Пишав пред некој ден и сега пак ке пишам поопширно.
Некој го сфака форумот доста сериозно.Имам забележано дека некој нонстоп е онлајн.Додуша и јас не сум цвет за мирисање и го тепам времето на форумот кога нема што да се прави.Ама не толку често како некој на кој испага дека форумов му е како работно место
Друго,имам забележано дека некогаш навистина не може да се развие дискусија и обично секој разговор завршува со кавги,расправии,пцовки и на крај завршуваат со бан.Тоа се некои напалени душички кои не можат да излезат очигледно од виртуалниот свет и се заробени во светот на интернетот.
Како што кажаа некои кој сака заебанции има ЧДА.
Ме нервираат и оние кои се попалени по репутацијата,ми фали уште толку поени за толку квадратчиња како да добива некоја награда за тоа:nesvest:
Трета работа некогаш се отваараат многу глупи теми ке ја спомнам веке банираната членка
NIM.Eднаш и беше даден бан за два дена од отварањље глупи теми како на пример зошто постојат досадни луге?:uvo:е ајде де ти кажи ми зошто постојат и изгледа не ја сфати фората и доби перманентен бан.
Зборот ми беше дека некогаш се отвараат теми за кои не им е местото овде.
И за на крај сум забележала дека има овде многу исфрустрирани личности како што беше примерот со
Harry Solomon баниран член кој ги врегаше Велешани.
Не ми е целта да го навредам или такво нешто но сепак ме нервират такви работи.
Ми дошол да соли памет како којзнае што се случило толку во неговиот живот па не ги сака нив.
Можеби забегав малку од темава но сепак си го кажав моето мислење:smir: