Факт е дека сите сме свесни, какви ќе бидат ако се прават овие таканаречени екстерни оценувања, кои според кажувањата ни малку не можат да се наречат екстерни. Свесни сме и дека џиткање јајца по згради на јавни администрации нема да игра некоја многу голема улога, но ете тоа е.
Екстерните (читај интерени) тестови и не знам дали баш и можат да бидат веродостоен мерач на оцена. Содржат толку банални прашања за кои многу е реално да се види дека има оцени кои се така пишани. А тие оцени ќе бидат 2те и 3те кои на тестовиве ќе се покажат како 4ки и 5ки. Каде е тука разлчниот начин на работа на секој професор? Каде е тука можноста на детето да ја искаже својата креативност, својот интелект и својата способност?
Не може од нас да се бара целото знаење кое сме го впивале преку цела година да го срочиме на заокружувања на 30 прашања кои ни најмалку не можат да бидат мера, како за високи, така и за ниско оцени.
Протестите вакви-такви, никакви, се протести и како такви мораат да бидат испочитувани. Секој има право на бунт, па дури и оној кој е свесен дека тоа му е единствен начин да си ја заштити напумпаната оцена, иако таквите во овој случај пак ќе ги добијат истите привилегии!