Теми за размислување... [Што е форумот денес?]

M

marsovka

Гостин
@Marsovka
Зошто? Јас не сум гневен на цел свет од икс причини кои не сака да ги наведувам тука бидејќи не се дел од темата, како и не сум "премудар" yet mostly unsubstantiated, а и не "контрам" колку да се противам, ниту пишувам километарски постови за да се чувствува фино или пред огледало си импонирам, напротив.

Not wholly aimed at you, туку како пример на мнозина кои така прават.

:smir::smir::smir::smir::smir:
Ахам сакаш да пастирам линкови од теми каде летале глави закани со пиштоли чисто да се видиш себе си, навреди еден куп ? Секој од нас си имал свој момент само што разликата е што се забораваме себе си да се ѕирнеме .

Извини вака али јас ти личам на нарцисоидно створење кое си љуби слика, коа пишувам пишувам до танчина објаснето затоа што има интелектуалци кои вадат од контекст реченици па треба да им цртам со уште 15 реплики / Кога споменуваш примери погледни се себе си во редовна војска контраше из инат. Да продужам,?Сеа више не ни контрам и кога треба да контрам ради вакви постови, ако контраш тогаш си ваков таков ако се објасниш се убаво до танчина во еден пост пишуваш постови за љубиш своја слика .
:smir::smir::smir:

За ова зборев во последните два поста .
Гневен на цел свет my ass

И да знам дека не е за мене наменето, само ти имаш проблем со перцепцијата очигледно -.-
 
B

Borg_Drone

Гостин
Се надевам Борг дека нема да се случи тоа, всушност знам дека нема, бидејќи уште на почеток реков, нема потреба од ригорозни мерки или слично.

Кој уништува дискусија, на игнор од другите, клик на дугмето пријави лошо мислење
, со образложение дека е оф топик, и терамо даље со убава дискусија, а на модераторите (го нема Маркус во религија додуше) е место да бришат инбокс со известување за пријавено лошо мислење, да отидат и забришат и модерираат бидејќи тоа им е јебена работа, штом се нафатиле, а не да ми мрсимудат наоколу (чест на исклучоците) како оние му праат запуш на белокосион небесен.

Ти теквит!
И јас се надевам дека нема да се случи тоа, но пишувам што ќе се случи ако гледаат луѓето од координативното тело, на работите од „своја призма“.....
Не знам како си ја вршат работата модераторите, ниту пак сакам да се мешам тука, но ако (значи ако) е така како што велиш ти, тогаш треба администраторите да си превземат мерки и да ги отстранат тие модератори кои не се активни, и кои не си ја вршат работата.А ако не превземат мерки, тогаш напишав што ќе се случи, можеби не одма но подоцна и те како ќе се случи тоа сценарио.
Не сакам да солам памет, не ме разбирајте погрешно, само си давам свое мислење.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Марс.
Ајде сега препорчитај се, види дали не е контрање, потоа граматички исправно, за на крај да ме прочиташ уште еднаш, увидиш што сум сакал да кажам, за да не цртам и потоа, да резимираме.

Има разлика во мојот начин на цинизам/сарказам/хвалоспевие од обично ај хејт лајф ин џенерал контрање.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Факт е дека се провлекува еден синдром на самобендисаност, кој ни прави проблеми со самокритичноста, па затоа запаѓаме во долги и често непродуктивни препукувања по темите. Она за кое декларативно се залагаме или поточно речено за ред и правила на форумот, држиме лекции за правила кога некој друг прекршува правила, но, но кога ние сме гушачите на добра дискусија тогаш, е тогаш вообичаено се повикуваме на правото за покажувањето на нашето виртуелно мускулесто тело, притоа помагајќи си со богатиот арсенал на несекојдневниот речник од нашето богато некултурно наследство. Тогаш се наоѓаме обесправени па плачеме секаде каде што ќе стигнеме. Факт е дека правила има и треба да се почитуваат, но и факт е дека правилата се измислени за да се изигруваат. Поентата е колку тоа го правиме со вкус. Е сега за вкусовите не се дискутира, но затоа се тука оние кои што се задолжени за одржување на овој форум, па по сила на правилата треба и да проценат, кој е кој и кој за каде е! Оти ние какви сме за никаде не сме! (не генерализирам, ги посочувам само оние кои ќе се пронајдат во последното)
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Би издвоил два проблеми (според мене проблеми се):

- Првиот - мнозинство форумџии го сваќаат форумот како место за докажување на тоа колку знаат и умеат, не гледајќи во што ги претвораат своите коментари и темите на кои дискутираат. "Дискусиите" наликуваат на битки, во кој очајно се бара некој победник. Не се гледа дали некој ќе се навреди од нашите коментари, туку напротив пробуваме да навлечеме некој на конфликт, денес чекаме скалп од некој друг член на форумот. Поимот како дискусија на многумина не ни е јасен, усогласување на мислења нема, наоѓање на средината нема.

- Проблем број два - кога ќе ја видам темава и вакви слични коментари "На скоро сите постови од Sirian Spirit :pos::)" Може и да се заебава,ама дечкото е легенда.Нема еден ни салам пост гледам токму тие нови членови на што се палат, смеат, што им е интересно, добро за читање. Изгледа изигрувањето на идиоти со сила е токму она што сите треба да го правиме.

Во право беше Гаро, ние го правиме форумот, онаков каков што е.
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
Би издвоил два проблеми (според мене проблеми се):

- Првиот - мнозинство форумџии го сваќаат форумот како место за докажување на тоа колку знаат и умеат, не гледајќи во што ги претвораат своите коментари и темите на кои дискутираат. "Дискусиите" наликуваат на битки, во кој очајно се бара некој победник. Не се гледа дали некој ќе се навреди од нашите коментари, туку напротив пробуваме да навлечеме некој на конфликт, денес чекаме скалп од некој друг член на форумот. Поимот како дискусија на многумина не ни е јасен, усогласување на мислења нема, наоѓање на средината нема.
Апсолутно , Ако не го цитираш некој , нема да ти обрнат другите форумџии внимание на тоа што си го кажал ... да нема реакција на твојот пост , е исто како залудно да си го напишал .... А кој сака да се чуствува запоставен ???
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Апсолутно , Ако не го цитираш некој , нема да ти обрнат другите форумџии внимание на тоа што си го кажал ... да нема реакција на твојот пост , е исто како залудно да си го напишал .... А кој сака да се чуствува запоставен ???
Не е работата до цитирањето. Јас имам само седено на форум, читано коментари од форумџии кои што лично мене ми се интересни, среќавано многу добри коментари, но сепак, само сум читал. Тие не се запоставени, зошто би биле запоставени. Не има во голем број денес само што читаме, утре ќе пишуваме, задутре пак ќе читаме. Она што е добро и квалитетно секогаш ќе биде забележано. Никогаш нема да биде залудно напишано. А, ако некој подразбира дека коментарот му е залуден, по тоа што не добил репутација, тоа си е негов проблем, можам доколку сакам да дадам репутација само на трите најдобри коментари што денес ќе ги прочитам. А, не на трите членови со коишто најмногу си го имам.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
И така мраморецот ја виткаше чоколадата :icon_lol:, добро е што има вакви теми каде што не мора да се мисли туку само да се контрира :icon_lol:.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Интересно е форумчево, не пишувам секогаш, но редовно читам. Денес форумов не е ни малку полош отколку пред 2 години, едни заминуваат, доаѓаат други интересни дечки кои имаат што да кажат.

А квалитетот на дискусија се посебно се зголеми откако се тргна подфорумот Политика (алудирам на ботот наречен Суциден Месија)
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
27 годишен се расправа со 18 годишен и вие се чудите зашто нема квалитетни дискусии. ха-ха
Аха,значи јас треба да си молчам пошто имам 27.А како 18 годишен треба да се нафрлиш на првиот пост што ке те испровоцира
:tapp:

Порано и се нафрливте повеќето на јуник оти немала почит кон гарфилд.

И сеа...што е правилно?
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Аха,значи јас треба да си молчам пошто имам 27.А како 18 годишен треба да се нафрлиш на првиот пост што ке те испровоцира
:tapp:

Порано и се нафрливте повеќето на јуник оти немала почит кон гарфилд.

И сеа...што е правилно?

Не знам шо не ти беше јасно у она што го напишав, реков дека 27 годишен се расправа со 18 годишен.
Ко ја да зеам сеа да се расправам со некој 11 годишен член.
Кажуај си ти ако сакаш, шо сакаш, како сакаш.
Ич не ми е гајле.
Не се замарам со тоа.
Само ми е лејм коа паѓаат у несвест зашо форумов е ваков или онаков без да ги сфатат разликите на генерциите.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
najprvo... diskusijava otide vo sosema druga nasoka ili kako sto ke rece Marsovka, vo "makedonska". Se zapocna so toa kako forumot nekogas bil a kakov e denes za da se zapocne diskusijata "Jas ako bi bil cak noris na forumov, bi..."

E sea koga veke pocnuvame da diskutirame bi zapocnal so toa deka forumot e takov kakov sto e. Pogresno e, ustvari ne... individualen e odgovorot bidejki sekoj clen tuka e zaclenet po svoja volja so svoja pamet. No ima edna zaednicka osobina, vsusnost bi gi narekol zaednicki fazi na clenovite. A toa go imase dobro elaborirano eden clen.
Faza 1 Clenot e zaclenet neodamna i go istrazuva terenot za sebeekspooniranje, debata, diskusija. So samoto toa toj gi analizira i forumskite likovi: na kogo moze da mu se kacuva na glava, so kogo moze da se majtapi, na kogo da mu se prikluci vo diskusijata. So toa tuka fazata eden preogja vo
Faza 2. Clenot e povrsno zapoznaen so forumot i negovite zbidnuvanja. Toj istotaka misli deka go poznava sekoj forumski lik (pa duri i ponovite) so sto prodolzuva negovoto kacuvanje na glava, pravenje muabet so novite prijatel4inja... Tuka se pojavuva i zelbata da se zapoznaat i interesnite forumski likovi koi se misli deka ke bidat tolku interesni i vo zivo. So zapoznavanjeto na likovite se preogja vo
Faza 3. Clenot e zapoznaen sega so nekolku clenovi vo zivo, pri toj ja prepoznava i temnata strana na virtuelniot svet. Kako sto ima vo pubertetot prvite razocaruvanje vo ljubovta taka i tuka. No sepak, clenot prodolzuva da pisuva vo "kvalitetnite za sebe" temi nadevajki se deka ke stekne uste poveke ne/prijateli. Po odredeno vreme toj cuvstvuva forumska zagusenost poradi toa sto veke temite koi se interesni za nego se iscrpeni a pak ostanatite ne go privlekuvaat ili pak pisuva i vo niv (prokenjuva najcesto) kolku da si ja izleci daktilodijareata.
Faza 4. E sega tuka se naiduva na raskrsnica.
Toj moze da prodolzi, ako i samo ako celiot forum go sfati samo kako eden vid razonoda. Na forumot ne se delat nobelovi nagradi, ne se stanuva mnogu popameten no se postignuva edna pridobivka - Edno iskustvo poveke. Da se navratam, toj sto ostanuva (poradi razonoda neli) ne obrnuva mnogu na toa dali hristos koga bil raspnat, glavata mu bila na levo ili na desno, ili pak dali vanzemaljcite se pratatkovci na na majmunite ili ne... Toj e tuka najcesto (za zal) za seir ili da se informira za casual zbidnuvanjata.

Dodeka vtorata grupa (bi ja narekol) odi na privremen/dozivoten odmor od nego. Pricinite se sosema privatni i mislam se dodeka clenot saka da ostanat kako takvi, podobro e da mu ugodime (normalno ako go zasluzuva toa)

Ke zaboravev... ima i takvi koi uste od prvata faza preminuvaat vo cetvrtata. Toa se forumski likovi koi se dojdeni tuka samo za razonoda.

I za kraj e recam edno... Ne vredi mnogu da se gleda vo minatoto. Too much having sex with it will make the future full of shit.

P.S. Se izvinuvam za latinicata, od mobilen pisuvam.
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Цел божји ден, ја следам темава. И шо не видов:

- настрвени недозреани дечиња (и не, не зборам за години) кои жудно си сакаат да си докажат некоја поента, за која ни самите не се свесни дека се контрадикторни сами на себе, од еден пост во друг,

- очајни виртуелни никови, со не знам какви реални ликови, кои без капка креативност би пишале пост/отвориле тема, само за да нивните мислења се најдат во топ темите на врвот на листата на рандом кликање на Нови Мислења,

- паметни никови, со уште попаметни ликови (кои најчесто завршуваат или недоискажани или потиснати од некаква страна сила; или генерално несфатени, токму поради проблемот кој темава од петни жили се труди да го постави. А не и успева, ќе пробам да кажам зошто),

- ...и по некој, стандарден и исклиширан дудлач. Ама, за таквите, не би зборувал. Крај краева, знаат понекогаш да ти го направат моментот убав, кога ќе им ги прочиташ излитените мудросувања и уште побледите стратегии.

Како прво, само накратко околу ова: Што читате, кога ќе ја отворите насловната страна на форумов? Јас, го читам следното: „Кајгана форум - најмасовниот македонски форум за дискусии во мрежата“. Што, по моја логика би дошло, дека тука се зачленуваат (ок, не мислам стопроцентно) луѓе кои имаат желба да дискутираат. Одтука следува, на секого му е дадено право да дискутира. Одтука следува - бајрам со умот е да ограничуваш (или мислиш дека можеш да ограничиш) дискусии според старосна разлика. Може не секој е добар во секоја бранша (како што не е ни авторов на темава, иако тврди дека е, таму вопочетните постови), али, ако некој помлад гледаш дека ти парира во муабет - испочитувај го. Со тоа, ти ќе видиш до каде твоето „старосно искуство“ ти дало памет, а истовремено ќе му овозможиш убав тренинг на мозокот на некој помлад од тебе - кој можеби нема да ти се заблагодари во моментот, може нема никогаш - но, твојата цел, ќе е постигната. ОК, освен ако не сакаш сувопарно да се караш со некој помал, зашо ти се може.

Него да продолжам со мојов долг и досаден пост - темава е промаш. За да не употребам повалкан збор. Не од страв да не ми го избришат мислењево (заш нели, овде ние билдаме мислења), него од шо не ми дозволува општата култура. Вака виртуелно. Јавно, би било поинаку :)

Зошто е промаш? Кога веќе отвараш тема, на која сакаш објективни размислувања од сите форумџии (пошо ако сакаш мсн муабет, прај си го на мсн, не на јавен форум), ВО СТАРТ не треба да ја насочуваш истата кон одреден тип на одговори, или одредена група на членови - оние кои би се согласиле со тоа мислење. Или, и ако веќе не можеш толку добро да ја срочиш, барем grow a pair и биди објективен и непристрасен кон понатамошното водење на истата. Што зборувам? Нема да цитирам, испод части ќе ми е искрено, на оваа тема да го правам тоа. Али, препрочитај(те) ги првите страници, ќе стане појасно. Најголема доблест на соговорникот е да знае да прифати и оцени спротивно мислење од неговото. Авторот би требало да е свесен за тоа, со оглед неговата висока котација на жолтиве страници. Или... а?

Али, да бидам малку по он-топик (во случај ова целово досега напишано некој да го шкртне како обратно... а можда и ова одсега) : За да бараш да има размислување на теми, за да бараш квалитетна дискусија, примарно треба сам да знаеш да одржуваш таква дискусија. А, само мал фрагмент од доказите дека не е така: кога некој се обидува со некој пост да ти докаже поента, а ти од тој целиот пост земаш еден збор, една нецелосна фраза или (во најдобар случај) една реченица, и потполно го извртуваш контекстот на напишаното, поради плитка самоодбрана - па немој да бидеш толку маскиран, и да бараш развивање на „објективна дискусија за квалитетот на дискусијата на форумот“. Да не навлегувам во водите на оценувањето на постови и личности од страна на авторот, уз року службе.

Квалитетни дискусии, квалитетни членови имало и ќе има. Деца, кои се бараат низ форумов, и истиот им дава влијание врз нивниот живот и ги воспитува, исто: имало и ќе има. Ако некој сака да се подигне нивото на квалитетот на дискусијата, треба да е свесен дека тој се подигнува со постирање квалитет на сите теми - а не генерална скепса тривијално навлечена во една тема.

Форумов содржи толку многу знаење, толку многу информации во него, што заслужува да биде почитуван. Тоа сум го сфатил, откако сум го запознал темелно. Тоа ќе го сфатат и новите членови кои доаѓаат, кога и тие ќе го запознат. Болката е во оние кои го запознале, се развиле на неговите страници, а го оштетуваат со лоши влијанија. Со... травестии. Од теми и постови.

Не се сметам нити за еден од паметните, ама нити за еден од глупавите. Само знам да проценам памет, според нешто виртуелно напишано, или реално постапено. Само затоа, си дадов за право да го дадам моето мислење по тема. Однапред благодарен. Не би враќал на цитати, да не ја валкам поентава која сакав да ја докажам.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Quis custodiet ipse custodians?
Мислам дека "ipses" e правилно :)

Инаку, конкретно фразава-рилејтед, што се однесува до чуварите на чуварите, имаше еден предлог тоа да бидат самите членови нели, али ултра-паметните му ебаа мамата и на тој предлог : )))

Кога повеќето би имале свест и совест, толеранција кон размислувањата на другите и поинаквите, култура на однесување, комуникација и дебатирање, нема да има потреба од чувари, ниту од чувари на чувари. Штета што тоа е утопија.

Гледајте на форумот само како на софтвер кој дреме на некој си таму сервер, алатка која ви овозможува да учествувате во дискусии. А од вашата тастатура, се создава или руши нивото на форумската култура :)
 
S

smart ass

Гостин
Форумот е...Форум за дискусија за заебанции има ЧДА,туку проблемот е во културата на граѓаните(членовите) јас приметив дека по елиминирањето на политика и вести има поквалитетна дискусија...

И се разбира годините не треба да се земаат како критериум туку аргументите-тоа е дискусија а не млатење вода.

Инаку сепак на крај краеви е до нас... и до немањето на ОСНОВНА КУЛТУРА,а после таа следува форумската:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom