Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата Chombe_United
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не да не е ова црвен ама ајде. Требаше и жолт барем за тој(не видов кој беше точно) што му се бутна во него по дуелот.

п.с. Де Лејт :pos2:
 
Ајде, ајде кој ќе му даде гол на Фостер ? :) Го обожавам голманчето, незнам зошто :pipi:
п.с Ајде зборете сега, за Фостер де :))) МАЈСТОР !
 
Лееее ама гол хехеххе навивачите зе зверови :)
Луди се англезиве :)
 
честито победа на младите...за жал само последните 15 мин. ги гледав...ако може некој да ги постира головите и лудите навивачи кои влегоа на теренот :helou:
 
Честито победа :smir:
Ако може да го ставите голот на Велбек зашо почнав негде од 15' да го глеам натпреварот...
 
Бидејќи не го гледав натпреварот, може некој да ми каже како изигра Обертан, колку време играше и тн.
 
Одличен натпревар, Манчестер Јунајтед изигра толку колку што требаше за да победи... два убави гола и без да се испотат поминаа во следната фаза :) Фостер денеска одличен и сигурен, неколку успешни интервенции... Еванс, Браун и Фабио денеска сигурни иако немаа некоја потешка задача... Андерсон според мене најдобар денеска, имаше неколку одлични пасови, одлични одземени топки без фаул, а и многу истрча... ме бендисаа и Велбек и Обертан, покажаа сигурност во играта, не се плашеа, а имаа и неколку соло продори и проигрувања... штета само за Обертан што не го постигна дебитантскиот погодок, иако имаше убава шанса за тоа... Мајкл Овен солиден денеска, постигна гол, а беше и жртва на црвениот картон на Гери Невил па мораше да го напушти предвреме натпреварот... Македа денеска слабо забележителен... околу црвениот картон на Гери Невил... можеби премногу строго досуден, но имаше елементи за црвен картон... да беше некој дерби натпревар немаше да има црвен картон, ќе поминеше Гери Невил со жолт, ама што е тука е... иако се работи за искусен фудбалер, мислам дека со овој старт Гери Невил на некој начин се изглупира и дека според мене тоа не смееше да се случи... водство од 0:2 и мирна игра тој прави старт без врска :jaj: И на крај комедии, кога влегоа двајца навивачи и кога ја ритнаа топката во голот, на некој начин како да сакаа да кажат на играчите на Барнсли "кога вие неможете, мора ние да ви помогнеме" :):):)

Следен натпревар со Блекбурн во сабота во 18:30 часот... очекувам победа без примен гол :smir:

Бидејќи не го гледав натпреварот, може некој да ми каже како изигра Обертан, колку време играше и тн.

Играше цел наптревар, одигра одлично како за прв официјален наптревар и на почетокот имаше убава шанса за гол, ама промаши... :helou:
 
Заборавив... го видовте транспарентот во делот кај што беа навивачите на Манчестер Јунајтед, UNITED > ENGLAND :vozbud:
 
Гледав малку од натпреварот и видов дека Барнсли имаа по некоја шанса ама сепак заслужена победа.
Се виде и лани дека има многу од младите играчи кои може да изиграат на високо ниво и да бидат конкурентни и за првиот тим.

Фостер кога му дојдоа навивачиве пак проба да одбрани, се пушти по топката:pos:

Невил не видов што направи ама при 0 - 2 со неговото искуство требал да биде повнимателен.

Зошто го немаше Посебон, колку што памтам лани беше меѓу поредовните во куп натпреварите?
 
Гледав малку од натпреварот и видов дека Барнсли имаа по некоја шанса ама сепак заслужена победа.
Се виде и лани дека има многу од младите играчи кои може да изиграат на високо ниво и да бидат конкурентни и за првиот тим.

Фостер кога му дојдоа навивачиве пак проба да одбрани, се пушти по топката:pos:

Невил не видов што направи ама при 0 - 2 со неговото искуство требал да биде повнимателен.

Зошто го немаше Посебон, колку што памтам лани беше меѓу поредовните во куп натпреварите?
на позајмица е во Португалија,во Брага мислам дека:smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom