Поделбата на дел од хомосексуалците на строго актив или строго пасив, од секогаш ме терала на смеење. Многу пати сум се обидувал, низ рзговор, да ги пронајдам причините за тоа, зошто некој сака (т.е. може) да има само инсертивен, односно, рецептивен секс.
Причината за тоа што огромен дел од хомосексуалците тврдат дека се неодредени (т.н. “бисексуалци“) до некаде е јасна: стереотипот дека хомосексуалците се феминизирани, “тетки“ и строго пасивни ( :pos2: ), па зборот “би“ си го присвојуваат со надеж дека преку него ќе си додадат бонус нефем карактеристики (која игноранција).
Строго пасивните, најчесто одбиваат да разговараат за тоа. Или едноставно кажуваат дека не знаат ни тие. На прашањето, зошто, како машки, не сакаат инсертивен секс, најчесто луто мрчат и бараат да не ги сметам за “половина човек“. Сепак, фактите говорат дека станува збор за луѓе кои имаат психичка сексуална дисфункција, односно неможност да постигнат ерекција. Друга причина е неостварената транссексуалност. Кај други дури, и малата должина на половиот орган, ја наведуваат како причина
Од друга страна, строго активните хомосексуалци се лица со насобрани фрустрации: околината им ги наметнала стереотипите дека “педерите“ се само пасивни, а неможноста за сексуален контакт со лице од спротивниот пол, ја надополнуваат со строго инсертивната улога со машко. Всушност, најголемиот дел од неодредените се само актив :jaj: Од здравствен аспект, и хемороидите имаат пресудна улога :pos2: Не, сериозно ова зборам.
За разлика од претходните две групи, уни-групата нема вакви проблеми и поединецот од неа ја сфаќа инсертивната потреба кај партнерот, без разлика дали ужива во рецептивната, или не.