Проблемот е што на куров македонците бараа на Сремски фронт.
15от Македонски корпус кој броел меѓу 20-25.000 македонски партизани, од кои 2500 загинаа, а други 3000 останаа воени инвалиди.
Дел беа од ФНРЈ и "Тито" сакаше да покаже дека може без СССР да се бори со германците.А и мечтаеше за вила на Бриони.......
Во самата НОБ имаше македонски сепаратизам ословен од Темпо како “автономистички“ тенденции и кој бил крваво задушен од неговите комунисти.
Треба да се спомне и крвавото задушување на бунтот на Македонската Артилериска Бригада на 7 јануари 1945 година со поддршка од Штипската касарна кои скандираа на плоштадот во Скопје: “ На Солун, на Солун!“ ,“не на Берлин, не на Срем“, да се каже вистината за ликвидираните членови на АНОК (освен Глигоров), која е вистината позади ликвидацијата на Брашнаров, Шатев, Рацин, Шарло ?
Најголемото предавство го изврши Комунистичката партија на Македонија составена од слепци, на кои Тито, со писмо од 16 јануари 1943 година до ПК КПЈ за Македонија, преку С.В. Темпо, им се обраќа на македонските комунисти: "Потребна е мобилизација на сите сили на нашата
партиска организација, неизживеаноста и либералниот однос кон
"автономистичките“ тенденции со национален карактер целосно да ги ликвидираме. Ние недоволно енергично удривме по тие "авотномистички“ тенденции, кои во голема мера ја зафатиле нашата партиска организација во Македонија!“
На овој манифест од Темпо му се спротивставија членовите на АНОК, но беа отстранети на комунистички начин.
Македонците наместо да ја ослободуваат Македонија- Егејска и Пиринска,
тие ја ослободуваа Србија.
И сега некој мочко ( се извинувам за изразов) мене ќе ми кажува дека Српска војска ја ослободувала Македонија, ние сме немале партизани... а да не беа тие 25.000 македонци од 15от корпус прашање е како ќе завршела борбата на Срем.
Се удираат у груди Српчетава, а Хрватите беа тие кои ја понесоа помасовно ослободителната борба и покрај нивната поделба на фашистички струи.
Затоа бркајте работа и не дирајте Македонска земја никогаш повеќе.