DimceY
Jimmy
- Член од
- 20 ноември 2007
- Мислења
- 5.797
- Поени од реакции
- 5.563
Уапсен е професорот Љупчо Стефановски од Филолошкиот факултет, дознава Сител. 59-годишниот професор по Англиски јазик на факултетот Блаже Коневски на скопскиот универзитет е осомничен дека побарал и примил поткуп од студентка која неколку пати не успеала да го положи неговиот испит.
Како што дознаваме од извори на Филолошкиот факултет, професорот предавал Граматика на Англиски јазик на студентите од 3-та година. Испитот се полагал писмено и усно. Студентката по неколку неуспешни обиди да го положи писмениот дел се јавила на консултации. Професорот и препорачал да доаѓа на дополнителни часови за кои ќе треба да доплаќа по 80-тина евра од час. За да ги добие прашањата за усниот испит и биле побарани и дополнителни неколку стотини евра.
Студентката пред неколку дена се решила да го пријави случајот. Професорот според нашите извори бил уапсен денеска со одбележани пари.