АКЦИЈАТА “ЗАЕДНО ЗА ЧИСТО И ЗЕЛЕНО СКОПЈЕ” ПРОДОЛЖИ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР
15.05.2009
Во организација на Град Скопје, скопските општини и јавните градски претпријатија, акцијата „Заедно за чисто и зелено Скопје“ денеска продолжи во општина Центар.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски изјави дека оваа акција продолжува во општина Центар, од просторот помеѓу МКЦ и МТВ.
- Целта на оваа акција е да се упати порака до јавните претпријатија, до стручните служби и до граѓаните дека треба да се чисти Скопје. Оние аномалии кои тука ќе ги откриеме, потоа со општина Центар ќе направиме план како, со кои средства и со кои лица ќе се работи, рече Трајановски.
Тој најави реорганизација на јавните претпријатија и стручните сектори во Град Скопје за да бидат поефикасни во извршувањето на своите функции и за почисто Скопје.
На новинарско прашање дали јавните претпријатија можат со средствата кои ги поседуваат да успеат во својата работа, Трајановски рече дека ЈП се задолжени, а особено „Улици и патишта, „Комунална хигиена“ и Јавното сообраќајно претпријатие, најголемиот дел од приходот е од неплатено ДДВ и, како што потенцира, затоа ќе разговараат со Владата и со Управата за јавни приходи како тој проблем да се надмине.
Градоначлникот на Скопје додаде дека на овие ЈП максимално ќе им се помогне за почисто Скопје, со финансиски средства и со субвенции.
- За ЈП ќе издвоиме дополнително средства, за вклучување на луѓе, за купување на опрема за подобро да се исчисти Скопје, рече Трајановски.
Тој додаде дека веќе ЈП „Паркови и зеленило“ од своите средства набавува опрема за косење на трева и оти тие ќе имаат дополнителни средства од Град Скопје за да примаат сезонски работници.
Градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ рече дека на територијата на општината постојат одредени локации кои биле запуштени или имале третман на неуредена јавна површина и затоа акцијата ја посветуваат токму на тие површини.
Тој информираше дека општината ќе прими од 50 до 100 сезонски работници кои ќе работат во парковите и за чистење снег.
- Ова со Буџетот на општината не е планирано и потребно е да се направи ребаланс на Буџетот на општината. На првата седница на Советот ќе се обидеме да направиме ребаланс во Буџетот и да одвоиме средства за овие работници, рече Тодоровиќ.
Тој најави дека постои можност оваа акцијата во општината да се спроведува на секои три месеци.
Акцијата „Заедно за чисто и зелено Скопје“ почна од општина Гази Баба, а треба да продолжи и во општините Чаир, Аеродром, Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Шуто Оризари.
Никој од сдсг никогаш нема излезено и да ја набљудува акцијата а камо ли да земе гребло како Коце Трајановски.
Уф што зборувам јас за време насдсг не ни имало вакви акции за чистење.