Успешното справување со проблемите е само моментална привидност или краткотрајна успешна приказна што би се рекло,па јас многупати досега сум напоменал дека ВМРО за мене е идеологија а не е само партија како за многумина.Јас лично го осудувам напуштањето на партијата и формирањто други политички субјекти само со желбата да се дограби дел од власта.Човек кога го напушта ВМРО и формира нова партија,тој всушност според мене напушта и една идеологија за која дотогаш се залагал и се трудел да биде колку толку веродостојна на принципите кон кој се залагал целиот живот,со сето свое битие.Јас реков дека секому како член,симпатизер или активист на една демократска партија,мора да му биде дадено право да го стави членството и активностите во мирување,без разлика колку долго,доколку партијата е навистина демократска.Секое излегување од самата партија и формирање друга,представува предавство на сопствените идеали.Сопствените мислења и ставови треба да се бориме и да бидат прифатени внатре во самата партија без разлка дали и колку моменталното раководство ни изгледа вечно.
Види господине Набљудувач,јас воопшто себе не се гледам како дел од “старите“.Во принцип,а тоа го докажуваат и моите досегашни перцепции,нема стари или нови членови во ВМРО,таму треба да има само членови и оние кој тоа не се,или се членови на друга политичка опција,значи со спротивни ставови на оваа идеологија,барем во некој нејзин макар и мал дел.Љубе доколку излезе од ВМРО и оформи друга партија,тој воопшто повеќе не ја застапува идеологијата за која се залагал одреден период од својот живот.Дури и самата јавна изјава е доволна да го квалификуваме како таков,човек кој подклекнува при првата бариера во неговата политичка кариера и одстапува од принципите и верувањата за кој всушност и пристапил или станал член во ВМРО-ДПМНЕ своевремено.Да се разбереме,ни еден член не смее да отстапи од своите сопствени политички ставови и убедувања само затоа што моменталното раководство на партијата има некакви луди ставови и принцип на работа во моментот.Е сега друга е работата што раководствата во ВМРО-ДПМНЕ кога еднаш ќе седнат во фотељите за нив се држат како пијани за ограда,токму поради личните финансијски интереси кој им се остваруваат само доколку се во врвот на партијата,па така нивната смена трае премногу долго и покрај очигледните криминални активности,пред се затоа што членството е во глобала малку со понизок степен на едукација и самосвест за вакви работи.