22-метарски апдејт
Александар велик осум ката
Тодоровиќ ја пофали Владата што успеала да работи домаќински и да одвои пари, како за земјоделството, образованието и за здравството, така и за разубавување на главниот град
Мини-верзија на споменикот на античкиот војсководец Александар Македонски, кој во конечната верзија ќе биде висок 22 метри
Споменикот на војсководецот Александар Македонски висок колку осумкатна зграда (22 метри) најдоцна до октомври в година ќе биде поставен во центарот на Скопје на плоштадот Македонија. Градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ вчера на прес-конференција ги потврди договорите со италијанската леарница „Фондерија артистика Фердинандо Маринели“, кои ексклузивно ги објави „Дневник“. Потврдено е и дека сумата што ќе биде платена за 16 скулптури и споменици е 10 милиони евра.
Тодоровиќ деновиве се вратил од Фиренца, каде што лично се уверил во „грандиозноста, убавината и од големината на Александар Македонски“. Тој го правда трошењето пари за споменици и, иако тие ќе бидат поставени во време на светската економска криза, ја пофали Владата што успеала да работи домаќински и да одвои пари, како за земјоделството, образованието и за здравството, така и за разубавување на главниот град. Сепак, рецесијата нема да остане без последици за проектот: пет од предвидените 16 скулптури и споменици ќе бидат одложени за подобри времиња - Јустинијан Први, Христијан Тодоровски-Карпош, Гемиџиите, Св. Кирил и Методиј и Св. Климент и Наум Охридски. Тие било најлесно да се одложат оти за нив уште немало избран изведувач. Досега на леарницата и се исплатени 20 отсто од вкупната сума или околу 2 милиона евра. Како што „Дневник“ веќе објави, 40 отсто ќе се исплатат по завршувањето на леењето на скулптурите и уште 40 отсто кога ќе заврши монтирањето.
- Од сите предвидени скулптури, само една е од античката историја и тоа таа на Александар Македонски, која чини 4,5 милиони евра и која ќе биде поставена во средина на фонтана, со придружни содржини, како што може да се види од фотографиите од Фиренца, тоа ќе бидат војници на фалангата. Сите иницијативи се во согласност со Законот. Изборот на споменици е направен според процедура и се распишани конкурси, кои поминаа без приговор - тврди градоначалникот на Центар.На новинарско прашање дали избраните решенија Општината требала да и' ги претстави на јавноста и да направи изложба, Тодоровиќ одговори:
- Трудовите за Александар Македонски и за другите скулптури ги оценувало меѓународно жири и изборот на идејното решение беше објавено во „Нова Македонија“, не се сеќавам на кој датум. Се распиша меѓународен конкурс за изработка на скулптурите во бронза и тие беа објавени во „Службен весник“ и во службеното гласило на Европската Унија.Леарницата од Фиренца е избрана бидејќи леарниците од соседните држави биле со послаб квалитет.
- Се' што е квалитетно чини многу. Споменикот на Александар Македонски ќе биде поставен во средината на плоштадот, каде што сега има цвеќиња. Деновиве ќе го оградиме просторот и ќе почнеме со изработка на фонтаната. Иако земјиштето е на Градот, тие ни издадоа дозвола за изградба на фонтана и на споменик. Од Министерството за транспорт и врски на Градот ќе му ја одземат 99-годишната концесија за плоштадот Македонија - вели Тодровиќ..
Иако во договорите за леење на спомениците што општината ги потпиша со фирмата „Фондерија артистика Фердинандо Маринели“ се вели дека ниту една од договорените страни без претходна писмена согласност, не смеат да откриваат информации за договорот, градоначалникот својата прес-конференција ја објасни како „реакција по неверојатниот медиумски притисок“ за што усно се консултирале со леарницата. Коњаничките скулптури на Гоце Делчев и Даме Груев ќе бидат со постамент од 3 метри и со висина од 5 метри и ќе ги изработува леарницата „Маринели“, а скулптурата на цар Самуил и Методија Андонов-Ченто ќе ги изработува сестринската компанија „Бацијанти“ и ќе бидат од мермер. Тодоровиќ вели дека за изработка на еден е од спомениците што ќе се одложат во просек требало да се платат 800.000 евра.
Познатата италијанска леарница е основана во 1905 година од Фердинандо Маринели и е позната по квалитетно лиење скулптури со користење на архаичниот метод со восок и рачна изработка каква што користеле ренесансните мајстори. Во 1922 година почнала да изработува големи бронзени скулптури како што се коњанички скулптури, орнаменти и фонтани. Клиенти им биле Ватикан,Соединетите Американски Држави, Полска, Унгарија, земји во Јужна Америка, Канада... Како едни од позначајните нивни изработки се оградата на монументалните скалила во Музејот во Ватикан, портите во Катедралата „Св. Павле“ исто така во Ватикан, скулптурата на Ајзенхауер во Лондон, реставрација на скулптурите во палатата Кремљ во Москва.
Фуере: Воздржете се
Очекувам Владата да се воздржи од сите одлуки што му пречат на процесот што го води Метју Нимиц, изјави евроамбасадорот Ерван Фуере, за изградбата на повеќе споменици во последно време во Македонија. Сите владини ресурси во време на светска ресеција ќе бидат концентрирани на економски развој на државата и намалување на невработеноста и сиромаштијата - изјави тој. (Љ.Ш.)
Шмизли, бикови и криза
Бидејќи сакате да се споредувате со паметни влади, кажете ми барем еден пример од Вашингтон до Тирана на влада што во ек на светска економска криза дава 10 милиони евра за споменици и скулптури од типот „шмизли“ и „бикови“, го праша пратеникот Игор Ивановски премиерот Никола Груевски на вчерашната собраниска седница на која побара одговор и каде се ветените осум милијарди евра од изборната кампања.
- Немојте да карикирате, тие проекти се почнати во 2006 и 2007 година, кога БДП имаше раст од 9,7 отсто, а извозот беше зголемен за 60 отсто. Владата сметаше дека тоа се добри проекти за државата и граѓаните и реши финансиски да и' помогне на општина Центар - рече Груевски.Ивановски не беше задоволен од одговорот, но пред да ја напушти собраниската сала му порача на премиерот: Свртете се само два реда зад вас и министерката за култура ќе ви каже дека 8,5 милиони евра од буџетот на Министерството лани во декември се префрлени на сметката на општина Центар. Значи, во екот на кризата и токму кога ја замајувавте јавноста со првите преземени антикризни мерки ги дадовте парите за споменците.
========================================================================================
Ја поддржувам општина Центар и Владата на РМ и ако е можно би сакал сите пари кои ги поседуваме во буџетот да ги пренамениме за изградба на споменици. Однапред благодарен, загрижен за културата-граѓанин
![Пипи :pipi: :pipi:](/styles/default/xenforo/emot/pipi.gif)