theMac3donian
Мак3донецот
Дали ова е вистина?!:nesvest:Караманлис скапо ја наплатил подршката за Албанија Грчкиот Премиер Костас Караманлис и шефицата на дипломатијата Дора Бакојани, не дошле во Албанија попусто. „Големата љубов“ и дадените гаранции дека неговата земја ќе ја подржи Албанија за влез во европското семејства, скапо ја наплатиле, констатираат албанските медиуми.![]()
Весникот „Газета Шќиптаре“ во уводникот под наслов „Бериша ја продаде Албанија“ го обелоденува договорот потпишан од шефовите на дипломатиите на двете земји Бакојани и Баша, за обележување на морската водна граница меѓу двете земји, кој, како што тврди весникот, Владата во Тирана го чувала во голема тајност. Весникот ексклузивно го објавува текстот на документот, со кој се потврдувало дека Бериша албанските територијални води и ги подарил на Грција: „Албанските територијални води на 27 април и се подарени на Грција“ тврди весникот, со што стратешката позиција на земјата во однос на Грција е изгубена.
Сега се определени 150 нови координати Албанија-Грција, со што албанската држава на Грција и подарила 225 квадратни метри од Јонско Море, со што Грците, покрај другото се доближуваат до островот Карабурун за 11 километри. Весникот пренесува мислење на познати експерти по топографија, кои потврдуваат дека „ начелото за меѓусебни отстапки „ при определувањето на граничната линија, за кое зборуваат министрите за надворешни работи Љуљзим Баша и за одбрана Газменд Окета, не е воопшто почитувано.
Албанските медиуми остро го критикуваат Премиерот Бериша и поради фактот што не изустил ниту збор околу прашањето на протераните Албанци од областа Чемерија во Грција. Наспроти тоа Бериша изјави дека меѓу двете земји нема нерешени прашања. Здружението „ Чемерија “ на протераните и нивните потомци ден пред посетата на Караманлис на Албанија одржаа протести со барање главна тема на разговорите на двата премиера да биде токму конечното решавање на нивното прашање.
Извор (канал 5)
Дневник
МакФакс