Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата Chombe_United
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Здраво до сите членови на кајгана и фанови на Манчестер Јунајтед. Јас сум нов член и ми е мило што на форумов има фан клуб на Манчестер. Голем сум фан на Манчестер Јунајтед и се надевам дека ќе се дружиме и ќе славиме заедно од кога ќе земеме титула-две. Поздрав
 
Не е лошо за нив, баш спротивно.Тие зимаат пари од банките на сметка на клубот, на пример сакаат да земат 10 милиони да им купат на внуците по некое ферари, и во банките го потпишуваат на сметка на Јунајтед, а не на Малколм Глејзер.И со тоа, долговите на Јунајтед растат а Глејзери си играат курот, капиш?

Се надевам дека ќе се остварат плановите на фановите, од следна сезона да бојкотираат со неодење на натпревари, некупување на дресови или друг merchandise од клубот итн.Бољи да го глеам Олд Трафорд празен него Глејзери уште 2 години.

Како и да е, ќе го надмине и ова Јунајтед, чим воскресна откако ни загинаа 7 играчи во Минхенската несреќа, и стана ова што е денес, верувам во Јунајтед и знам дека ќе се отарасиме и од овие и ќе стане сопственост на фановите.

Mислев лошо ке е за нив доколку не го продадат тогаш мислам дека фановите ке размислуваат опција бесење на плоштад доколку се влоши состојбата:pos: :pos: :pos:
Некаде читав дека биле премногу револтирани и дека Глејзерс беа уплашени да отидат на финалето на Карлинг купот за да не им направат нешто:pos:
A и како што кажуваш абе паметни биле америчкиве пички :tapp:да даде Господ да се расипе некое ферари на внуците.Зар банката и после толкави долгови се уште дозволуваат да земаат од нив?:tapp::tapp::tapp:
Ај да не зборам премногу.Што и да кажам џабе е тие за жал си остануваат во клубот.А ова Гил не знам во кој филм влегол.
Дај боже да го надмине бидејки ме плаши оваа состојба.Секој ден се плашам да отворам некоја интернет страница и да прочитам дека долгот се зголемува,(да си го каснам јазикот).

Инаку добредојде на новиот фан:wink:

Солскер: Руни има убиствен инстикт

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскер вели дека Вејн Руни постигнува голови со убиствен инстикт.


Вејн Руни ја игра својата најдобра сезона во кариерата, тој веќе има постигнато 28 погодоци во сите натпреварувања.

Поранешниот славен напаѓач на Јунајтед, Оле Гунар Солскер има само пофални зборови за Руни.

"Кога и да видите напаѓач да постигнува голови вие сте среќни, Вејн навистина се труди" - вели Солскер.

"Тој напорно работи на тренинзите постојано повторувајќи ги работите. Тоа е она што треба да го има напаѓачот, да ги вежбате работите постојано и потоа да реализирате преку вашиот инстикт, не да размислувате кога сте на теренот".

Колку му се восхитувам на овој човек:cuc:
 
Тва за Црвените витези е најдобро, блиски човеци до манчестер, страшни стари навиваче со длабок џеб, клуб со добар менаџер, стабилен развој и стабилна работа. Ќе биде как едно комплетно семејство.
Глејзерс само го цицат клуубо, екипата им се гледа само как призма за паари.
Шо изјави еднач и Венгер, МЈ е голем клуб, мене лично не мее страх за неговата иднина, знааме оти на денешно време има ного големи тајфуне шо следат и сакат фудбал и може уште утре да се јават 10 потенцијални купуваче само ако американците решат да го продадат клуубо. Тва без проблем. Ама не би сакал некој арап, кинез или американец да го купе клуубо, без разлика дали ке дава секоо лето по 300м за играче или по 50м. За тва најдобро е екипа богати фанове на Јунајтед со не највисок капитал и да го работат најдоброто за клуубо - у случајо Црвените витези, ако се остваре тва, ќе бидам ептен ного среќен. :)

А шо мислеш банките така си дават кредити и паари на Јунајтед? Еми управата заложува некоо сопственост на клуубо, зависно каков кредит е, хипотекарен, ломбарден, контокорентен. За тва постоот опасности да се изгубат некои "делови" на Јунајтед, а одделно си е тва шо клубо веќе е задолжен ного. Мислам оти Реал пред првата Галактикос генерација изгубија ного од клуубо, под хипотека им беше тренинг центаро за цена на роналдо,бекам,фиго,зидан... Нејќам тва да се случе со Јунајтед, и после да излезе оти некоо банка го поседува Олд Трафорд или тренинг центаро. Лошо е, ама пак ќе кажам, МЈ е најдоброто, има колона богатааже шо сакат да го имат. :)
 
А толку ли сте сигурни дека група банкари се подобри од амерички бизнисмени? Не викам дека ќе биде полошо од Глејзери, ама и Црвените витези се бизнисмени, веројатно и тие гледаат некоја финансиска добивка во сето ова... :smir:
 
А толку ли сте сигурни дека група банкари се подобри од амерички бизнисмени? Не викам дека ќе биде полошо од Глејзери, ама и Црвените витези се бизнисмени, веројатно и тие гледаат некоја финансиска добивка во сето ова... :smir:
А кој не гледа финансиска добивка во најдобриот клуб на светот, кој редовно освојува титули? :helou:
 
Да, точно. Ипак има разлика од добивка и ДОБИВКА. :)
 
А толку ли сте сигурни дека група банкари се подобри од амерички бизнисмени? Не викам дека ќе биде полошо од Глејзери, ама и Црвените витези се бизнисмени, веројатно и тие гледаат некоја финансиска добивка во сето ова... :smir:

Групата банкари ќе бидат многу подобри сопственици од Глејзер зошто сите до еден се страсни навивачи на Јунајтед кои во прв план им е доброто на клубот. Глејзер да го водеше клубот како што треба или да не западневме во големи долгови како сега, иницијативата за формирање на Витезите немаше ни да постои. Значи овие луѓе ќе формираат конзорциум пред се за спаување на клубот што го сакаат од пелени, а секако доколку (дај боже) успеат да го натераат Глејзер тие луѓе секако дека ќе се обидат да направат и добивка, ама не по секоја цена како овие сегашниве.

Секако ќе треба и огромна помош од фановите. Неприсуство на натпревари, необновување на сезонските карти, мирни протести пред секој натпревар се само дел од мерките кои фановите можат да ги преземат. Глејзер единствено може да замине само ако сериозно осети по џебот. Ситуацијата е таква каква што е. Очајнички се обидуваат да дојдат до пари не обзирајќи се притоа на евентуалната штета која би можеле да му ја нанесат на клубот.
 
Манчестер западна во долгови, поради финансиската криза која ја зафати Америка и самите Глејзерс, а не поради некакви си квази потези за несигурноста на брендот Ман Утд! Сигурно не им дошло на Глејзерс да им купат на децата ферарија со парите од клубските финансии и слично. Едноставно и покрај многуте спонзори, огромните давачки, светот се соочи со криза, затоа Абрамович шитна се ама не и челзи, така и овие, бидејќи Манчестер е машина за пари и бренд што постои еден век и не може така да се сруши. Си имаат план и тактика за негово вадење од гомна, а и кој и да дојде нормално дека на почетокот ќе се бори со парола "за доброто"...па нели научивте дека изборите се секаде исти, со истите преваранти.
 
Си имаат план и тактика за негово вадење од гомна,

Баш сакам да видам како ке го извадат клубот од гомна(со извинение на речникот)ако продолжат така.Зар не си прочитал дека доколку не се платат долговите се заканува исфрлување од лш?така некаде прочитав.И кога ке го извадат кога каматата се зголемува.

Добра нок Ѓаволи...:helou:

П.С.

ВО сабота со почеток во 18:30 ке го емитуваат натпреварот Вулверхемптон-Манчестер Јунајтед на Сител:vozbud:
 
Не не, тоа се само предлози за некои си квази политики што ги води блатер, платини и компанија...па челзи, сити, ливерпул должат. И ако ги кикнат овие тимови, со се реал кој е должен ко грчка, кај отиде фудбалот и нивните пари?
 
ako ne kiknuvaat nas prvo treba real posto se dolzni ko grcka
Нема да кикнат никого,тоа се само приказки за мали деца.Тоа се големи клубови,никој нема интерес да бидат аут од фудбалот.
Ко Челзи што имаше бан за трансфер периодот зимоска,за истиот кратко пред почетокот да му биде отфрлен.Така и овоа е сериозно.
 
Нема да кикнат никого,тоа се само приказки за мали деца.Тоа се големи клубови,никој нема интерес да бидат аут од фудбалот.
Ко Челзи што имаше бан за трансфер периодот зимоска,за истиот кратко пред почетокот да му биде отфрлен.Така и овоа е сериозно.
Челзи се договори со Ленс (им тури у џеб некој милион)


сеа ќе треба клубовите со банките да се договорат.


Шо мислите, сите овие клубови шо должат, немат доволно средства да покријат поголем дел од загубите? :)

Еве пример, Реал за телевизиски права има земено повеќе од 1 билион евра :toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom