Претседател во сенка

  • Креатор на темата Princ
  • Време на започнување
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035
Оф топик...Јас и ти ќе земеме во Битуше и Тресонче по две крави, ќе им ставиме клопотарци, и ќе шиткаме млеко за Косово. :smir:
Он...И јас мислам дека ќе влеземе во НАТО, од една единствена причина што амбасадата на САД во Скопје е поголема од една средновековна тврдина Кале.

Ма браво!!!!

:pos2::pos2::pos2:
 

Piters

Collector
Член од
19 април 2009
Мислења
455
Поени од реакции
43
Најбитно е ова... --->http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=34515

Ако ова се одговори ќе нема ни НАТО ни ЕУ, ќе си бидеме македонци, Македонија, никој нема да ни смета итн...
Многу јако, не само што е факт, мене тоа не ми е чудно..
Процентот со кој НИЕ СМЕ СВЕСНИ дека е така е уште почуден..

Јас постирав погоре некоја анализа за ЕУ, и за Нашиот премиер, и сеуште стојам на таа констатација, НИЕ и требаме на ЕВРОПА, не обратното, и СЕГА е момент да се притисне СЕГА е правиот ТАЈМИНГ..

СМК и гевгеличанецот, треба да излезе, како единствена НЕВЛАДИНА организација, и да покрене кампања, и собирање 150.000 потписи...
Со самиот таков чин, НИЕ ќе извршиме Притисок врз европа.. не обратното..

(и нормално ке го спасиме Кољо и Џоле од политичко Харакири).. а тоа е најбитно нели ..:kesa: гратис мандат за Кољо..
 

Mangavadu

пролетер
Член од
23 март 2009
Мислења
695
Поени од реакции
42
(и нормално ке го спасиме Кољо и Џоле од политичко Харакири).. а тоа е најбитно нели ..:kesa: гратис мандат за Кољо..
На крај ја заеба работава. Кој го е.е Кољо кога е во прашање Македонија.
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
не верувам некој да подигнува наицонално чувство и тој истиот да смени еден од основните облици на нацијата -името.

никогаш не потценувајте го обичното членство на вмро дпмне, посебно не за национални прашања, секој обид за менување име макар и од врвот на партијата мислам ќе наиде на огромен судир со сопственото членство. далеку самосвеста е поразвиена , за разлика од сдсм членовите кои веднаш причекаја да подржат виткање на кичма
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
777
никогаш не потценувајте го обичното членство на вмро дпмне, посебно не за национални прашања, секој обид за менување име макар и од врвот на партијата мислам ќе наиде на огромен судир со сопственото членство.
точно :toe:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Уште не почнат човекот со работа што се вели, рејтинг му мерат, па ќе бил претседател од сенка.
Princ друже да не имаш предвидувачко пророчки способности, па на Ѓорѓе му ја предвидуваш иднината, да оставиме да видиме човекот што ќе сработи па после да му судиме :smir:.
 
Член од
29 март 2009
Мислења
97
Поени од реакции
9
Вчера и Грујо заедно со Ѓорге зборуваше за разумен компромис.
Мислев дека само Ѓорге така мисли а грујо држи став за неменување на името ама вчера видов дека и двајцата зборуваат за разумен компромис и ја отфрлаат двојната формула со која на изборите ни се качија на глава.Значи и двајцата биле лажачи како БЦ и компанија и не им треба многу за да си го сменат ставот.Па тие во тек на една годима сменија 100 става.Те во НАТО ке влагаше Грујо со Фиром,па после со РМ во заграда Скопје,па во ноември почнаа со двојна формула,за изборите викаа нема шанси ИМЕ да мењаме а сега и двацата вртат Разумен Компромис.Знаете ли што е КОМПРОМИС.Тоа е име кое е ралично од сегашното што ке одговара на двете страни.Ако грујо НАВИСТИНСКИ не сака да го менува името до сега ке ги напуштеше преговорите и немаше да дозволи вакави уцени кои последниве години јако се интензивираа.
И затоа го ценам Љубчо Георгиевски,затоа што тоа што го кажал пред 15-10 или 5 години истото го мисли и сега.Но луѓето не сакаат да ги слушаат неговите прогнози оти не звучат добро за Македонија.Луѓето сакаат да живеат ви илузија и сакаат да бидат лажени.Порано од БЦ сега од Грујо.
И што праиме ако она што Љубчо го предвидува а Грујо и компанија сега го дискредитираат и го прават предавник со предлогот Северна Македонија, Грујо и Ѓоле ги прифатат на некаков начин,дали преку Ѓорге,дали самостојно, или со измонтиран референдум во корист за Северна за да може грујо да си ја испере одговорноста!?!?!?!?!?????????
Ке му се извини некој на Љубчо што го крстија предавник, како што се што до сега кажа а се обистинува.
Грујо може само да сања за визионерството на Љубчо :toe:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Деца, сакате бан??
Оф топик сте одамна.

Питерс, како плачипиче си.
Такви и други теми кои не носат квалитетна дискусија одат во канта, јасно.

Форумов не е за дрвикурење туку за квалитетна дискусија и натпревар на умови, а не за пропагација на дебилштини.

Назад на темата, следниот оф топик иде на мал седумдневен одмор.
 

Piters

Collector
Член од
19 април 2009
Мислења
455
Поени од реакции
43
Деца, сакате бан??
Оф топик сте одамна.

Питерс, како плачипиче си.
Такви и други теми кои не носат квалитетна дискусија одат во канта, јасно.

Форумов не е за дрвикурење туку за квалитетна дискусија и натпревар на умови, а не за пропагација на дебилштини.

Назад на темата, следниот оф топик иде на мал седумдневен одмор.

јас би ги избришал сам моите оф топикс братче..

негледам опција тоа сам да го направам.. а повели избриши се што ти смета..

јас немам проблем со тоа...

ама гледам многу нешто сте налутени на мојата дискусија..

BTW.. биди професионален до крај, остај ја цензурата на други, и не ми коментирај мои лични карактерни особини... ако си погоден тоа е друга работа.. мислам дека ништо лошо не кажувам, и се трудам да бидам конструктивен колку можам..

трпете и критика малце брат... ова е Отворен Форум би рекол, зарем не ??
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Малечок, нема тука никаква цензура, има вон тема муабети, расипување дискусија итн.

А бидејќи еднаш предупредив, еве, се гледаме за една недела.

П.С. Имаш опција сам да си ги избришеш своите неумесни и ненаместо вон тема постови.
 

bama

† Револуционер †
Член од
1 февруари 2007
Мислења
2.040
Поени од реакции
362
нека се навикне претседателот дека секогаш ке биде во сенка...
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Пуштете го човекот на мира сеуште е нов, има време да покаже што знае и умее
сеуште е нов на функција не е свесен каде се наога, има време ке научи многу работи, АКО му дозволат можеби ке се покаже и во добро светло.:toe:
ПС сепак постои АКО МУ ДОЗВОЛАТ?????????
 
С

Спенсер

Гостин
Претседател во сенка....па тоа се знаеше:D ништо ново, како Медведев и Путин...Путин шо ке каже,така е...исто и со овие, Грујо жо ке каже,тоа е тоа...Иванов као гласноговорник излегува само...јбг/
 
S

smart ass

Гостин
Vo senka da no toa e zaradisto premierot ima pogolemi ovlastuvanja od predsedatelot vo drzavi kako nasata .........:toe:
 
P

Princ

Гостин
Се согласувам во голем дел од твојот пост, освен дека премиерот има поголеми овластувања од претседателот во меѓународните односи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom