M
marsovka
Гостин
владата под дипломатски напон
Американските компании двапати да размислат пред да инвестираат во Македонија, изјави вчера американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер запрашан за спорот ЕЛЕМ-ЕВН.
- Нашите набљудувачи забележаа нерегуларности и нетранспарентност во судскиот процес меѓу ЕЛЕМ и ЕВН - изјави Рикер. Тој рече дека го „загрижува судскиот процес“ бидејќи владеењето на правото е од витално значење за секоја земја.
Австрискиот амбасадор, Алојз Краут, вчера по средбата во Владата изјави дека амбасадорите се мошне заинтересирани за судскиот спор, за во кој било очигледно дека постоеле надворешни влијанија. Вицепремиерот Ставрески рече дека Владата денеска ќе го изнесе официјалниот став за случајот. Денеска се очекува во Македонија да пристигнат претставници на Европската енергетска асоцијација за подетаљно да се запознаат со случајот.
- ЕЛЕМ во спорот против ЕВН го заштитува државниот капитал и ако не покренавме судска постапка ќе застареа побарувањата, изјави вчера директорот на државната компанија Влатко Чинговски.
Австриската компанија доби силна меѓународна помош во оценката дека одлуката на Основниот суд Скопје 2 е скандалозна. Чинговски своите аргументи вчера во Владата им ги презентирал и на странските амбасадори од САД, Германија, Франција, Швајцарија, Австрија и Европската комисија.
Двете компании различно го толкуваат анекс-договорот, кој предвидува долгот на старото ЕСМ кон ЕЛЕМ да се намири со тоа што половината од вкупните побарувања на ЕСМ, или 6,5 милијарди денари, ќе се префрлат кон ЕЛЕМ. ЕВН тврди дека анекс-договорот предвидува Австријците да вратат половина од 6,5 милијарди, а ЕЛЕМ, воедно и судот, смета дека на сметката на државната компанија треба да легнат вкупно 6,5 милијарди денари.
- ЕВН не поднесе спецификација за должниците со детали кои се тие и колку должат. Исто така, не поднесуваа навремено месечни извештаи за наплатените средства за да може да се контролира сумата која се префрла - додаде тој.ЕВН најави дека ќе ја обжали пресудата пред Апелациониот суд, ако е потребно и пред Врховниот, а во меѓувреме ќе покрене постапка пред Арбитражниот суд во Вашингтон против Република Македонија.
Граѓаните му должат на ЕЛЕМ
Не ние, туку граѓаните му должат на ЕЛЕМ, соопштија вчера од ЕВН Македонија како реакција на тврдењето на Влатко Чинговски. Според Австријците, пресудата е скандалозна бидејќи предвидува ЕВН да ги плати сите побарувања што ЕЛЕМ ги има од потрошувачите, кои се' уште се заробени во 400.000 тужби поради неажурност на судскиот систем.
- ЕВН Македонија е само посредник меѓу ЕЛЕМ и потрошувачите, кои му должат на ЕЛЕМ. По секоја наплата ЕСМ треба да му префрла на ЕЛЕМ 50 отсто од наплатените пари, а 50 отсто да задржи за себе за извршената услуга - соопшти ЕВН.
(Г.Р.)
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B9B07F3E58E7C643AE0DE6BFB1A3C565
Владава што ли мисли?
Што сака уствари да направи со сево ова плукање наоколу?