Да ти кажам право и незнам што толку ги молиме тие "звезди". Јас навистина го ценам Бензема како играч. Ама тој како и сите треба да биде и човек со карактер. Ако тој не можи да свати дека со одењето во Манчестер ќе стани поголем човек отколку што е, мислам дека не треба да го молиме повеќе. Тој не е дете, сепак можи (ако малку размисли) да свати дека во Реал не се знае што и дали ќе игра и во секој случај ќе биде во сенка на "звездите". И плус незрели и иритирачки ми се малку изјавите негови дека тој сакал да остане во Лион за да игра за репрезентацијата на Франција на светското во 2010. Кој ќе му брани да игра за Франција ако е играч на Манчестер? Не сум прочитал поголема глупост. Како тој предвиде дека ако оди во Манчестер нема да игра за репрезентација? На Евра проблем му е играњето во репрезентацијата затоа што игра за Манчестер? Има доста незрели изјави кој ме тераат да се запрашам дали тој вреди толку многу да се моли и да се плаќа по набиена цена. Ако мене ме побара еден Манчестер Јунајтед за да ме купи тоа би било чест за мене и нема да се занесувам со глупи изговори и изјави. Убаво кажа Видиќ дека ако треба и пеш ќе одам до Олд Трафорд. Има и други врвни имиња кои би ни биле од корист. Нас можеби ни треба повеќе некој таков нов и поевтин што ќе знае да цени ако го побараат во Манчестер, отколку двајца или тројца да ни ги потрошат сите пари. Јас пак ќе напоменам еве го зедовме Валенсија, и нема ништо страшно да биди ако не земеме друг играч. Верувајте Манчестер има потенцијал и кадар, и никогаш не зависел од еден играч. После секоја "звезда" доаѓа уште поголема, која претходно никој не ја знае и не ја смета за звезда. Можно е заради занесувањето на некои, да профитираат сосема други имиња кои ќе дојдат за поефтино и можеби ќе станат врвни светски квалитети.