Една корекција ако дозволиш. 20.000 е просек нето, а бруто околу 30-35000. Пљус додатни трошоци по работно место, но ај да не ситничарам, само по 500 евра просек од бруто плата. По 30.000 се многу пари. Да се и само 10 илјади души се многу пари.
I tie pari ne bi bile problem koga bi imalo navistina rabota za tie luge...
Vo praksa imame edna od najnefunkcionalnite administracii vo Evropa..
Inace eve kako izgleda vo praksa situacijata so Administracijata:
Тепачка за столче во Парламентот
Со новите вработувања на 25 лица, нема да има за сите службеници ниту канцеларии, ниту бироа ни столчиња каде да седат. Тие се надеваат дека по иселувањето на Претседателот на државата од Собранието состојбите со просторот ќе се ублажат
Во Собрание се бара столче повеќе. Вработените во собраниската служба последните месеци работат во исклучително лоши услови. Поради немањето канцелариски простор, тие се стуткани во тесни канцеларии, каде се принудени да работат со по неколку лица. Чашата ја прелеаја новите вработувања на околу 25 лица, кои немаат ни бироа ниту столчиња каде да седат, а камоли да сработат нешто. Некои од нив стојат и се врткаат по Собранието, а други седат таму каде што ќе најдат столче.
Од друга страна, во Собранието наскоро ќе има уште 23 нови вработувања, за што конкурсот е распишан уште во јануари годинава. Постапката за прием на нововработените беше стопирна поради локалните и претседателските избори.
Опозицијата во Собранието ја обвинува власта дека последните вработувања се ненаменски. Пратеникот на НСДП Тито Петковски тврди дека последните вработувања во Парламентот се сврзани со предвремените парламентарни избори лани и мартовските избори оваа година.
"Во ниту една демократска земја во светот, Владата не вработува луѓе во јавната администрација за време на избори. Тоа едноставно е недозволено", вели Петковски.
Според него,
власта толку ја форсира работата околу предизборните вработувања што прима луѓе на работа без да им обезбеди основни услови за работа, како што е биро и канцеларија. "Гледате и самите дека луѓето нема каде да седат. Срамота", додава Петковски.
Тој смета дека со популистичката политика во трка по гласови води и антиреформска политика.
"Место да се намали и реформира јавната администрација, што е барање на европските институции, Владата постојано ја зголемува неа", смета Петковски.
При овие вработувања, пред избори, Петковски се сомнева дека се примаат исклучително партиски војници.
"Единствен критериум е да бидеш во партија. Не се бара ни стручност, ни професинланост", тврди тој.
Одговорните во Собрание потврдуваат дека има нови вработувања во Собранието, но додаваат дека тие се во рамките на националната програма за зајакнување на институционалниот капацитет на Парламентот.
"За 2008 година беа планирани 25 нови вработувања, а годинава уште 23", велат одговорни лица од Собранието, кои сакаат да останат анонимни.
Тие потврдуваат дека Собранието живурка со канцелариски простор, но се надеваат дека по иселувањето на Претседателот на државата од собраниската зграда, состојбите со просторот ќе се ублажат.
Освен новите вработувања, годинава им е продолжен договорот на над 40 лица, кои во Собрание работат уште од ланската година.
Според новата систематизација во Собрание предвидено е да има 458 работни места, од кои досега се пополнети само 210, а остануваат празни уште 248.
Izvor VEST
458 Vraboteni vo sobranieto , se prasuvam sto li rabotat tie luge...???