Цел божји ден, ја следам темава. И шо не видов:
- настрвени недозреани дечиња (и не, не зборам за години) кои жудно си сакаат да си докажат некоја поента, за која ни самите не се свесни дека се контрадикторни сами на себе, од еден пост во друг,
- очајни виртуелни никови, со не знам какви реални ликови, кои без капка креативност би пишале пост/отвориле тема, само за да нивните мислења се најдат во топ темите на врвот на листата на рандом кликање на Нови Мислења,
- паметни никови, со уште попаметни ликови (кои најчесто завршуваат или недоискажани или потиснати од некаква страна сила; или генерално несфатени, токму поради проблемот кој темава од петни жили се труди да го постави. А не и успева, ќе пробам да кажам зошто),
- ...и по некој, стандарден и исклиширан дудлач. Ама, за таквите, не би зборувал. Крај краева, знаат понекогаш да ти го направат моментот убав, кога ќе им ги прочиташ излитените мудросувања и уште побледите стратегии.
Како прво, само накратко околу ова: Што читате, кога ќе ја отворите насловната страна на форумов? Јас, го читам следното: „Кајгана форум - најмасовниот македонски форум
за дискусии во мрежата“. Што, по моја логика би дошло, дека тука се зачленуваат (ок, не мислам стопроцентно) луѓе кои имаат желба да дискутираат. Одтука следува, на секого му е дадено право да дискутира. Одтука следува - бајрам со умот е да ограничуваш (или мислиш дека можеш да ограничиш) дискусии според старосна разлика. Може не секој е добар во секоја бранша (како што не е ни авторов на темава, иако тврди дека е, таму вопочетните постови), али, ако некој помлад гледаш дека ти парира во муабет - испочитувај го. Со тоа, ти ќе видиш до каде твоето „старосно искуство“ ти дало памет, а истовремено ќе му овозможиш убав тренинг на мозокот на некој помлад од тебе - кој можеби нема да ти се заблагодари во моментот, може нема никогаш - но, твојата цел, ќе е постигната. ОК, освен ако не сакаш сувопарно да се караш со некој помал, зашо ти се може.
Него да продолжам со мојов долг и досаден пост - темава е промаш. За да не употребам повалкан збор. Не од страв да не ми го избришат мислењево (заш нели, овде ние
билдаме мислења), него од шо не ми дозволува општата култура. Вака виртуелно. Јавно, би било поинаку
Зошто е промаш? Кога веќе отвараш тема, на која сакаш објективни размислувања од сите форумџии (пошо ако сакаш мсн муабет, прај си го на мсн, не на јавен форум), ВО СТАРТ не треба да ја насочуваш истата кон одреден тип на одговори, или одредена група на членови - оние кои би се согласиле со тоа мислење. Или, и ако веќе не можеш толку добро да ја срочиш, барем grow a pair и биди објективен и непристрасен кон понатамошното водење на истата. Што зборувам? Нема да цитирам, испод части ќе ми е искрено, на оваа тема да го правам тоа. Али, препрочитај(те) ги првите страници, ќе стане појасно. Најголема доблест на соговорникот е да знае да прифати и оцени спротивно мислење од неговото. Авторот би требало да е свесен за тоа, со оглед неговата висока котација на жолтиве страници. Или... а?
Али, да бидам малку по он-топик (во случај ова целово досега напишано некој да го шкртне како обратно... а можда и ова одсега) : За да бараш да има размислување на теми, за да бараш квалитетна дискусија, примарно треба сам да знаеш да одржуваш таква дискусија. А, само мал фрагмент од доказите дека не е така: кога некој се обидува со некој пост да ти докаже поента, а ти од тој целиот пост земаш еден збор, една нецелосна фраза или (во најдобар случај) една реченица, и потполно го извртуваш контекстот на напишаното, поради плитка самоодбрана - па немој да бидеш толку маскиран, и да бараш развивање на „објективна дискусија за квалитетот на дискусијата на форумот“. Да не навлегувам во водите на оценувањето на постови и личности од страна на авторот, уз року службе.
Квалитетни дискусии, квалитетни членови имало и ќе има. Деца, кои се бараат низ форумов, и истиот им дава влијание врз нивниот живот и ги воспитува, исто: имало и ќе има. Ако некој сака да се подигне нивото на квалитетот на дискусијата, треба да е свесен дека тој се подигнува со постирање квалитет на сите теми - а не генерална скепса тривијално навлечена во една тема.
Форумов содржи толку многу знаење, толку многу информации во него, што заслужува да биде почитуван. Тоа сум го сфатил, откако сум го запознал темелно. Тоа ќе го сфатат и новите членови кои доаѓаат, кога и тие ќе го запознат. Болката е во оние кои го запознале, се развиле на неговите страници, а го оштетуваат со лоши влијанија. Со... травестии. Од теми и постови.
Не се сметам нити за еден од паметните, ама нити за еден од глупавите. Само знам да проценам памет, според нешто виртуелно напишано, или реално постапено. Само затоа, си дадов за право да го дадам моето мислење по тема. Однапред благодарен. Не би враќал на цитати, да не ја валкам поентава која сакав да ја докажам.