае некој како стоиме моментално со задолженост кај странските банки и ММФ?

Да ги врати долговите со ниска камата и даде суви пари за тоа. Сега тие пари ќе си ги имавме резерва и немаше да се позајмуваме.

Сега зема кредити со до 3 пати поголема камата.

Па сега види ти кој е генијалецот.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Да ги врати долговите со ниска камата и даде суви пари за тоа. Сега тие пари ќе си ги имавме резерва и немаше да се позајмуваме.

Сега зема кредити со до 3 пати поголема камата.

Па сега види ти кој е генијалецот.

Ako vrati golem del od dolgot - NECINI!.... ako ne vrati pak NECINI!
Ova na Dante i Bozestvenata mi lici: "Patnice vlezes li na ovaa vrata ke se kaes, ne vlezes, pak ke se kaes!" ... ili po naski: ni magare ni zmija! Eeee mora nesto! :vozbud:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
А овие од ММФ или од Светска Банка се толку “глупи“ што даваат кредити на Србија иако “знаат“ дека не може да ги врати.Шведска е борчлија 1 000 милјарди евра и уште зема кредити,Финска исто така окулу 1 000 милјарди евра,нормално пак користи кредити како и Шведска.Како ли ќе ги вратат,“сиромашките“ тие,кога се овие од ММФ и од С.Б. толку “глупи“?
Абе народе толку ли верувате на она што некој новинар ќе го напише како “сензација“,зар мислите стварно кредиториве даваат пари како ненормални иако знаат дека нема да си ги вратат?Сте се заебале сите,токму кредиторите знаат најубаво кому треба да дадат такви кредити,кој има перспектива да ги врати,а кој не.Размислете малку ебаго,не е многу тешко.:toe:
 
ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
Да ги врати долговите со ниска камата и даде суви пари за тоа. Сега тие пари ќе си ги имавме резерва и немаше да се позајмуваме.

Сега зема кредити со до 3 пати поголема камата.

Па сега види ти кој е генијалецот.
Епа може требало ти од иднината т.е. од 2008 год. кога започна економската криза да се вратиш во тогаш кога тој ги враќаше долговите, да му порачаш да не ги враќа. Пријателче кој мислеше и сакааше да се случи оваа криза? Немој да бидеш смешен.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Епа може требало ти од иднината т.е. од 2008 год. кога започна економската криза да се вратиш во тогаш кога тој ги враќаше долговите, да му порачаш да не ги враќа. Пријателче кој мислеше и сакааше да се случи оваа криза? Немој да бидеш смешен.

И јас тогаш во тоа време си реков, море шо уба работа, ќе ги расчистиме долговите, овие домаќински работат.
Имаше по некој економски експерт што укажуваше дека тоа е грешка, ама си реков шо знај овај, ова е некој комуњар.

Ама испадна дека овие на власт што ги мислев за економски експерти имаат знаење од економија колку мене, а јас имам машински факултет.

Па сега ти види, што требало да направат. Тоа време беше време кога мислеа дека се што лета се јади. Се расфрлаа со буџетот кој што беше полн од претходно, одеа на финта НА РИЗИК СЕ ПОЗНАВА ШИЗИК, и стасавме до оваа ситуација. Сега и банките стануваат неликвидни.
 
Kога некој предвреме враќа кредит,за следниот ден да се задолжи пак кај истиот кредитодател,мора нешто да не е во ред.Всушност тоа беше финтата за да се префрлат одредени проценти провизија во приватни џебови,ама предизвика прилично добра пропаганда кај наивното стадо кое поверува дека Македонија незадржливо граби напред штом враќа кредити кој не мора во тој момент да ги враќа.Е сега,испадна пак да бараме пари кој предвреме им ги вративме на странците,ама тешко се добиваат назад,оти се веќе дадени во други земји,како во Србија на пример.Од друга страна дури и ММФ,Лондонскиот Клуб,Парискиот Клуб,па и Светска Банка,не се толку наивни да даваат пари на некој кој предвреме ги враќа(значи не му биле потребни),па затоа не му ги ни дава.Србија има потреба од кредити,се задолжува,ама и кредиторите анализираат дали може да ги врати,па затоа и понатаму добива кредити од истите кредитори.:toe:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Србија има потреба од кредити,се задолжува,ама и кредиторите анализираат дали може да ги врати,па затоа и понатаму добива кредити од истите кредитори.:toe:

Значи нам не ни даваат оти мислат дека можи нема да ги вратиме?
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Значи нам не ни даваат оти мислат дека можи нема да ги вратиме?
А ти би ни дал,доколку имаш на располагање такви средства кој мислиш да ги “оплодиш“?Гледаш ли некаква перспектива за да ти се вратат парите и да заработиш,доколку ги позајмиш на Македонија?Не може бе само администрацијата да ти врати пари,доколку производствените фирми се затворени,производството замрено,приходите негативни,од што ќе ти ги вратиме парите?Од новите паркови,споменици и фонтани каде туристите ќе фрлаат “денарче за желба“?Треба развој,фабрики,и други производствени капацитети.Си слушнал ли последнава година некој да отвори нова фабрика или некаков производствен погон.Во Прилеп јас тоа одамна го немам видено,освен неколку супермаркети кој се само начин за собирање пари,а никако не внесуваат капитал,друго не сум видел.Како ќе ти ги вратиме парите.Еве и даноците ги зголемија за 300%,фирмарини за 300%,вода за 300%,комунални такси за 300%,ама сепак не можат да соберат за да ги задоволат сопствените “потреби“,па камо ли да ти ги вратат со камата парите доколку им ги позајмиш.:toe:
 
Не се секирај, можат да бидат многу креативни за збирање пари.

Со оглед дека ги следевме Хрватите за воен данок, најверојатно ќе ги следиме и за кризен.

Мислиш не размислуваат за тоа?!?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom