Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата Chombe_United
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
610x.jpg

Еве го човекот, овој се чека!
 
Ајде бе Овену Харгривс вракај се,бев заборавила како изгледаш:nesum:
Мислам дека Ферги сепак на крај на сезона ке го продаде бидејки многу се повредува, а Ферги како што знаеме нема трпение.
Дефинитивно нема СП за М. Овен.Жал ми е навистина,каков играч беше боже:nesum:ама повредите си го прават своето.
Нема потреба да се жалиме,кажа некој погоре,и со повредени играли и со суспендирани сепак пак сме на -1 бод од Челзи кои до сега можеа да бидат зацврстени на врвот на табелата.
Ама сепак Јунајтед е голем клуб и не се предава до крај:back::pipi:



Се уште се секаван на овој гол на Харго.Каква егзекуција,рака на срце тој гол реши многу работи:cuc:
 
Стварно со Овен лоша работа. Иако не добиваше многу шанса сепак имавме некоја сигурност на клупата дека имаме искусен играч со големо чувство за гол кој секогаш беше спремен да помогне. Вака остануваме само со Бербатов и Руни ака Ѕверот. Навистина ќе биде тешко, ако успееме барем една од двете титули да земеме ќе биде огромен успех.

П.С. Наесен да се купат Зидан или Џеко.
 
Уф, ептен е добар Бадељ. Сум го гледал неколку пати и многу добар играч е, со потенцијал. Се надевам ќе успееме да го земеме.


Хахаха абе брат каков Бадељ какви бакрачи,не им верувај многу на хрватските медиуми зашто тие скоро сите свои играчи ги преселија во јаки клубови.Манчестер не зема такви подпросечни играчи како што е овој.Тој можеби добро игра ама во Хрватска или некоја послава лига,а во Манчестер тоа малку потешко.
 
Сега читам за Овен се` што се случило, дека нема да игра до крај на сезоната :( Иако на почетокот бев скептик, фала ти за се` што стори оваа сезона Овен (поготово голот против Шити), со толку мала минутажа успеа да постигнеш 9 гола, наредната сезона да се надеваме на повеќе од тебе.
 
Фергусон бил разочаран поради тоа што Руни играл премногу на пријателскиот меч со Египет(скоро цел натпревар) и најверојатно ќе го одмара против Волвс.(и тој е човек:))
 
Фергусон бил разочаран поради тоа што Руни играл премногу на пријателскиот меч со Египет(скоро цел натпревар) и најверојатно ќе го одмара против Волвс.(и тој е човек:))

Извор плс :kesa:
 
^^Па нормално дека ке биде разочаран,тие натпревари секогаш можат да добијат некоја повреда која не дај боже да го одалечи далеку од терените.Сепак се работеше за пријателски натпревар.Да беше за некоја квалификација ајде и така и така ама Руни е време да добие одмор.Верувам и дека без него ке стигнеме до победа.Ако е густо е тогаш може да влезе:toe:
 
Харгривс подготвен за враќање на терените:





Англискиот интеранационалец е надвор од стројот од септември 2008 откако се соочи со чести повреди на колената. Харгривс мораше да ги оперира двете колена кај познатиот доктор Ричард Стедман во САД и паузираше околу 18 месеци.
Во септември минатата година тој се врати во Јунајтед и се најавуваше дека за неколку месеци ќе биде во полн фитнес.
Но неговото враќање на терените беше одложувано во неколку наврати за конечно тој следниот четврток да настапи за резервите на Јунајтед во дуелот со Манчестер Сити.
“Овен Харгривс за прв пат покажа дека е скоро подготвен за настап.” – рече Фергусон.
“Тој тренираше со првиот тим и ќе настапи за резервите следниот четврток.”
Фергусон исто така откри дека Вејн Руни е под знак прашалник за дуелот со Вулверхемтон откако напаѓачот одигра 90 минути за Англија, но Рио Фердинанд се враќа во составот.
“Потребно е да извршиме тестови врз Вејн бидејќи тој одигра 90 минути за Англија, нешто поради кое сум разочаран.”
“Тој претходно одигра еден час на теренот на Вембли во неделата а потоа и целиот натпревар во средата. Тоа е премногу. Тој сега е неизвесен.”
“Но Рио е повторно во тимот, што се добри вести за нас. Тој се враќа во добро време со оглед на дуелот со Милан следната среда.”
Ферги потврди и дека младиот Федерико Македа од следната недела ќе започне да тренери со првиот тим.

Извор!

Штета што Овен е повреден и нема да настапи до крајот на сезоната исто како и Андерсон и Ошеи но еве во секоја несреќа има и по нешто добро. Фердинанд е подготвен за настапи ќе настапи утре во одбранта заедно со Немања Видиќ по прв после натпреварот со ливерпул минатата година. Харгривс после две години се враќа на теренот и ќе го одигра првиот натпревар против резервите идниот четврток додека исто така поради недостатокот на напаѓачи се враќа Македа во првиот тим!
biggri10.gif
 
Абе Овен ја завршо ли сезоната?Толку ли е сереиозна повредата?:kesa:
 
Предолго е Харгривс надвор од терените...Ако Ферги го земе во тимот за наредното коло од ПЛ (не ова со волвес), би било тоБ! Бидејки нели ако изигра на ниво со резервите, значи нема проблем со мала повреда или пак кондиција. Колку само би бил од корист...Ајде ќе видиме шо ќе бидне.
 
Не верувам Харгрив да заигра порано од за околу 15-20 дена :toe:
 
Веќе од ноември се враќа овој Харгривс :toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom