Пуел прифаќа да го продаде Бензема
Тренерот на Лион, Клод Пуел се согласи да го продаде Карим Бензема ова лето.
21-годишниот талент на францускиот Лион е цел на Арсенал, Манчестер Јунајтед, Интер и Реал Мадрид.
Од таборот на Лион и самиот Бензема пренесоа дека Бензема би останал уште една сезона т.е до наредното лето кога се игра Светското Првенство во Јужна АФрика, но Пуел не размислува така.
"Ние знаеме колку Бензема е важен за Лион. Тој е фантастичен играч, но сепак ние ја знаеме финансиската состојба на клубот."
"Ќе ја разгледаме ситуацијата кога ќе се врати назад т.е на 2-ри Јули, па ќе разговараме со него околу неговата иднина.
"Неодамна тој рече дека сака да остане во клубот уште една година. Ако тој има некој сон околу неговата иднина ние ќе разговараме со него и ќе се концентрираме на понудите кој ќе пристигнат."
"Тука нема проблем со Бензема затоа што тој е сеуште со нас. Ако дојде до некаква трансфер опција, се би можело да се случи." - заврши Пуел
Хачинс: Валенсија може да се снајде во Јунајтед
Поранешниот тренер на Виган, Крис Хачинс верува дека Антонио Валенсиа ќе се снајде во Манчестер Јунајтед.
Хачинс за англиските медиуми изјави:
"Од секогаш верував дека Антонио може да се снајде во еден од најдобрите тимови во светот, а тоа ќе го демонстрира со игра на највисоко ниво."
"Тој поседува се, има добро движење, добар шут, добро нафрла и е доста интелегентен играч."
"Може да игра поповлечено и како поистурен играч во средниот ред веднаш зад напаѓачите. Можевме да го видиме како се снаоѓа добро во дефанзивните задачи. Поради таквите игри стигна интересот од клубиво како Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, што покажува колкави се квалитетите на Валенсија."