Вреди ли за еден да се изгубат сите?

  • Креатор на темата ITK
  • Време на започнување

ITK

Член од
10 октомври 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
51
Вреди ли заради една личност да се изгубат сите останати блиски? Кога би биле во ситуација да бирате меѓу една личност што ви значи најмногу и останати блиски другари другарки семејство...?
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Нормално дека не вреди за личност која низ годините се појавила во нашиот живот да ги жртвуваме оние со кои сме биле откако знаеме за себе... Но ако гледаме така, ако таа личност која многу ни значи е вистинската за нас, нема да не' доведе до ситуација да треба да бираме измеѓу неа и останатите...
 

ITK

Член од
10 октомври 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
51
Нормално дека не вреди за личност која низ годините се појавила во нашиот живот да ги жртвуваме оние со кои сме биле откако знаеме за себе... Но ако гледаме така, ако таа личност која многу ни значи е вистинската за нас, нема да не' доведе до ситуација да треба да бираме измеѓу неа и останатите...
Ако не е до таа личност? Ако е до останатите?
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.019
Ако луѓето кои те опкружуваат те тераат да бираш,тогаш не те сакаат вистински.
Ако личноста те тера да се откажеш од сите,тогаш е себична.

Вреди да се бориш за сите да ги задржиш и од сите да добиеш разбирање..
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Ако не е до таа личност? Ако е до останатите?
Или тоа го прават со оправдана причина која можеби на почетокот тебе не ти е кристално јасна, или не се оние вистински блиски личности за кои зборуваш. Тие НИКОГАШ не би го сториле тоа, да те доведат во ситуација да бираш. Меѓусебното разбирање и доверба се едни од основните работи кои треба да функционираат меѓу вас.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Времето ќе покаже дали вредело ли не.
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
534
Зависи .

Ако таа личност навистина ти значи тогаш вреди или обратно .
 
Член од
27 јануари 2009
Мислења
1.044
Поени од реакции
40
za nikogo ne vredi da izgubis bilo kogo ili bilo sto, bidejki sekogas nekoj ke te zaebe, bas koga ke si mislis deka toa e toa vistinskoto ke vidis kolku samo si gresel i si imal kriva slika za toj nekoj, si go gledal onakov kakov sto sakas da bide a ne onakov kakov sto e
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Мислам дека ова е навистина тешка одлука, многу повеќе кога на едната страна се наоѓа семејството, а на другата лицето во кое си вљубен/ вљубена. За среќа јас досега не сум налетала на ваква ситуација, но познавам многу кои застанале пред оваа одлука.
Доколку би се нашла во оваа ситуација ќе се обидам добро да размислам и да ги ставам сите релевантни фактори "на хартија". Ќе настојувам да направам се за да не изгубам ниту еден од нив, но доколку се случи нешто такво, без разлика која алтернатива ќе ја изберам барем за брзо време нема да знам дали тоа било исправно или не, како што напиша Леанра времето ќе покаже.
 
Член од
2 април 2009
Мислења
213
Поени од реакции
18
A zaso da izgubis ? Moze i kompromis da se napravi , ne mora do ekstremnosti da se odi .
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не верувам дека би се довела да ги загубам сите заради еден. Ако сите се против мојата врска, а јас знам, ама навистина знам дека е љубов - а не занес, ондак, ќе докажам на сите дека тоа е љубов. А ако он и на најмал начин проба да ме оддели од оние кои најмногу ги сакам и кои ми се најблиску, ќе му кажам чао, пријатно, имај убав живот.
Љубов супер, ама не значи дека врската треба да ми стане животот. Љубовта е да сакаш, почитуваш ама и да се задржиш себеси и оние кои ти значат нешто во животот меѓу другото.
Мразам екстреми, башка знам дека моите најблиски ако гледаат дека сум среќна не би ме напуштиле, знам дека би биле пресреќни за мене, така што од таа страна сум мирна. А дечко, се разбира ако сака да биде со мене не ни смее да помисли дека заради него ќе баталам се во животот! No way, no how.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Вреди ли заради една личност да се изгубат сите останати блиски? Кога би биле во ситуација да бирате меѓу една личност што ви значи најмногу и останати блиски другари другарки семејство...?
Ако си пред таква дилема, тогаш треба да размислиш дали си пред уцена или пред споствена дилема. Ако некој од нив те уценува, тогаш не вреди било од која страна да доаѓа уцената. А ако имаш дилема, тогаш ти си пред сопствена уцена наречена страв. А стравот ќе го надминеш кога ќе бидеш на чисто со чуствата и потоа ќе видиш дека, ти всушност никого нема да изгубиш, напротив ќе ги задржиш сите ако добиеш поголема самодоверба.
 

Oblivion

Matt Akisson
Член од
12 септември 2007
Мислења
3.526
Поени од реакции
128
А дали вреди да се изгуби таа/тој за сите други?

Ако им значиш толку на тие другите и на неа/него, нема никогаш да бидеш доведен пред ваква дилема. А ако некоја страна те доведе до ова, тогаш знаеш на која треба да застанеш.
 

*pumpkin*

addicted to blue
Член од
28 август 2008
Мислења
716
Поени од реакции
23
според мене не вреди.....зошто не постои гаранција дека таа личност ќе биде засекогаш со нас, и во случај да не напушти, со кој образ ќе се вратиме кај другите, кој тогаш ќе ни биде утеха и поддршка! и не вреди зошто секогаш ќе постојат работи кои нема да можеме да ги сториме со таа личност, секогаш ќе постои нешто што ќе сакаме да го споделиме со блиските или едноставно ќе ни треба нивното друштво!
 

^^Smiley^^

Broo Tal Smy Lee
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.045
Поени од реакции
25
моментално сум у таква каша! ако личноста за која ги губите сите, ви обрнува внимание, односно знае да врати со иста мера љубов колку што и подарувате тогаш вреди. Али мислам дека не е вредно се да изгубиш, за кого и да станува збор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom