Незнам...
Во далечната 1996 оваа време отприлика, бев матурант. Во извиканата струмичка гимназија, во тоа време едно место...кајшто владееше тешка хипокризија, квазиелитизам, и дебилштина...
Премногу од учениците беа деца на „некој“ и како такви беа одлични...
Професорите, приказна за себе...повеќето се сега пензионери од тој состав.
Најзакон беше професорката по хемија, која на првиот час ги распрашуваше учениците чии деца се и што работат нивните родители, и ја користеше ситуацијата за најразлични уцени и лична корист.
Во таква констелација, бев принуден да полагам матура бидејќи во втора година поминав како „многу добар“ а другите „одличен“.
Тогашниот закон налагаше полагање на матура за сите оние кои немале во текот на средното образование одличен успех. И, видете чудо, никој не какаше за тоа на Уставен, а ако тоа не е дискриминација...тогаш незнам што е...
Но, да се вратам на приказната...
Полагав матура...Писмена работа по македонски беше задолжителна.
Матурска тема изработив на тема социологија и истата ја одбранив
Имав и устен испит по сопствен избор (пак социологија) и го положив. Учебникот по социологија е некаде околу 150 страни...(во тоа време). Тоа се случува до почетокот на јуни.
Кон крајот на јуни треба да се запишам на факултет. Има приемен испит: Општообразовен дел, собран во еден прирачник на околу 200 страни, и уште еден прирачник од околу 350 страни за полагање на приемен испит по Уставно уредување на РМ.
Положив...
Ама, изгледа тогаш не ни ваделе мозокот некои ајвани отстрана...