Единаесет годишниот Емил ги замолува сите хумани луѓе кои имаат крвна група НУЛТА ПОЗИТИВ, да му помогнат и да даруваат крв.
Сите оние кои ја имаат ова крвна група може да даруваат крв во Центарот за трансфузиологија на Државната болница во Скопје.
Малиот Емил Новески од Кавадарци кој боледува од леукемија бара помош од сите хумани луѓе да му помогнат за да ја надмине болеста. Емил и неговите родители велат дека помошта е бесценета само ако е добиена навреме.
Емил треба да замине на лекување во Германија, но состојбата се влоши и итно му е потребна крв НУЛТА ПОЗИТИВ.
Емил итно мора да замине на трансплантација на коскена срцевина во Германија. За жал, државата не го покрива неговото лекување, а неговите родители, кои и самите се во тешка економска состојба, не се во можност да покријат ниту дел од лекувањето. Затоа се приморани да бараат помош од добрите и хумани луѓе во Македонија.