Теми за размислување... [Што е форумот денес?]

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Пази молим ти се зошто да се потрудиме да најдеме пиратска верзија на англиски книга на ниче?Кога можеме да пишуваме глупости по форум и траскаме свашта у играчница?

луѓето се такви ,повеќето бираат забава бидејќи тоа е најлесно да се прави мислам полесно е да гледаш некој јутуб сеир клип отколку да прочиташ пристојна книга на нет или да побараш во врска со нешто повеќе....

се почесто кајгана станува суровиот реалнет живот за жал.....
А зашто “досадните“ и “големи“ книги се услов за добро потрошено време? Зарем не си се соочила во некој момент дека некоја огромна книга е безпотребно разглобена на милион начини кои би можело да се склопат во едноставно читиво кои секако би го прочитале сите? Според мене едноставноста е врв на креативноста. Од една мисла пишана, милион мисли произлезени.

А тоа за клиповите и сеирот против книги. Тоа е вкус. Како да споредиш опера и рап музика. И двете се музика и уметност али не се исто прифатени.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Eве, јас сум на форумов од септември 2006, кога бев 14 годишно пубертетливче, од времето кога Дивајн, Форчн, Мацедалиен и Бибика и многу други членови (некои од нив веќе не го посетуваат форумов) отвораа теми на кои навистина не жалев што трошев време да ги читам и да учам од нивните животни искуства. Не дека тогаш немаше тролови, запалени навивачи, спамери, напалени, какви се` не, но темите отворени од нив беа ценети и со многу повеќе реплики отколку убавите теми кои се отворани денес. Искрено, да можам би го вратила времето тогаш.
Mај поинт екзекли..
Тогаш имало 100-тина членови и нормално е дискусиите да се сведуваат на убави,филозофски и интелектуални дебати..
Ама која има илјадници членови не можеш да очекуваш да има иста таква дискусија..
Различни карактери,интересирања итн.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А што има веза дали некој пишува долги постови? Од кога е грев некој поопширно да се изразува? И јас знам некад да пишам долги постови. И сеа јас сум тупаџија а? Е па ок, извинете што тупам и филозофирам. И мене ме нервираат постови со да и не, па никому ништо. И башка овде не се работи за долги постови, него за темите конкретно.
 
M

marsovka

Гостин
А зашто “досадните“ и “големи“ книги се услов за добро потрошено време? Зарем не си се соочила во некој момент дека некоја огромна книга е безпотребно разглобена на милион начини кои би можело да се склопат во едноставно читиво кои секако би го прочитале сите? Според мене едноставноста е врв на креативноста. Од една мисла пишана, милион мисли произлезени.

А тоа за клиповите и сеирот против книги. Тоа е вкус. Како да споредиш опера и рап музика. И двете се музика и уметност али не се исто прифатени.
Има некои работи кои песна ,или филм не може да ги каже едноставно мора со зборови убаво да се напише ,има книги од филип к дик кои се едвај 90 страни а во нив е најдеш многу реални факти,има стрипови кои ретко кој ги чита и таму ќе анјдеш убави мисли и теми за размислување ама кој се потрудил да дојде до нив?
јас сваќам за вкусовите темата е за теми кои одамна би требало да фата мувла а се кативни и сите пишуваат во нив
да не зборам постовите по некои сеиозни теми за кои треба сеопфатно и детално анализирање

Да земе човека да се тркала по под од смеа и потоа да земе и да седне да плаче дека човешвото е позаинтереирано задебел мрсен грк отколку за деца кои умираат од глад
 
R

RAYTHEON23

Гостин
Факт е дека долгите постови никој не ги чита посебно во тема која може да биде едноставна. Пиши кратко - ем те читаат сите, ем повеќе креативност ке ти треба да смислиш нешто паметно во неколку збора.
некогаш сепак имапотреба од подолг текст да не генерализираме:nenene::nenene:
:salut::salut::salut::salut::salut:
 
kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
А што има веза дали некој пишува долги постови? Од кога е грев некој поопширно да се изразува? И јас знам некад да пишам долги постови. И сеа јас сум тупаџија а? Е па ок, извинете што тупам и филозофирам. И мене ме нервираат постови со да и не, па никому ништо. И башка овде не се работи за долги постови, него за темите конкретно.
абе, прочитај првиот пост! со првите 3 реченици имаш вовед, и одбери 2 прашања од 49021834 поставените, па ќе напраиш убава тема. се остало беше вишок!
ок се долгите, не се забранети, ама да се убаво срочени и да водат убава мисла. не испревртени сакам кажам, незнам речам...
подолниот цитат е праведен:
некогаш сепак има потреба од подолг текст да не генерализираме:nenene::nenene:
:salut::salut::salut::salut::salut:
не мразиме долги постови, ама преферираме кратки и јасни. а одредени форумџии имаат долги постови, да ти е мерак да си се зачиташ. ама за тоа не се способни сите, овај, нали?
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
некогаш сепак имапотреба од подолг текст да не генерализираме:nenene::nenene:
:salut::salut::salut::salut::salut:
Затоа постојат категории. Спомени за која категорија на област мислиш и се дистанцираш од другите слични на неа.

Него некој погоре спомна дека има глупи теми во последно време. Има поради фактот на индивидуалното размислување на поединците на форумов. За некои тоа е забава, за некои е место за дискусии, за некои е место за војување, за други е за запознавање на различни луѓе. Многу луѓе, многу размислувања. Кој како подразбира така се однесува.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Да се реплицира или не, прашање е сега? Јас би рекол да.
Фала на сите кои темава ја направивте далеку од она што е. Моите 5874389 прашања резултираа со 3-4 логични одговори од кои добив еден заклучок.
Темите не се активни затоа што има личности кои ете не ги сфаќаат како што треба. Е сега, дали е тоа до способноста за формирање на вовед во тема, или неспособноста за разбирање на истиот, е прашање на кое би одговориле вие. Јас не сум доволно компетентен да зборам.:helou:
 
размена на информации дискусија но секако да бидеме конструктивни..а инаку за подолги постови мислев во историја мистерии па и во свет има неколку...политика е само за фиросување а и многу се навредуваат...за жал дојдов до заклучок дека граганите мислат тоа што ке им кажат нивните политички икони-а не со своја глава...жално е и таму нема интелектуалци..и ја дремам на политика ама таму најмногу тролуваме.

инаки гладиус најверојатно мисли дека со подлги постови подобро се објаснува..но не мора да значи или пак се коси поради тоа што некои теми не се дискутирани....даде пример на тие најдискутирани(од ЧДА ли беа не знам) нека даде и од изумрени теми па да видиме кои се тие теми КОИ ТРЕБА ДА ИМААТ СВЕТЛА ИДНИНА:helou:
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Чисто илустративно како изглеа тема која никогаш нема да биде дебатирана а делува занимливо,т.е. има занимлив наслов
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=38470
 
kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
Да се реплицира или не, прашање е сега? Јас би рекол да.
Фала на сите кои темава ја направивте далеку од она што е. Моите 5874389 прашања резултираа со 3-4 логични одговори од кои добив еден заклучок.
Темите не се активни затоа што има личности кои ете не ги сфаќаат како што треба. Е сега, дали е тоа до способноста за формирање на вовед во тема, или неспособноста за разбирање на истиот, е прашање на кое би одговориле вие. Јас не сум доволно компетентен да зборам.:helou:
значи, не е дека не ги разбрале, или блаблабла... кажувам, тоа така го гледаш(бар во случајов) пошто ти контрирам на некој начин. е сеа, контрата не значи ова:
гладиус напиша:
Сите се возбудени кога станува збор за тема во која е доволно само на другите да им кажеш дека не се во право, правејќи се најпаметен и одделувајќи се од другите со својата говорна моќ.
секој со различно мислење, различно толкување. неможат сите да те сакаат нит да те мразат. неможат сите да се сложат со тебе-ќе има и некои што не им се допаѓа твојата тема/твоето мислење и ќе контрираат. што не значи дека треба да им кажеш:
гладиус напиша:
...шо се замараш со темава тогаш?
Ако ти е тиња темата не билдај мислења на неа. Не е овде фората моја психоанализа. За тоа имаш посебна тема па слободно оди таму анализирај ме што и како сакам.
ти дадов одговор на темата, и плус нешто одвише. ти се фати за второто, место да тераш дискусија по твое. не се однесуваше конкретно на тебе вториот дел, ама си се пронајде и си ја упропасти темата =)
 
Bidikov

Server guru
Член од
25 јануари 2005
Мислења
2.680
Поени од реакции
693
Чисто илустративно како изглеа тема која никогаш нема да биде дебатирана а делува занимливо,т.е. има занимлив наслов
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=38470
За жал реакцијата на дискутантите на наведената тема е правилна почетниот формат е катастрофален - најверојатно е правено копирање од ворд ...

Примерот е многу погрешен :pipi:

едит: кенгур веќе неможе да ја следи темава - причина билдање постови и постојано млатење празна слама
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Гладиус, проблемот е што очекуваш од секого да пишува а4 формат постови..
На форумов да, има теми за размислување, пример "Koj broj patiki nosite"..и све тоа е ок, ама има фаци што се занесуваат у пишување, многу пишуваат малце кажуваат, е тоа ме иритира, несакам да читам пост а4 формат а тоа што е напишано внатре се кажува со 5 реченици..
Треба да почнете да ги цените Лет3 стајл постовите..2 реченици заменуваат 2 страни муабет, само кој да земе малце да мозга, боље е коа ќе види /wall of text , демек, wow чоеков се потрудил!
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Чисто илустративно како изглеа тема која никогаш нема да биде дебатирана а делува занимливо,т.е. има занимлив наслов
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=38470
Тоа е тема попозната како сакам-кажам-незнам-речам, тема во групите на теми кои иако имаат привлечен наслов сепак не се дебатира од повеќе причини кои најважни се непрегледноста, големината на воведот и немање свој став на креаторот на темата. Тие причини ке формираат едно мислење кај обичниот форумџија - Ма ај овој незнае ни сам што напишал па јас ке дискутирам.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Чисто илустративно како изглеа тема која никогаш нема да биде дебатирана а делува занимливо,т.е. има занимлив наслов
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=38470
Толку е заморно напишано што едноставно неможам да се воздржам да скролам..

Тоа е тема попозната како сакам-кажам-незнам-речам, тема во групите на теми кои иако имаат привлечен наслов сепак не се дебатира од повеќе причини кои најважни се непрегледноста, големината на воведот и немање свој став на креаторот на темата. Тие причини ке формираат едно мислење кај обичниот форумџија - Ма ај овој незнае ни сам што напишал па јас ке дискутирам.
^
|
|

Или со други зборови..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom