Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146
- Возраст
- 39
Здружението на бранители „Достоинство“ вчера достави барање до Собранието за донесување нов закон за посебни права на припадниците на безбедносните сили, но им остави на пратениците тие да го напишат текстот на законот.
Лани во ноември, предлог-законот на „Достоинство“ не беше изгласан со владино образложение дека ќе го чини буџетот речиси 300 милиони евра. Претседателот на здружението Стојанче Ангелов, по предавањето на барањето, изјави дека постојниот закон не исполнува ниту едно барање на припадниците на безбедносните сили. Во предлог-иницијативата бараат и изменување и дополнување на Законот за служба во АРМ што ги третира проблемите на професионалните војници.
Здружението „Достоинство“ бара да биде приспособена хрватската верзија на законот за бранители за македонски услови, што ја предложи Владата.
- Војната во Хрватска беше многу различна од нашата. Таму има околу 30.000 загинати и исчезнати и 300 илјади ранети и повредени, кај нас имаше седумдесетина загинати и околу 350 воени инвалиди. Со одредени приспособувања дел од овој закон може да биде искористен, но главните проблеми со него нема да бидат решени, тоа се проблемите на воените инвалиди и на семејствата на загинатите - рече Ангелов.
Заложбите на професионалните војници, според капетанот Зоран Велковски, се околу 3.000 професионалци да останат на работа по истекот на договорите и со наполнети 25 години работен стаж да остварат право на пензија или да бидат префрлени во полиција или во судска полиција.
- Секојдневно истекуваат договори, а со тоа и професионалните војници остануваат на улица. Кога три илјади војници ќе се помножат со членовите на нивните семејства се добиваат 10-15 илјади нови социјални случаи - изјави Велковски.
На новинарско прашање дека припадниците на ОНА се подготвени да прифатат да бидат дел од законот на бранителите, Ангелов одговори оти нема да дозволат изедначување со оние што ја нападнаа државата и оние што ја бранеа.
Минатиот ноември Владата го одби барањето на „Достоинство“, бидејќи тоа ќе предизвикало зголемување на ДДВ на дури 26 проценти, бидејќи пари можеле да се одвојат само од буџетската ставка за ДДВ. Поточно тоа ќе чинело 300 милиони евра, колку што е буџетот на Фондот за здравство.
Пред два месеца и професионалните војници на кои им истекуваа договорите за работа или наполниле старост од 38 години протестираа пред Владата барајќи измени во Законот за служба во АРМ. И нивните барања не беа прифатени.
http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&top=1&EditionID=388&ArticleID=24089