Пратениците да напишат закон за бранителите

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Возраст
39
Здружението на бранители „Достоинство“ вчера достави барање до Собранието за донесување нов закон за посебни права на припадниците на безбедносните сили, но им остави на пратениците тие да го напишат текстот на законот.

Лани во ноември, предлог-законот на „Достоинство“ не беше изгласан со владино образложение дека ќе го чини буџетот речиси 300 милиони евра. Претседателот на здружението Стојанче Ангелов, по предавањето на барањето, изјави дека постојниот закон не исполнува ниту едно барање на припадниците на безбедносните сили. Во предлог-иницијативата бараат и изменување и дополнување на Законот за служба во АРМ што ги третира проблемите на професионалните војници.

Здружението „Достоинство“ бара да биде приспособена хрватската верзија на законот за бранители за македонски услови, што ја предложи Владата.

- Војната во Хрватска беше многу различна од нашата. Таму има околу 30.000 загинати и исчезнати и 300 илјади ранети и повредени, кај нас имаше седумдесетина загинати и околу 350 воени инвалиди. Со одредени приспособувања дел од овој закон може да биде искористен, но главните проблеми со него нема да бидат решени, тоа се проблемите на воените инвалиди и на семејствата на загинатите - рече Ангелов.

Заложбите на професионалните војници, според капетанот Зоран Велковски, се околу 3.000 професионалци да останат на работа по истекот на договорите и со наполнети 25 години работен стаж да остварат право на пензија или да бидат префрлени во полиција или во судска полиција.

- Секојдневно истекуваат договори, а со тоа и професионалните војници остануваат на улица. Кога три илјади војници ќе се помножат со членовите на нивните семејства се добиваат 10-15 илјади нови социјални случаи - изјави Велковски.

На новинарско прашање дека припадниците на ОНА се подготвени да прифатат да бидат дел од законот на бранителите, Ангелов одговори оти нема да дозволат изедначување со оние што ја нападнаа државата и оние што ја бранеа.

Минатиот ноември Владата го одби барањето на „Достоинство“, бидејќи тоа ќе предизвикало зголемување на ДДВ на дури 26 проценти, бидејќи пари можеле да се одвојат само од буџетската ставка за ДДВ. Поточно тоа ќе чинело 300 милиони евра, колку што е буџетот на Фондот за здравство.

Пред два месеца и професионалните војници на кои им истекуваа договорите за работа или наполниле старост од 38 години протестираа пред Владата барајќи измени во Законот за служба во АРМ. И нивните барања не беа прифатени.

http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&top=1&EditionID=388&ArticleID=24089
 
Ај да видиме што ќе се случи???
Во секој случај добар предлог на бранителите....му го стеснија просторот за манипулација на Груевски...
 
Уф македонка ако се надеваш дека владава нешто ќе направи .....

Инаку ако владава одбие пак да им помогне да знаете дека надвор на улица се оставени луѓе кои знаат само за пушка и само пушка а тоа значи нови регрути за криминални банди и групации

Изгледа дека криминалот ќе расте и расте ,после пак ќе бидат криви одредени структури и групации.....
 
Dostoinstvo komunjnari!Ne go ostavaat deteto na raat drzhava da vodi.
 
a da napisat zakon za stecajci braniteli mlekari itd...
 
груевски ги чека т.н.борци за човекови права да достават закон по Босански терк и да го изгласа во собрание,мора да им удоволи затоа што коалицијата со дуи им е на стаклени нозе како што кажаа денес на вести,Тачи јавно се изјасна дека нема шанси заедно со ДПМНЕ во коалиција па останува да се почека.:drk:
 
А бе дечкиве бараат закон по Хрватски терк???? ама да не забораваат случајно дека Хрватските "бранители" си ја свршија работата професионално и ефикасно....
...овие нашиве само нешто бараат, а ако добро гледам сега веќе не сме ни Македонија на Македонците....и замисли..после месец дена кампирање по ливади...сите веќе станаа ВЕТЕРАНИ...јеботе благи римски папа...ВЕТРЕАНИ....:)
...исто и околу професионалните војници и ДРЖАВНОТО УХЛЕБИЕ НА БУЏЕТСКИ ЈАСЛИ????...а бе знаат ли тие "професионалци" каква е побарувачката во свет за ПРОФЕСИОНАЛЦИ????
...што народ беше мајката, наместо да се бара решение, степендии за дошколување, програми за професионална преорјентација.......сите запнале за нишање врата -земање плата???
 
А бе дечкиве бараат закон по Хрватски терк???? ама да не забораваат случајно дека Хрватските "бранители" си ја свршија работата професионално и ефикасно....

И нашите БРАНИТЕЛИ ќе ја завршеа работата и ќе бевме МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ,ако не беше Америка :tapp:

...што народ беше мајката, наместо да се бара решение, степендии за дошколување, програми за професионална преорјентација.......сите запнале за нишање врата -земање плата???

За ова болдираново,не си во право.Сепак кога и беше потребно на Македонија,бранителите застаана во одбрана на својата земја и народ.

А некој друг што седи во парламент и во државна администрација,го прави тоа клати врата-земи плата.:nesvest:
Законот за бранителите на Хрватска,кој што воедно го бараат и МАКЕДОНСКИТЕ БРАНИТЕЛИ можеш да го прочиташ http://narodne-novine.nn.hr/clanci/sluzbeni/313650.html
 
Законот за бранителите требаше да биде приоритет на владата при носењето на законите за помош на загрозените случаи. Бидејќи бранителите го отслужија својот долг кон државата во "најжешкото", сега државата е должна да им врати некаква финансиска сатисфакција.
 
Законот за бранителите требаше да биде приоритет на владата при носењето на законите за помош на загрозените случаи. Бидејќи бранителите го отслужија својот долг кон државата во "најжешкото", сега државата е должна да им врати некаква финансиска сатисфакција.
Da,i finansiska satisfakcija,no,i dostoinstvo.Vaka,omalovazuvajki gi do sega,Vladata ne najde za shodno ni da gi udostoi so vnimanie.Pa,kako sto bese kazano pogore,na Vladata nem da i se dozvoli manevarski prostor i ke mora veke ednas za sekogas da izlkeze so nekoe konkretno zakonsko resenie.No,dali site se nadevame,zaludno?Vladata e "sposobna "za se!
 
СРАМОТА за владата на РМ!!! поради нивниот коалиционен партнер, неможат да го изгласаат законот...сугурно не е преоптоварување на буџетот...а за статуи имаат пари а??? ако не се донесе законот,незнам кој би одел у војна,ако притреба...тогаш да видите,ако зе запука,да видите експресно донесување на супер закон за бранителите:vozbud:
 
Dostoinstvo komunjnari!Ne go ostavaat deteto na raat drzhava da vodi.

Добро бре САМОУБИЦО,уште не си се самоубил !!!!
Ова ли ти е коментар за Достоинство !!!
Достоинство -комуњари,па срам те било,Стојанче Ангелов од борбата нема едно белодробно крило и штрафови наместо ребра, и ТИ ГО увреди ФИРЕРОТ ГРУЈО,оти бара закон во кој луѓето кои останаа инвалиди да не бидат исфрлени на улица како последни кучиња.
Комуњарите за време на војната беа на Халкидики,или на одмор во Охрид,пола од нив кои беа во полиција се направија болни и извадија боловање, за да не одат на ратиште.
Сите од достоинство се со вмровска провињенција.Комуњар за време на војната носеше цвикери за сонце и си седеше на кеј пошто сите се синови на стари комуњари,само сиромашките вмровчиња со патриотско чуство се пријавуваа како доброволци.За сега еден Комуњар како Зоран Ставревски да им вика-Кој ве тераше да се пријавувате доброволци, не сте морале.
Одговорот на Стојанче кон него беше- Господине министре додека вие бевте во ЊуЈорк во 2001 ние моравме да се пријавиме за сега вие да бидете министер.Ако не се пријавевеме ние сега можеби и ке немаше држава и вие немаше да бидете министер.

Значи ако не си со Грујо одма си Комуњар !!!!
Срамота.Господ ке ги казни што вака се однесуваат со Достоинство.
Некни имаше изјава дека на границата со Косово се забележани групи кои вежбаат нешто.Али вчера се закани за решавање на проблемот со името,шиптариве нема да му одат на инагурација на Хорхе оти не бил поканет косовскиот премиер и со тоа се навредиле нивните чуства.Ако почне да се пука во Македонија наскоро,твоиве педерчиња од окружувањето на Грујо кој ке ги брани баш ме интересира.
 
.За сега еден Комуњар како Зоран Ставревски да им вика-Кој ве тераше да се пријавувате доброволци, не сте морале..


Овој со цел памет ова стварно го има изјавено?!?!!!!!!!
 
Овој со цел памет ова стварно го има изјавено?!?!!!!!!!

Е ако имаш прилика да се сретнеш со Стојанче Ангелов,или со Зоран Крстевски,прашај ги па ке ти кажат како си поминале кај Ставревски.
А онај смотанион пратеника од Охрид Цветко Грозданов, му има речено - Таканаречен Генерал.
Па знае ли тој копук како се станува Генерал.
Генерал се станува во војна, со заслуга,човекот има и Воена академија и има работено како Капетан во Подморница во ЈНА, и 90 година се врака во Македонија од Сплит и веднаш влегува во АРМ.Во Арачиниво само Господ му го има спасено животот оти од раната сета крв низ уста си ја исплукал, и после тешката операција,со едно белодробно крило и со штрафови наместо ребра,после 2 месеци опоравок од болница се враќа пак на ратиште се до крајот на војната.И сега педерчињана од дпмне кои се криеле тогаш ке го викаат ТАКАНАРЕЧЕН.
Таканаречени Гемерали се Зоран Јовановски,Мирослав Стојановски и слични кои од канцеларија не се излезени,на фотељите дупки имаат напраено,ама сдсм генерали ги назначи во мирнодобско време.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom