Здружение за отпор кон Бранко Црвенковски
Граѓани, жртви од владеењето на Црвенковски, како што вела,т формираа Коалиција на невладини организации и граѓани - жртви на транзицијата „Отпор кон Бранко Црвенковски“. Тие денеска одржаа прес конференција на која што обвинија дека веќе две децении ги чувствуваат штетните последици од транзицијата и криминалната приватизација.
“Доста е за, армијата стечајци, опустошена економија, транзициските профитери и олигарси, арогантноста и елитизмот, борбата за гола егзистенција. Отпор кон празните ветувања, илјадниците измамени стечајци, отпор кон создавачот на транзицискиот тунел, кон Бранко Црвенковски“, беше истакнато на конференцијата од страна на коалициајта.
Од таму со повик до граѓаните да не дозволат Бранко Црвенковски “да е повторно креаторот на нашата иднина, на државната политика и на нашата судбина, затоа што Македонија не смее повторно да минува низ нови децении на корупција и криминал“.
СДСМ: Воодушевени сме од отпорот кон Црвенковски – нема никој
Ние сме чуле некој да протестира против нечие доаѓање на власт, но досега не сме ни чуле ни виделе некој да протестира против нечие доаѓање на претседателска функција во опозициона политичка партија, се огласи опозициската СДСМ во врска со здружението формирано за отпор кон Бранко Црвенковски.
“Сепак, ние сме воодушевени од масовноста на овие протести. Очигледно, нема никој. ВМРО-ДПМНЕ со сета логистика, пари, притисоци и сите свои владино невладини организации успеа да собере волку луѓе, односно како што може да видите нема никој да протестира пред седиштето на СДСМ. Ако олку луѓе се против Црвенковски може само да замислите колку се за неговото враќање во СДСМ и колку луѓе го подржуваат Црвенковски“, изјави портпаролот на СДСМ, Емилијан Станковиќ.