Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата Chombe_United
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Најава:Јунајтед v Сандерленд

manutdw.png
680-15.png
34tai46.png
722-11.png
sunderlandg.png

Премиер Лига, 8мо коло|Сабота,3ти Октомври 2009|Почеток:18:30h
Стадион:
Old Trafford, Manchester
stadium2.png

Сандерленд доаѓа на Олд Трафорд во најлошо можно време за нив.Јунајтед се во Ѓаволска форма во сите натпреварувања, од Премиер лигата и Карлинг купот до Лигата на Шампионите.Фантастичен скор од 8 победи и 1 изгубен натпревар досега од Црвените Ѓаволи и иако изгубивме 2 големи играчи играме фантастично.Рајан Гигс дефнитивно е играч на месецот за Септември со фантастични натпревари против Сити,Стоук и Волфсбург.Бербатов исто играше на многу високо ниво против Волфсбург,направи многу шанси со добри пасови и покажува дека не се џабе фрлени парите за него.За Руни и Флечер мислам дека не треба да се збори воопшто, едноставно фантастични.Засега одбраната и голманот се најголемата грижа.Не успеавме да издржиме неколку натпревари без примен гол и тоа е загрижувачко.Кушчак започна против Волфсбург и можно е да го видиме на повторно на голот.

Сандерленд моментално се наоѓаат на 8мото место со 4 победи од 7 натпревари.Доаѓаат на Театарот на Соништата после победата од 5-2 над Волфс каде што Бент и Џоунс постигнаа по 2 гола.Засега им оди добро под водство на минатиот менаџер на Виган и поранешниот играч на Јунајтед, Стив Брус, кој имаше еден од најдобрите трансфер периоди во историјата на тимот и го претвори од тим - кандидат за отпаѓање, во тим способен да се бори за средината на табелата.

Повредени играчи:

Јунајтед:
О Харгривс | Повреда на колената | 3ти Ноември '09
Г Обертан | Побреда на листовите | 31ви Октомври '09
Е Ван Дер Сар | Скршеница на прстите | 17ти Октомври '09
Р Да Силва| Повреда на рамото | 31ви Октомври '09
М Овен | Непознато | 15ти Октомври '09

Сандерленд
Л Катермол | Повреда на зглобот | Непознато

Можни состави:​

61118378.jpg

oshea.jpg
rioik.jpg
vidic.jpg
evray.jpg

valenciaiv.jpg
fletcher.jpg
carricko.jpg
andersonf.jpg

berbatovm.jpg
rooneyh.jpg

live-match-v.gif

Bent - Jones

Richardson - Cana - Reid - Malbranque

Bardsley - McCartney - Ferdinand - Mensah

Gordon​

Мој Тип
Јунајтед 3-1 Сандерленд
Руни x2, Бербатов - Бент
 
Најава:Јунајтед v Сандерленд

manutdw.png
680-15.png
34tai46.png
722-11.png
sunderlandg.png

Премиер Лига, 8мо коло|Сабота,3ти Октомври 2009|Почеток:18:30h
Стадион:
Old Trafford, Manchester
stadium2.png

..............и иако изгубивме 2 големи играчи играме фантастично....................

"Незнам зошто", ама ова ми е најинтересното од постот. Видете како изгледа како "фластер", само за затнување на усти и (само)демантирање. :toe:
 
"Незнам зошто", ама ова ми е најинтересното од постот. Видете како изгледа како "фластер", само за затнување на усти и (само)демантирање. :toe:
Па да досега така е,само што денес се игра осмото коло,а до крајот има уште 30.Има време ќе видиме. :)
 
Сандерленд се незгодна екипа составена од искуски играчи, како и екс Јунајтед непросперитетни фаци...ќе биде тешко, но со оглед на тоа дека играме дома, а и Брус може да му даде поени на Ферги без проблем, како и секогаш....одиме на победа!

Glory Glory
 
Па да досега така е,само што денес се игра осмото коло,а до крајот има уште 30.Има време ќе видиме. :)

Точно е дека има уште доста кола до крајот, но тукму тука Манчестер се покажувал секогаш "поголем од другите". Големиот фонд на играчи, она што велиме дека има 22 првотимци :), секогаш му овозможувало на Манчестер да го издржи она што не можат другите да го издржат, а тоа е густиот распоред кој доаѓа допрво паралелно со натпреварите од лигата на шампионите, ФА купот, карлинг купот. А мудриот реализатор на сето тоа е тука, Сер Алекс Фергусон. Теоретски гледано, во иднина би требало да сме уште подобри затоа што ќе се врати Харгривс, ќе го пробаме Обертан, и најважното нешто од се е тоа што ќе се врати Ван Дер Сар. Мора да бидеме реални и да признаеме дека досега "игравме без голман" иако победувавме. Денес мора да се победи, бидејќи е шанса да избегаме на табелата доколку утрешното дерби меѓу Челзи и Ливерпул излезе со резултат каков што ни одговара. Нека ни е со среќа.
 
Игравме без голман само со Ман Сити а кај беше да го критикуваш кога ја фана таа невозможната на Џенас на White Hart Lane кога бевме со црвен картон и Тотенхем притискаше за израмнување...
Иначе не си ги влажни гакичките, Манчестер стално бил јак од Јануар натаму и се надевам дека сега нема да биде обратно.
 
Се сеќавате на ланскиот натпревар со Сандерленд на Олд Трафорд? Се бранеа ебени 90 минути.

Се надевам дека сега со Брус ќе играат отворен фудбал, и полесно ќе ги напуниме :icon_lol:
 
Ќе влезе Македа во 85та и решен проблем :):):)
 
......а кај беше да го критикуваш кога ја фана таа невозможната на Џенас на White Hart Lane кога бевме со црвен картон и Тотенхем притискаше за израмнување...
...........

Ако ти изедиш 1 лажица шеќер, и 6 лажици сол мислиш дека ќе ти биди блага устата?

......Манчестер стално бил јак од Јануар натаму и се надевам дека сега нема да биде обратно.

Е па јас не реков дека ќе биди слаб понатаму.

....Иначе не си ги влажни гакичките......

Пробај некогаш да покажиш барем малку култура, ако сакаш да бидеш поинтересен.
 
Ако ти изедиш 1 лажица шеќер, и 6 лажици сол мислиш дека ќе ти биди блага устата?
Е па јас не реков дека ќе биди слаб понатаму.
Пробај некогаш да покажиш барем малку култура, ако сакаш да бидеш поинтересен.
А на која утакмица освен Сити не бранел убаво Фостер? Не викам дека е подобар од Ван Дер Сар, али не има доста спасувано. При голот на Аршавин можеше да реагира подобро но во второ полувреме таа што му ја фана на Ван Перси беше за чудење. Иначе и мене ме нервираше неговото ноншалантно однесување со Сити и одвај чекам да се врати ВДС.
Не рече али автоматски чим сега растураме значи треба да очекуваме Манчестер да паѓа во тој период од форма, а тоа не сакам да се случи. Секој тим мора да му падне формата, ама знам дека Ферги знае што го чека и мислам дека успешно ке се справи.
Еве за тебе ке бидам културен само колку да ти бидам поинтересен оти јас не знам дали ке можам да продолжам да живеам ако не му бидам интересен на Канал89 со неговите културни постови. Знам дека треба да ставам наводници во секој пост и длабоко ти се извинувам, oh mighty one...
 
А на која утакмица освен Сити не бранел убаво Фостер? ......

Не рече али автоматски чим сега растураме значи треба да очекуваме Манчестер да паѓа во тој период од форма, а тоа не сакам да се случи. Секој тим мора да му падне формата, ама знам дека Ферги знае што го чека и мислам дека успешно ке се справи.

Еве за тебе ке бидам културен само колку да ти бидам поинтересен оти јас не знам дали ке можам да продолжам да живеам ако не му бидам интересен на Канал89 со неговите културни постови. Знам дека треба да ставам наводници во секој пост и длабоко ти се извинувам, oh mighty one...

Единствено ти и можеби Капело сте задоволни од Фостер.

Кажи само каде прочита оти реков дека ќе му падни формата на Манчестер? Напротив пишував дека ќе бидеме уште посилни заради ..... (прочитај).

Биди си културен за тебе, а не за мене. Од твојата култура можеш само ти да имаш корист. Ако ти и уште некои тука не ги разбирате наводниците, не можам да ви помогнам, можеме да дискутираме на некој друг форум. Овој форум нема врска со учење граматика. И јас длабоко ти се извинувам доколку не ги разбираш наводниците.
 
Ои... арни сте вие двајца бе? Се расправате за банални работи ебаго, де прекинете знаеме дека и двајцата сте убаво загреани :D
 
Одсега Манчестер Јунајтед - Мк со форум!!!
Повелете и придружете ни се во Ѓаволските дискусии:
Код:
http://www.manutd-mk.info/10601086108810911084.html

Најнови новости на manutd-mk.info :

Видиќ: Очекувајте повеќе!

„Татковска неволја“ за Вејн Руни

Овен сепак ќе отсуствува само 1 недела!

Рајан Гигс го постигна 150-тиот погодок!
 
Видиќ: Манчестер само ќе се подобрува во иднина Немања Видиќ упати предупредување до ривалите на Манчестер Јунајтед велејќи дека најдоброто од нив допрва доаѓа
Nemanja-Vidic_300.jpg
Осум последователни победи во последните шест недели допринесоа екипата на Манчестер Јунајтед да се најде на врвот во Премиер Лигата и Групата Б од Лигата на Шампионите, а избраниците на Ферги обезбедија место и во четвртото коло од Карлинг Купот.
Сандерленд е следниот противник на Црвените Ѓаволи, а Видиќ кој постигна драматичен погодок за победа против ’Црните Мачки’ минатата сезона, вели дека најдоброто од Јунајтед допрва доаѓа.
“Во моментов ни оди одлично и го имаме најдобриот старт во сезоната откако јас сум тука.” – рече Видиќ за ManUtd.com.
“Одигравме неколку големи натпревари и поминавме добро, па задоволни сме. Но знаеме дека секогаш можеме да се подобриме и сеуште ја немаме достигнато најдобрата форма.”
“Мислам дека е добро бидејќи сезоната не е ’спринт’ повеќе е како ’маратон’.”
“Имаме квалитетни играчи, но мали детали одлучуваат за тоа кој ќе победи во првенството и куповите.”
“Треба да се осигурате дека секогаш сте подготвени за финалниот дел од сезоната кога имате многу важни натпревари.”

Овој текст е превземен, друг го има пишувано. Се надевам дека го разбравте иако има многу "наводници" :)
 
Единствено ти и можеби Капело сте задоволни од Фостер.

Кажи само каде прочита оти реков дека ќе му падни формата на Манчестер? Напротив пишував дека ќе бидеме уште посилни заради ..... (прочитај).

Биди си културен за тебе, а не за мене. Од твојата култура можеш само ти да имаш корист. Ако ти и уште некои тука не ги разбирате наводниците, не можам да ви помогнам, можеме да дискутираме на некој друг форум. Овој форум нема врска со учење граматика. И јас длабоко ти се извинувам доколку не ги разбираш наводниците.
Човек ти си толку глуп што да те затворат во самопослуга ке умреш од глад.
Не вреди повеќе да пишуам кога демантот за сето срање што го напиша погоре ти е во самата персистенција на Фергусон со Фостер, значи не сме само јас и Капело.
Over and out...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom