L
Liberation
Гостин
Португалија дозволи геј-бракови
Португалија стана осмата земја во светот што го изедначи истополовиот брак на исто законско ниво со традиционалниот. Во петокот (8 јануари 2010), по тричасовна расправа, португалскиот парламент го усвои законот кој беше предложен од владејачката левица на Премиерот Жозе Сократес. Законот го поддржаа сите левичарски партии, а десничарите гласаа против.
Сепак, законот не дозволува посвојување, а ќе биде разгледан уште еднаш од парламентарната комисија, за допрецизирање на некои одредби, по што се очекува така доработен финално да биде изгласан од парламентот, најверојатно пред посетата на папата Бенедикт, закажана за мај годинава.
Донесувањето на законот мина без некои поголеми јавни негодувања. Според Сократес, законот е донесен за да ја исправи триесет годишната неправда врз хомосексуалците, со оглед на тоа дека хомосексуалноста во државата е легализирана уште во 1982 година.
-“Јас, како и сите ние овде, припаѓаме на генерацијата луѓе која не се гордее со досегашниот третман кон хомосексуалците“ -изјави Сократес пред пратениците. “Истополовите бракови се признаени во многу земји, а ќе се признаат уште во многу други. Во тоа не се сомневам“ -изјави премиерот.
За разлика од настаните во соседна Шпанија, кога во 2005 година ваквиот закон предизвика јавни демонстрации, во Португалија се’ помина само со негодувања од страна на немоќната конзервативна десница. Законот беше донесен во атмосфера во која некои партии од Левиот блок и Зелената партија бараа проширување на законските одредби и во сегментот на посвојување деца.
Католичката Црква одби да го коментира донесувањето на Законот, со образложение дека тоа е “одговорност на Парламентот“. Неодамнешните истражувања покажуваат дека 49,5% од Португалците негативно се изјасниле во врска со истополовите бракови, во однос на 45,5% кои ги поддржуваат.