Искривени факти и нелегални водичи

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Возраст
39
Нелегални туристички водичи

Нелегални туристички водичи од Бугарија, Србија, Албанија и Грција се‘ почесто, среде Македонија, го негираат нејзиниот идентитет, јазик и култура. Домашните водичи бараат заштита и воведување туристичка полиција.

„Свети Климент бил Бугарин“ , може да се слушне од страна на некои бугарски туристички водичи во Охрид. Истото се тврди и за Цар Самоил и неговото царство. Најголем дел од охридските цркви се грчки, велат, пак, грчки водичи. И туристички водичи Албанци и Срби на свој начин „буричкаат“ по македонското минато и територија. Нелегални туристички водичи непречено ги негираат минатото и културното богатство на Охрид и Македонија. Професор доктор Науме Мариноски од Факултетот за туризам и угостителство, каде се образуваат туристичи водичи, вели дека состојбата е загрижувачка и е едноставно за неверување: „Ова го нема никаде во светот - да може некој во вашата земја да зборува за културноисториските споменици, за историското наследство, дури и за природните карактеристики. Едноставно нема контрола врз водичите.“

Во борбата за профит, факти искривуваат и македонски водичи

Слично размислува и Стефан Каневче, претседател на Здружението на туристички водичи од Охрид: „Водич не смее да води туристи во туѓа земја, освен во автобус. Закон постои и во Македонија одамна , како и во секоја држава, ама тешко се спроведува. Дивите водичи најмногу ги има во текот на празниците и викендите, а тогаш, за жал, инспекцијата не работи .“

Здружението е формирано пред околу пет години и во него членуваат 60 водичи. Но, проблемот не е само кај странските водичи. И македонските, во борбата за профит,ги кршат не само правилата туку ги искривуваат и фактите,вели Каневче:"Некои македонски водичи им се додворуваат на странците и на нивните водичи. Ние се бориме и против нив. Се додворуваат за пак да бидат повикани да водат нова група. Тие се додворуваат и ги искривуваат фактите. Инспекторите ќе треба да делуваат и на тој план. Треба да ги слушаат, да ги снимат што зборуваат, за потоа да се казнат и да им се одземе лиценцата.“

Закон постои, но не се применува доследно

Во Охрид има само еден инспектор по туризам. Тој може да пишува само мандатна казна од 100 евра и глоба од 700 евра, додава претседателот на Здружението на туристички водичи, Стефан Каневче: „Кога се оди во Курбиново или Свети Јован Бигорски, одат со свои водичи. Сега засега, странците земаат наши водичи само за разгледување на стариот дел на Охрид, додека и за Свети Наум и за Струга веќе никој не зема.“

На единствeниот инспектор по туризам, Ѓорѓи Сошански, деновиве, ќе му се придружат уште двајца. Тој од своето искуство за да се ублажи овој проблем предлага: „Или да се формира туристичка полиција, којашто ќе има право да приведува како во другите земји на Запад, или проблемот да се реши уште на граница при влегувањето на тој туристички водич или придружник.“

Ни‘ ја крадат историјата, но и сегашноста, велат водичите додавајќи „сега нашите странски колеги со нестручност ни‘ го собираат и профитот, а ние и натаму ги гледаме немоќни и чекаме државата да изнајде механизам за да се стави крај на ваквата состојба“.

http://www.dw-world.de/dw/article/0,,4224336,00.html
 
О мамата нивна, море само ќотек и бесње за јајца... ти дошол во двор за да те негира, како немам среќа да го слушнам некој кај што го грака тоа :sakas_ust
 
Во Охрид има само еден инспектор по туризам. Тој може да пишува само мандатна казна од 100 евра и глоба од 700 евра, додава претседателот на Здружението на туристички водичи, Стефан Каневче: „Кога се оди во Курбиново или Свети Јован Бигорски, одат со свои водичи. Сега засега, странците земаат наши водичи само за разгледување на стариот дел на Охрид, додека и за Свети Наум и за Струга веќе никој не зема.“

И тоа се решава лесно и елегантно.....решението постои и не треба топла вода да се измислува....

...се вработуваат наши професионални водичи во позначајните објекти и тие како и сегде во нормалниот свет ќе имаат за задача да ги преземаат поголемите групи туристи и тоа без пардон и обзир имале или немале тие водич..едноставно таков е куќниот ред...

....и за неорганизираните групи важи истиот прицип.....т.е. кога ќе се подсобере група од поединечни туристи им се доделува водич или пак турите на водење се на временски периоди.
 
Да и често да се праќа некој да провери што всушност зборуваат, да не им текне да си го шетат паметот.

Се согласувам дека мора нешто да се превземе.
 
О мамата нивна, море само ќотек и бесње за јајца... ти дошол во двор за да те негира, како немам среќа да го слушнам некој кај што го грака тоа :sakas_ust

Се сложувам потполно....а она што боли повеќе е дека и нашите македонски водичи,си кажуваат и по некој искривен-лажен факт,само да им се додворат на странците.:pov:
Што би се рекло рани куче да те лае :nesvest:
 
Ова не е од вчера,ова се случува многу години наназад.
Лично го имам забележано ова уште 90те.
Блгарче објаснува на група туристи како тврдината што ја гледаат е на блгарскиот крал Самуил бла бла.
Ова мора да се реши,најдобро е како што некои веќе споменаа,со вработување на професионални водачи во сите побитни и попосетувани објекти.
 
Се сложувам потполно....а она што боли повеќе е дека и нашите македонски водичи,си кажуваат и по некој искривен-лажен факт,само да им се додворат на странците.:pov:
Што би се рекло рани куче да те лае :nesvest:

Многу се дружељубиви, ситни пари ги прават мали луѓе кои не можат да му одолеат на искушението притоа не размислувајќи дека самите си плукаат во лице, се разбира и на сите нас. А странците после си имаат уште едно посилно алиби за негирање на нашата историја.
 
треба да се припази кој се шета низ нашата земја и кој шо кажва ... испаѓа дека кој шо сака можи да си прај кај нас си идат и викат не сме Македонци други идат и си копат кај сакат и шо сакат ... треба еднаш да се воведи кај нас ред ...
 
па би требало сите културно историски споменици во државава да си имаат свои водичи кои ќе ги водат туристите низ објектите.
а за странските водичи кои ја искривуваат вистината би требало на некој начин да може да се казнуваат.
 
Никаде каде што сум била, не дошол со мене водач од Македонија да ми раскажува за Љубљана на пример. Многу е јасно дека водичот си потекнува од земјата која што ја промовира. Дури, на пример, барем за мене Словенија е најорганизирана во тој поглед. При разгледување на Постоинска Јама, си имаш 5 водичи (мислам) на српски, словенски, англиски, германски, италијански. И си чекаш да се соберат 10-15 души и си влагате секој со својот водич на разгледување. Замислете некој од Скопје да си дојде, да си влезе во Постоинска Јама и да си раскажува за неа??? Каква е таа глупост???
 
Е така треба и кај нас да направат со повеќе водичи што знаат повеќе јазици и на пример дојде Французин и да му објаснува на француски и сл. А тоа што викаш за некој наш да отиде во Постојна Јама и да раскажува се слагам со тебе, најголема глупост е според мене тоа. :)
Штета кај нас што нема такви водичи некои асални да им кажуваат на странците. Ние па и немаме водичи :D
 
Во Македонија нема закон за забрана на странски туристички водичи.
Како и кај сите,така и кај нас треба да се регулира,секој да си ја прикаже својата земја со свој водич,поткрепено со историски факти и сознанија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom