Што ни се случува?

  • Креатор на темата Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување Време на започнување
M

marsovka

Гостин
ШТО НИ СЕ СЛУЧУВА
Фотографии од пеколот
Израснаа армии млади луѓе на кои наизменично им се меша бессоницата со бессознанието. Мрзливи, злокобни, со вечно намрштени погледи. Американскиот жаргон ги нарекува bullies, просто преведено како малтретирачи, кои групно се збираат и истураат удари врз нечија глава. Фотографија: Дваесетгодишници на кои 4 попладне им е време за појадок и триесетгодишници што живеат со својата мама, прејадени со подгорени колачиња слушаат реге
4EC080A7A8239240A33637AF1E608873.jpg

Олдос Хаксли на едно место пишува: Земјата можеби претставува пекол за друга планета. И Македонија можеби е пекол за друга земја. Не се одразува ли една пародоксалност кога Македонците што одат надвор, не се сите гении како што владее еден мит, но сигурно се добро снајдени во т.н. Рај на западните демократии. А, ние овде никако да си дефинираме барем контури од Едемска градина. Одбивам опортуно со лев популизам раскажувајќи за социјалните услови да се обидам да се додворам за добивање евтини поени кај читателската публика. Одамна веќе не можам да ги поднесам лицемерните телевизиски животни стории кои станаа жанр на два пакета масло и една вреќа брашно, како искупување од гревовите. Милосрдие за најзагрозените, но што е со духот на здравите на способните. Ме интересираат душите на луѓето и каде се тие длабоко закопани.

Злото најпрвин доби повик од реата што ја предизвикаа с помногубројните кафеани. С почесто размислувам дека градежната конструкција кај ГТЦ е како карантин за животниот стил - безделничење на кејот. Овде кафеаната не претставува префинет салон на високите класи, ниту бистро на прогресивната интелигенција, не е ниту во краен случај некаква боемштина, тоа е празен разврат, кој во корен ја негира блејковската дека тоа е пат кон мудроста. Тоа единствено води кон регресија на духот и агресија првин на мислата, а потоа на телото.

Водители-поп-пејачи-кафеанџии, оргијастичниот круг се затвора. Израснаа армии млади луѓе на кои наизменично им се меша бессоницата со бессознанието. Мрзливи, злокобни, со вечно намрштени погледи. Американскиот жаргон ги нарекува bullies, просто преведено како малтретирачи, кои групно се збираат и истураат удари врз нечија глава. Фотографија: Дваесетгодишници на кои 4 попладне им е време за појадок и триесетгодишници што живеат со својата мама, прејадени со подгорени колачиња слушаат реге. Фотографија: Неодамна сосема случајно чув една сосема едноставна, но вистинита мисла, мисла од еден човек на улица каква што не можам да најдам во морето колумнисти. Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница.

Фотографија: За време на Нова година во едно централно гратче наидов на 7-8 обложувачници само долж главната улица. Во Скопје гледам дека има обложувачници, два-на-два каде што може да отидете, да го уплатите вашиот дневен чек поинт. Фотографија: Интернетот, местата со содржини на македонски јазик не претставуваат остварување на просветителска утопија, ниту реформација, туку виртуелно сафари. Како со сачмарка, чизми и најмодерен џип отелотворен во моќна интернет конекција се користи за пукање со омраза кон малкуте креативни потенцијали кои цртаат, пишуваат или прават музика на мрежи како my space. Тоа е крик на скоро неповратно душевно осакатени луѓе, кои молат за спас. Ни најновите технолошки достигнувања и алатки не може да ги нашминкаат многу морално грди лица.

Фотографија: Гледам и не можам да поверувам, естрадните лоши трешери својот неталент и недостиг од вкус го пакуваат како кршење на табуа. Какви табуа кршите, бедници? За жал, немаме ни еден гротескен Мерлин Менсон морбидно да г,и визуализира и артикулира лудилото и изопаченоста на средните слоеви. Во светот постојат луѓе што се сметаат за уметници и кои имаат намера слики од непроценливо значење да ги скршат или чкртнат како своевиден перформанс, атак врз застарените вредности. Но, никогаш не чув да се појави нешто слично на некој од нашите фестивали, пресови, едноставно да се појави некој со чекан. Еве им супер идеја, на разгалените алтернативци кои со прстињата невротично тропкаат по арт-кулоарите колнејќи се дека сакаат да ги променат нештата на подобро. Најфрапантно е што многу брзо, во идно време, во недостаток од посериозни уметнички стандарди, неквалитетот ќе се етаблира во вредност и ќе стане достоен за римејк, неквалитетен римејк на неквалитет.

Фотографија: Она што би требало да претставува задоволување на вкусот на потребата од перверзност на група гледачи, мене ми се емитува веднаш по ручек, во ударен термин, озборувачки емисии од типот на „Бекстејџ“ и „Ексклузив“ чист одраз на духовна озонска дупка. Не можам и не сакам повеќе да гледам како бездарници во емисии се изживуваат врз спанаќот или Коста Бургов. Медиумот како единствено можна промоција е сфатен како можност за колективно исмевање, ритуал својствен за жестоките малограѓански силеџии, денес тој модел е пренесен во мејнстримот.

Фотографија: Пијани луѓе што во една продавничка здружно и насилно тегнат синџирче да дојдат до шише алкохол. Истиот ден, во истата продавничка еден постар човек ја нуди својата јакна за кутија цигари. Со години, една иста, та иста, алчна тетка со дуќанче покрај градскиот парк во Битола, како отровните парфеми на Жан Баптис Гренуј, ја труе половина битолска младина, скришно подавајќи им во завиткана хартија вински оцет. Не може некој да ме убеди дека тоа не го знаат сите особено одговорните кои просто замижуваат. Шанк, пожолтено лице на млад човек, со двете раце ја стиска чашата со шприцер и низ заби го изговара нихилизмот, производ на моралот на нашата заедница: Тој што пие ќе умре. Тој што не пие, уште побрзо.

Нашиот пекол е безмилосен подеднакво спрема сите нас. Богатите за рок од неколку години ќе се изгорат со виски, сиромашните со евтино вино, најсиромашните со лепило и бронза. Доколку денес се поставува „На дното“ на Горки, дури и оние кои ќе бидат повикани како статисти од театарот ќе ја играат сопствената автобиографска улога.

Фотографија: Луѓе, во 5 изутрина го чекаат својот автобус за работа, други се враќаат од „бурниот“ ноќен живот. Првите одбиваат да ги соочат погледите чие журкаџиство со ангарија го наплаќаат вторите.Станав доволно возрасен за луѓето кои своето систематско дрогирање го нарекуваа младешко експериментирање и рекреативно дрогирање да ги видам како се влечкаат во редот за метадон во Кисела Вода. Не се залажувајте господа, не можат со ништо да бидат идоли диџеи и радиоводители со штрбав дилерски шарм кои редовно плаќаат членарина на асфалтните момци од Гази Баба. Од релативно спокојна и тивка социјалистичка провинција во југословенската мала империја, за две децении без посебни дебати, полемики и препирања околу тоа, станавме порочна земја со хорорно секојдневие.

Фотографија на клинци кои ја докусуруваат со гранки мачка која до пред неколку мига ја згазил автомобил на булеварот Партизанска. Полека ја напуштаме традицијата на грижа кон постарите луѓе. Отфрлени се враќаат во своите родни куќи и поради заборавеност од страна на нивните ќерки и синови со часови седат вкочането во фотелјите со прст на орозот од пушката.

Со што би можеле да се спротивставиме на овие потресувачки фотографии? Секој најверојатно има свое решение.Јас сметам дека верата е едно од нив! Верата не мора да го исклучува знаењето како што засилено гракаат разноразни неграмотни мислители.Тоа го докажуваат и нашите први просветители кои всушност беа вероучители: Јоаким Крчовски, Партение Зографскии други.Ќе завршам со еден цитат од „Огледало“ (1816) на Кирил Пејчиновиќ: „А дила учение книга да се почне без молитва, што сиот закон наш и вера наша све на писание висит! Дан е е писми, све би се заборавило и Бог дали има, или нема не би се знаело. И ѓаол тогај би царувал, ка што царуеше во време на идолопоклонство!“


Алекс Букарски (Авторот е писател)


што ни се случува на нас како граѓани на ова општество ?
што се случува општо со нашево општество :......................
 
Имам многу работи слушнато за писателот на ова дело, но мора да се признае има храброст целата вистина да ни ја плесни во очи, па ако сакаме ние може да замижиме.:toe:
 
Фотографија: Луѓе, во 5 изутрина го чекаат својот автобус за работа, други се враќаат од „бурниот“ ноќен живот. Првите одбиваат да ги соочат погледите чие журкаџиство со ангарија го наплаќаат вторите.
Оваа мисла ми се прошета низ глава кога го гледав прилогот денес на вести, дека кафаните биле полни, а џебовите празни, нели рецесија владее низ светов, само кај нас хаос владее:nesvest:
 
Секоја чест на човеков многу реално отсликување на се она околу нас ...просто кажано ако имаш очи види....не е потребно никакво додатно објаснување... навистина добар завршеток...
 
екстра е текстов ...
минатата колумна му беше исто екстра
неможам да ја најдам да ја постирам ..
браво ..
 
екстра е текстов ...
минатата колумна му беше исто екстра
неможам да ја најдам да ја постирам ..
браво ..
најди ја прети плеазе

едит прашањето е што ни се случува како може ние да направиме ваков пекол зошто сме толку сјебани?
 
Чувари на бледиот оган


Кога некој се одлучува да пишува за феноменот на неокомунизмот и сите негови реинкарнации, стравотно го следи сенка на обвинувања за пројавување фашистички тенденции. Во поинакви услови, тоа лагодно би го прескокнал, но бидејќи условите се такви какви што се, стриктно и јасно овде би ги изложил своите антифашистички стремежи покрај останатите идеолошки убедувања.Денес кога се говори за старо-новите следбеници на Карлс Маркс и Ленин, не се алудира на друштвото на весели пензионери и на последните титови сили. Не само на новите медиуми доминираат блогови со комунистичка тематика, туку аналогно на истите се формирани здруженија како Ленка, Прогресивен Синдикат, Здруженска и др. Тие конгрегации на млади луѓе ја користат истата соцреалистичка поетика, но и програма. Радикалните атеисти кои протестираа против изградбата на црква на плоштадот во духот на ленинистичкиот милитаризам себеси се нарекоа Архибригада. При една општа анализа на нивните платформи и активности лесно се доаѓа до заклучок дека овие опасни појави не ги краси јасна идеолошка позиционираност, свежи идеи, модерни тенденции, ниту пак би наишле на ново препрочитување на Марксовата мисла која, рака на срце, секако поседува одредени вредности во поглед на филозофските и економските прашања.

Како што е тоа чест случај и меѓу македонските комунистички „мислители“ и „герилци“ постои големо ривалство, скоро рано-религиозно по својата природа, за тоа кој е правиот толкувач на идеите на лажниот пророк Карл Маркс. Па, така еден од нив, по професија новинар, е фанатичен обожавател на Сталин; друг, инаку асистент на приватен универзитет, е заколнат приврзаник на идејата за демократски социјализам (според сите досегашни искуства тоа претставува оксиморон); трет пак, најверен и најортодоксен марксист, ги негира сите други „колеги“ и сите досегашни речиси 80-ина обиди за воспоставување на комунистичко општество ги смета за промашени. Се разбира, единствено тој и неговите другари знаат како би требало да се изведе комунистичката револуција или реформација. Ваквото јавно, па дури и агресивно прокламирање на застарените, ретроградни и комунистички идеи најверојатно е причината за скорашната забрана за носење комунистички симболи кое во Полска е окарактеризирано како тоталитарна пропаганда еднаква на фашизмот.

Се разбира, и богатите имаат право да се залагаат за поголеми работнички права, за благородни цели, за поправеден свет воопшто. Фактот што тие се богати не им го одзема сосема легитимното право да покренуваат социјални, еколошки, филантропски и хуманитарни акции. Морално гледано тоа, а не латиноамериканскиот популизам ала Чавес и Кастро, е единствениот начин како може да им одржат лекција на своите татковци, инаку блазирани, безидеологизирани цинични социјалдемократи. Никој не би ги покажал со прст како хипокрити и лицемери како што јас тоа сега го правам, доколку покажат волја да волонтираат во некое загрозено подрачје во Африка, доколку се пријават како доброволци на некоја пожарникарска акција или пак се пријават на тримесечниот воен курс кој го нуди нашата храбра армија. Се досега, македонското општество и менталитет се однесуваа небаре се остварил марксистичкиот сон за бескласно општество - немаме богаташки млади луѓе и кога истите тие политички ќе се активираат и ќе го злоупотребуваат гласот на работниците едноставно ќе се правиме наудрени.

Не е ништо поинаку во супкултурното милје на македонската урбана музика, поконкретно во правецот хип-хоп. Синот на т.н. крал на билбордите, може да го видиме во спот со војнички панталони како од своето порше пее колку е тешко да си сиромашен; или пак синот на марксистички универзитетски професор го гледаме во исто така брза спортска лимузина како ги рапува интелигентните стихови од типот мојот ортак ја крши нечија вилицата/и така го запознав јазикот на улицата додека во позадина како комунистичка идеолошка доследност оди хорот со рефрен Градот убав пак ќе никне. Сето ова не е ништо ново, децата на привилегираната комунистичка номенклатура стануваа црнобрановски режисери за да снимаат за маките на работничката класа, нешто што никогаш не биле и чија горчина на секојдневјето и тежина на животот никогаш одблизу не ја почувствувале.

Време е сите овие млади неокомунисти, кои добиваат стипендии дали на државниот дали на приватните универзитети и уживаат разно-разни други привилегии да престанат да говорат во името на некакви работници, со кои тие, живеејќи во своите удобни изолирани светови, ретко кога имале подиректен контакт. Затоа кога извикуваат пароли на скопскиот плоштад или кога пеат песни, тоа не е натопениот глас со горчина, тага и болка на малкуте вистински преостанати работници од македонската текстилна и металургиска индустрија. Тие се претставници на богата и привилегирана класа и подобро и поискрено е да пеат за своите проблеми.Денес е втори мај, ден кога левичарско-буржујските медиуми ќе ги прекоруваат уморните работници дека на ливада распослале скара. Тој гест отсекогаш сум го сметал за мошне дегутантен. Наместо тоа да биде еден од ретките денови кога може да уживаат јадејќи скара и пиво, треба да го билдаат рејтингот на лажните синдикални водачи кои редовно нивната поддршка како капитал подоцна ја употребуваат за нагодување со власта. Да, треба да протестираат, да ги бараат своите права, така мали и обесправени, без било каква можност да го подобрат својот статус, тие бели мечки (С. Јакимовски), за да го одржат пламенот на една лага за солидарност во општеството која овде една узурпирачка комунистичка класа сака да ја наметне со децении.


Алекс Букарски (Авторот е писател)

http://crticka.blogspot.com/

БЛОГОТ НА АЛЕКС БУКАРСКИ

http://www.bukarski.blog.com.mk/

случајно го најдов блогов инаку текстот беше објавен и у дневник таму го читав

екстра колумна :smir:




СТИХОВЕН КАЛИБАР-УРБАН ХЕРОЈ 2009


Инвазија од село па продај нива купи стан
голема паланка во Скопје цела собрана
до вчера беше опинок а правиш ГТЦ шема
во Хуго Босс маскиран но џабе сеуште си сељак
а од лажни вредности почиња да ми се сере
затоа ве серам џибери со рима прекумерен
верен на рап и доблест ве разголувам ко топлес
то ест урбан херој па сега трчам како Форест
репутиран креиран ритуал софистициран
пак си раза табула и ментално ретардиран
зошто имам текстови колку цела шит естрада
такозвани пејачи мава Калибар барикада
па за комерцијала антифенс во глобала
саглам харам ве палам водач како Далај Лама
за шмизли накурчени во Гучи по кафичи
лажни и нашминкани сите сте патетични

како урбан херој удирам по смрадот
да ве серам позери и шминкери во градот
за скопските бизнисмени и за сите шмизли
да ве серам сите а и вашите кафичи

не се качуваш во бус да не се понижуваш ти
бараш богат спонзор за пари него ќе го сакаш
целата провинција во градот покондурен џганот
врати се на мотика и не ми збори што е право
зошто не сте на ниво достојни а серете
не сте ми до колена со стил да одговорите
гомнари декадентни пуни со иронија
станаа газди говеда со осмо оделенија
хистерија од рурал шириш само негатива
немаш општа култура туѓи брендови копираш
ако пиеш џони вокер не значи дека си урбан
па го знам и татко ти во селото колеше курбан
секој петок урда јадеш пушиш малборо се фалиш
слушни ме курвин сине шупак си од зародиш
од кал право на асфалтот го изгнасивте градот
сите сте пародија гнасотија дел од смрадот




Сеуште му го читам блогов ... алал да му е ....

„Луѓе на кои не им се отвора падобранот“ од Алекс Букарски
 
И што е толку феноменално во текстот не ми е јасно?
Критичарењето, гневното гледање кон вистината која што на 90% им е јасна а останатите не сакаат да ја примат како таква?
Букарски си има создадено реноме како самобендисан „писател“ кој делата место сите други писатели на пишано слово, тој ги пласира на електронски гласила надевајќи се на позитивен фидбек од кич нет или остала заблудана класа. Жално. Сеуште му се сеќавам на постот на баграта кај се изглупира до даска дрзнувајќи се да се споредува со македонските писатели кои се основоположници на прозата наша.

А и стиховен калибар бе? Зарем со целиот ум? А башка и постот, логика? Интелект? Батенце пораснато и накичкано од паричките на татко му ми се прави овдека урбан месаја, па ми врти тука сленг и степ. Господи...

Не знам што толку им завидувате кога и двајцата се проветрени решета...
 
Па, ова само значи дека напредуваме. Сите, апсолутно сите „напредни“ општества поминале низ ваков период на хаос и „транзиција“.

Прашањето е само: како ќе се снајдеме во хаосот? Англија, на пример, тој хаос го пренасочила кон индустриската револуција, Франција кон политичката револуција, Шпанија кон освојување... Не ги знам сите историски детали, но факт е дека ако напредуваме како општество, а сме биле зачмаени, неминовно е да дојде некој ваков момент.

Појавата на вакви писатели не е никакво изненадување и е за пофалба, што смело ги искажуваат работите какви што се. Е сега, треба човек да има став и цел во животот, за овие потешкотии да ги сфати како преодна појава. Со други зборови, искажувањето на негативности, само бесцелно да се плука по своето сопствено, не е никакво решение, туку само на сите останати во светот им кажува дека нас не нè бива вистински, штом до толку многу се пцуеме себеси.

Е сега, кога тој бес би се насочил нанадвор, на пример, кон решавање на некое горливо прашање што ја засега целата нација, на пример... Тоа би било поконструктивно, нели? Ако се искористи хаосот за да се направи пак (нов и поинаков) ред, тоа би било подобро, нели?

Зашто, во принцип, ред не постои. Постои само контролиран и одржлив хаос. Колку повеќе и побрзо човек го сфаќа ова, толку повеќе и порано може да постигне во животот.

Истото важи и за секоја општествена структура: друштво, брак, фирма, па и нација.
 
eden mi rece
idi po bolnici mislis site se po bolnici
idi po pazar mislis site se po pazar
idi po kafani mislis site se po kafani
idi po grobista gledfas site umiraat...
 
Чувари на бледиот оган


Кога некој се одлучува да пишува за феноменот на неокомунизмот и сите негови реинкарнации, стравотно го следи сенка на обвинувања за пројавување фашистички тенденции. Во поинакви услови, тоа лагодно би го прескокнал, но бидејќи условите се такви какви што се, стриктно и јасно овде би ги изложил своите антифашистички стремежи покрај останатите идеолошки убедувања.Денес кога се говори за старо-новите следбеници на Карлс Маркс и Ленин, не се алудира на друштвото на весели пензионери и на последните титови сили. Не само на новите медиуми доминираат блогови со комунистичка тематика, туку аналогно на истите се формирани здруженија како Ленка, Прогресивен Синдикат, Здруженска и др. Тие конгрегации на млади луѓе ја користат истата соцреалистичка поетика, но и програма. Радикалните атеисти кои протестираа против изградбата на црква на плоштадот во духот на ленинистичкиот милитаризам себеси се нарекоа Архибригада. При една општа анализа на нивните платформи и активности лесно се доаѓа до заклучок дека овие опасни појави не ги краси јасна идеолошка позиционираност, свежи идеи, модерни тенденции, ниту пак би наишле на ново препрочитување на Марксовата мисла која, рака на срце, секако поседува одредени вредности во поглед на филозофските и економските прашања.

Како што е тоа чест случај и меѓу македонските комунистички „мислители“ и „герилци“ постои големо ривалство, скоро рано-религиозно по својата природа, за тоа кој е правиот толкувач на идеите на лажниот пророк Карл Маркс. Па, така еден од нив, по професија новинар, е фанатичен обожавател на Сталин; друг, инаку асистент на приватен универзитет, е заколнат приврзаник на идејата за демократски социјализам (според сите досегашни искуства тоа претставува оксиморон); трет пак, најверен и најортодоксен марксист, ги негира сите други „колеги“ и сите досегашни речиси 80-ина обиди за воспоставување на комунистичко општество ги смета за промашени. Се разбира, единствено тој и неговите другари знаат како би требало да се изведе комунистичката револуција или реформација. Ваквото јавно, па дури и агресивно прокламирање на застарените, ретроградни и комунистички идеи најверојатно е причината за скорашната забрана за носење комунистички симболи кое во Полска е окарактеризирано како тоталитарна пропаганда еднаква на фашизмот.

Се разбира, и богатите имаат право да се залагаат за поголеми работнички права, за благородни цели, за поправеден свет воопшто. Фактот што тие се богати не им го одзема сосема легитимното право да покренуваат социјални, еколошки, филантропски и хуманитарни акции. Морално гледано тоа, а не латиноамериканскиот популизам ала Чавес и Кастро, е единствениот начин како може да им одржат лекција на своите татковци, инаку блазирани, безидеологизирани цинични социјалдемократи. Никој не би ги покажал со прст како хипокрити и лицемери како што јас тоа сега го правам, доколку покажат волја да волонтираат во некое загрозено подрачје во Африка, доколку се пријават како доброволци на некоја пожарникарска акција или пак се пријават на тримесечниот воен курс кој го нуди нашата храбра армија. Се досега, македонското општество и менталитет се однесуваа небаре се остварил марксистичкиот сон за бескласно општество - немаме богаташки млади луѓе и кога истите тие политички ќе се активираат и ќе го злоупотребуваат гласот на работниците едноставно ќе се правиме наудрени.

Не е ништо поинаку во супкултурното милје на македонската урбана музика, поконкретно во правецот хип-хоп. Синот на т.н. крал на билбордите, може да го видиме во спот со војнички панталони како од своето порше пее колку е тешко да си сиромашен; или пак синот на марксистички универзитетски професор го гледаме во исто така брза спортска лимузина како ги рапува интелигентните стихови од типот мојот ортак ја крши нечија вилицата/и така го запознав јазикот на улицата додека во позадина како комунистичка идеолошка доследност оди хорот со рефрен Градот убав пак ќе никне. Сето ова не е ништо ново, децата на привилегираната комунистичка номенклатура стануваа црнобрановски режисери за да снимаат за маките на работничката класа, нешто што никогаш не биле и чија горчина на секојдневјето и тежина на животот никогаш одблизу не ја почувствувале.

Време е сите овие млади неокомунисти, кои добиваат стипендии дали на државниот дали на приватните универзитети и уживаат разно-разни други привилегии да престанат да говорат во името на некакви работници, со кои тие, живеејќи во своите удобни изолирани светови, ретко кога имале подиректен контакт. Затоа кога извикуваат пароли на скопскиот плоштад или кога пеат песни, тоа не е натопениот глас со горчина, тага и болка на малкуте вистински преостанати работници од македонската текстилна и металургиска индустрија. Тие се претставници на богата и привилегирана класа и подобро и поискрено е да пеат за своите проблеми.Денес е втори мај, ден кога левичарско-буржујските медиуми ќе ги прекоруваат уморните работници дека на ливада распослале скара. Тој гест отсекогаш сум го сметал за мошне дегутантен. Наместо тоа да биде еден од ретките денови кога може да уживаат јадејќи скара и пиво, треба да го билдаат рејтингот на лажните синдикални водачи кои редовно нивната поддршка како капитал подоцна ја употребуваат за нагодување со власта. Да, треба да протестираат, да ги бараат своите права, така мали и обесправени, без било каква можност да го подобрат својот статус, тие бели мечки (С. Јакимовски), за да го одржат пламенот на една лага за солидарност во општеството која овде една узурпирачка комунистичка класа сака да ја наметне со децении.


Алекс Букарски (Авторот е писател)

http://crticka.blogspot.com/

БЛОГОТ НА АЛЕКС БУКАРСКИ

http://www.bukarski.blog.com.mk/

случајно го најдов блогов инаку текстот беше објавен и у дневник таму го читав

екстра колумна :smir:




СТИХОВЕН КАЛИБАР-УРБАН ХЕРОЈ 2009


Инвазија од село па продај нива купи стан
голема паланка во Скопје цела собрана
до вчера беше опинок а правиш ГТЦ шема
во Хуго Босс маскиран но џабе сеуште си сељак
а од лажни вредности почиња да ми се сере
затоа ве серам џибери со рима прекумерен
верен на рап и доблест ве разголувам ко топлес
то ест урбан херој па сега трчам како Форест
репутиран креиран ритуал софистициран
пак си раза табула и ментално ретардиран
зошто имам текстови колку цела шит естрада
такозвани пејачи мава Калибар барикада
па за комерцијала антифенс во глобала
саглам харам ве палам водач како Далај Лама
за шмизли накурчени во Гучи по кафичи
лажни и нашминкани сите сте патетични

како урбан херој удирам по смрадот
да ве серам позери и шминкери во градот
за скопските бизнисмени и за сите шмизли
да ве серам сите а и вашите кафичи

не се качуваш во бус да не се понижуваш ти
бараш богат спонзор за пари него ќе го сакаш
целата провинција во градот покондурен џганот
врати се на мотика и не ми збори што е право
зошто не сте на ниво достојни а серете
не сте ми до колена со стил да одговорите
гомнари декадентни пуни со иронија
станаа газди говеда со осмо оделенија
хистерија од рурал шириш само негатива
немаш општа култура туѓи брендови копираш
ако пиеш џони вокер не значи дека си урбан
па го знам и татко ти во селото колеше курбан
секој петок урда јадеш пушиш малборо се фалиш
слушни ме курвин сине шупак си од зародиш
од кал право на асфалтот го изгнасивте градот
сите сте пародија гнасотија дел од смрадот




Сеуште му го читам блогов ... алал да му е ....

„Луѓе на кои не им се отвора падобранот“ од Алекс Букарски

ништо од вој чим навредува млади кадри...па тоа се идните архитекти-стручњаци...он ги нарекува атеисти:tapp::tapp:
 
Дечки, за да не ги бришам претходните постови, би ве замолила да не го анализирате талентот за пишување и личноста на Букарски, туку да се осврнете на прашањата и проблемите кои ги поставува во текстот.

Продолжете со дискусијата:smir:
 
Некому му одговара општеството да оди во овој правец. Некој може поуабво да контролира пијаници наркомани и мамини синови. Слободоумните и оние кои гледаат на нештата од поинаков аспект, се заробени доле, во калта... Се се рекламираат штетни последици од алкохолот и цигарите, кои реклами, на еден начин претставуваат вистинска реклама за ИСТИТЕ ПОРОЦИ на денешницата...
Се стремиш да не си наркоман, а пиеш...
Се стремиш да не си алкохоличар а пушиш...
Се стремиш да не пушиш, а мамин син си... НЕМАШ СОПСТВЕНА КРИТИКА КОН НЕШТАТА.. Туку живееш од застарените теории на татко ти и мајка ти како било во нивно време...
Малкумина се однесуваат девијантно оти мораат...
Повекето се донесуваат девијантно за да се COOL...
Кога самите покажуваме со прст кон нив, ним тоа им се допаѓа.

Сами го направивме општеството... И само ние може да го измениме...
Сите знаеме како, ама никој не се осудува...
 
Луге ... да букарот знаи да пиши ... Факт . Има и други шо го владеат елементот со критикувањето, јавно мрчење итн ... јас знам дека и цела држава сме мајстори за то - за мрчење ... сите анализираме кој се проблемите , сите знајме шо нечини ...
Ама така и не гледам некој да земи да се засегни и да смени ...
Доста зборање .. транспарентите в рачиња и на плоштад .
 
Да се самоцитирам:
Како и на другите теми кои поставуваат вакви прашања, така и на оваа имам сличен став...

Имено, не гледам поголема деградација и декаденција од минатото (било блиско или далечно). Секој период, секоја фаза на човештвото има свои дилеми, свои морални лекции, свои "расипани" катчиња.

Ако, на пример, во средниот век сексуалноста се потиснувала целосно, за во времето на барокот да си даде "оддишка" позади затворени врати, а во хипи ерата вратите да се отворат, денес се справуваме со утврдување на балансот помеѓу отвореност и затвореност во врска со секост. Па, ако веќе збориме за некаква "изопаченост", ја имало постојано.

И се оди така...Циклуси на предизвици и учење од истите.
Така било во минатото, така е и денес.
Ништо пострашно или подекадентно.
Поконкретно, ни се случува истото што се случувало одамна. Нељубовта, стравот, ствараат мали пеколни катчиња. И со малку љубов, малку верба, малку храброст, и малку надеж, пребродуваме и растеме во одреден аспект. До следната лекција.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom