Јас сум против изградба на црква на плоштад, и тоа од чисто естетски и практични причини. Прво не можам да спојам црква и војсководец на плоштад, второ на десет минути од плоштадот има голема црква, така да нелогично ми е уште една да градиме. Сум за цркви да се градат во некои поголеми скопски населби како Карпош или Аеродром, каде што практично ги нема. А што се однесува за споменик на Александар, сум ептен ДА. И тоа не само на Александар и на Филип треба да му се гради, макар и криза да имало. Ако сум ја у прашање, би направил една колективна скулптура на цела македонска фаланга, како ги гази грците на Херонеја и цел плоштад да личи на бојно поле. А исто така да се направат скулптури на сите македонски антички кралеви, кои би биле поставени во секој македонски град. Она за што сум многу против е поставување на безвезни уметнички скулптури, како: бикови, шмизли, чистачи на чевли и други безвезалии. Исто така слушнав дека ќе се градел и хотел на плоштадот кој ќе бил налик на антички храм. Мене идејата многу ми се допаѓа, меѓутоа сметам дека нема да биде во согласност со изгледот на Сити Галери и блокот згради каде што е лоцирана пицеријата Дел Фуфо, кои што се прилично комуњарски градби по изглед, за еден плоштад. Затоа предлагам да се урнат овие две градби, исто така да се урне и спејс шатлот пред ЕСМ сосве ЕСМ, и на нивно место да се изградат обијекти со антички изглед, така и плоштадот би изгледал поубаво и би бил похомоген, а и никој нема да се жали дека било кич. Што се однесува на останатите споменици, да се рапределат низ цело Скопје. Не мора све на плоштад да ставиме, а и плус многу селско ќе личи ако измешаме скулптури од различни временски периоди.