Ланскиот состанок беше одржан во Истанбул, а утрешниот состанок ќе се одржи во хотел во предградие на Атина. Членовите на овој клуб се светски политичари, крунисани луѓе, првите луѓе на најголемите светски банки и корпорации, првите луѓе од воениот и индустрискиот сектор и овој факт упатува на заклучокот дека оваа меѓународна организација е моќен генератор на глобалните движења, пред се на политичките и економските.
На утрешниот состанок во Атина ќе присуствува и американскиот потпретседател
Џозеф Бајден, ветеранот на американската дипломатија
Хенри Кисинџер, шведскиот министер за надворешни работи
Карл Билт, генералниот секретар на НАТО Ј
аап де Хоп Шефер, луѓе од богаташката фела на
Рокфелер, шпанската кралица Софија и холандската кралица Беатрис. На утрешниот состанок исто така ќе присуствува и грчкиот премиер
Костас Караманлис, шефицата на дипломатијата
Дора Бакојани и лидерот на опозиционата ПАСОК
Јоргос Папандреу, потоа биле повикани и Б
ил Клинтон, Тони Блер, Ричард Холбрук, Кондолиза Рајс, Јошка Фишер...
Како и сите нивни состаноци и утрешниот состанок во Атина ќе биде во строга тајност, но се смета дека главна тема на состанокот ќе биде економската криза.
Карактеристично за оваа меѓународна организација кое може да се сврсти во доменот на теориите на заговор е тоа што сите членови се крајно лојални кон Ротшилд и Рокфелер, а н
а националистите и антикомунистите не се допушта никаков пристап до собирите, на кои никогаш не се донесуваат никакви заклучоци и било какви решенија, бидејќи заклучоците се донесени претходно, а на собранијата само се соопштуваат фактите. Во таа организација н
ема дебата туку само "наредби" во форма на
соопштенија или информации.