Метла за околу 30.000 привремено вработени во администрацијата

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Eve vmrovski napredok kako se vrabotuva hhahaaha ama vo trudot za vraboteni da se prijavis na nov konkurs Tesko tie sto uste im pere mozok gvujo.
 
Од јули поволни кредити за стопанството

Владата, банкарите и стопанските комори договорија поволни кредити за малите и средни претпријатија во висина од 180 милиони евра. Половината од средствата на кредитите за претпријатијата ќе ги обезбеди државата од Европската инвестициона банка (ЕИБ) во висина од 100 милиони евра, а останатите пари ќе ги обезбедат комерцијалните банки, кои ќе бидат задолжени за одобрување и исплата на кредитите.
Ѓорѓи Јанчески, генералниот директор на НЛБ Тутунска банка и претседател на Здружението за банкарство даде кусо објаснување дека државата воопшто нема да им се меша во одлуките за сервисирање на кредитите, кои ќе се даваат со најмногу 6 проценти камата.

Според него, банкарите поволно оцениле тоа што државата искажала подготвеност 50-те проценти од секој кредит да бидат одобрени во денари без девизна клаузула. Тоа се однесува и на краткорочните до 12 месеци и на долгорочните кредити на 3 до 5 години. Со тоа, државата покажува дека ќе ја одржува сигурноста и стабилноста на девизниот курс во наредните 3 до 5 години. Останува на банките да оценат за нивниот дел дали ќе одат со девизна клаузула или со денарска.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=55720&kategorija=7

Мое мило Братче,мислам дека си го скокнал најважниот дел:smir:
Ставрески објасни дека 90 милиони евра од планираните 100 од ЕИБР, Владата ќе ги имплементира преку Македонската банка за поддршка на развојот која со деловните банки ќе потпише договори за реализација на кредитната линија.
-Понатаму, целокупната оценка на проектите што ќе ги доставуваат претпријатијата, нивната профитабилност и слично ќе биде работа на деловните банки. На тој начин државата ќе се дистанцира од процесот на одлучување за да не се случуваат негативни појави - потенцира Ставрески.
Парите ќе се издаваат за две кредитни линии - првата ќе биде за трајни обртни средства, а втората за подобрување на ликвидноста на претпријатијата во која ќе бидат сконцентрирани најголем дел од вкупните средства.
-Меѓу 45 и 65 милиони евра од позајмицата од ЕИБР ќе намениме за подобрување на ликвидноста на претпријатијата, а банките искажаа подготвеност дека толкава сума и тие ќе обезбедат од сопствени средства. Сметаме дека тоа е поволно и за банките бидејќи државата ја субвенционира каматата и обезбедува половина од кредитот и за него дава гаранција. Користа ќе ја имаат претпријатијата оти крајната камата што ќе ја плаќаат ќе биде 6 проценти, што значи дека државата ќе ги даде сопствените средства за половината одобрен кредит со каматна стапка од 1 процент и учеството на банките за нивниот дел со кредитна стапка од околу 11 отсто - дополни Ставрески.“

Каматата од кога е почната кризата (средина на 2008 до денес 14 Мај 2009) е рипната за 4%-5%,потрошувачки кредит.(Ок кредит пример,стапката беше 11%,денес е 15,9)
Сепак ова е многу добра активност на владата и ја поздравувам.Ќе ја разгледам во економскиот дел,баш е интересна:)

утре
 
Не го скокнав со некоја задна намера, туку сакав да потенцирам за каматните стапки.
Го ставив линкот во секој случај. :smir:
 
Каматата од кога е почната кризата (средина на 2008 до денес 14 Мај 2009) е рипната за 4%-5%,потрошувачки кредит.(Ок кредит пример,стапката беше 11%,денес е 15,9)
Сепак ова е многу добра активност на владата и ја поздравувам.Ќе ја разгледам во економскиот дел,баш е интересна:)

утре
За ОК, каматата почетокот (јануари-февруари) на 2007 беше 14.5%, низ годината (средината) беше 12.9%, за сега да се качи пак назад некаде на 14.3% -ова последново е за месец април 2009.

Каматите не се качени како што се предвидуваше. И да се качени се враќаат на ниво од пред некоја година. Постојано варираат и за некои 500-1000 евра и не се многу голема сума, но за поголеми купувања, вложувања има разлика. Но со оваа камата банките не одат кон фирмите. Други се условите и каматите за тоа. И се испод 10%, сега по најново.
 
http://www.stb.com.mk/N_KredPOpsto.asp?seg=5
• 15.90% годишно
• Каматната стапка е променлива

Сега.

Средина на 2008 беше околу 11%.
Предвидувањата се дека ќе се качуваат во вториот квартал,ти оставив линк. За кредити за население.
Ако годишно не е голема разлика дали плаќаш 5000 денари месечно рата или 6000 денари,тогаш ќе беа фиксни каматите и ќе немаа важност:smir:Ама на искинат џеб секој денар е важен,најадениот не му верува на гладниот.
 
Океј, само ова ми се директно од извештаи за плаќање :) паталец :smir:
 
И јас имам во близина чекче за плаќање:smir:
 
Башка гледам сопругата (работи во таква институција) во одредени периоди различни камати имаат, но со мал % разлика. Дали периодот што следи ќе се качи и кај нив не знам, можеби мали корекции. Но ако другите спуштаат, не може само една банка да качува. Сите се држат приближно исто. Или ако некоја има пониски камати (како Зираат лани/преклани) не се земаше така лесно кредит. Или ако друга има лесно достапни кредити, каматите им се малку повисочки. Така, више мање е скоро сегде исто. А не ја сметам овде реалната камата, само номиналната. А за поголеми суми има девизна клаузула, па едини ризик е еврото.
Ама ќе ме казнат, многу за камати зборам, ја утнав темата :)
 
А кој најави дека ќе спушта камати?
Иначе стварно забегавме овде,може да се префрлиме каде што ни е местото:)Има разлика до мала и голема банка и каматни стапки.Иначе кога дигаат сите дигаат,кога спуштаат сите спуштаат.
 
Костовски вработувал, а не обезбедувал столче

Во периодот март, април 2009 година, за време на изборите по три огласи биле примени 65 лица. Дел од новопримените немале работни места, а се барало столче повеќе за да можат да седнат

За време на четиригодишниот мандат на екс-градоначалникот Трифун Костовски, во администрација биле вработени нови 169 службеници. Во периодот март, април 2009 година, за време на изборите по три огласи биле примени 65 лица. Дел од новопримените немале работни места, а се барало столче повеќе за да можат да седнат. Градските бараки станале претесни за да ги соберат. За платите на вкупно 371 вработени и за потребите на Советот на Град Скопје, секој месец од градската каса биле издвојувани безмалку 400 илјади евра.

Извор; Вечер

Значи еден административец кошта многу повеќе отколку што шпекулиравме...

Се работи за нешто повеќе од 1000 евра по човек...

120.000 X 1.000 = 120 милиони евра на месец X 12 = 1,44 милијарди...

Апсолутно се совпага со статистиките...
 
Ништо не шпекулиравме.Трајко уште со носењето на Буџетот определи 1.5 милјарди за администрација,или во просек по 1000 евра од административец.Фктички ни се “иба пиперот во доматите“ со ваква влада.:tapp:
 
„Патем не е потребна анализа.Помножи 12 месеци * (20 000 денари *30 000 вработени) = повеќе пари во буџет за културата„

Еве ти една изјава овде на оваа тема....

Затоа ти викам шпекулиравме со многу помали бројки...
 
Множам 150 000 административци со по 1000 евра месечно и добивам 150 милиони.Е сега ако тоа го помножиме по 12 месеци и на првооделенец ќе му биде јасно дека издвојувањата од Буџетот ќе надминат 1.5 милјарда евра само за Македонската администрација која како случајно е и најголема во светот според процентуалната застапеност,но никако не е и најефикасна во очигледната реалност.:toe:
 
Незнам зошто се осети прозван...
Кога прв пат ми реплицираше...
Реков дека овде шпекулиравме со многу помалце пари, бидејќи веројатно беше земена во предвид само НЕТО платата...
Како и да е што е многу , многу е...
 
Се осетив прозван зошто уште кога предлог буџетот се носеше јас укажував на ваквата фрапантна бројка,ама многумина не веруваа и на овој форум.:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom