Фино. Но дали мислиш дека после 25тата година и за двата пола ќе има доволно избор за избирање на партнер како што има сега?
Мислам дека е глупаво да ,,бараме,, партнер. Верувам дека ќе го запознаам тој што треба да ми биде партнер цел живот, тогаш кога ќе дојде време за тоа. Не се оптеретувам, и уште помалку ме оптеретува во кое време ќе го најдам. На крајот, над 25 веројатно ќе најдам партнер кој исто така има слични ставови како моите, па не нашол партнерка на 25 туку подоцна. Нели? Јас не им судам на тие што порано стапуваат во брак, ако се така среќни. Ако мислат дека е време, ако навистина мислат дека е за цел живот. Јас се чувствувам неспремна ниту за сериозна врска. Подобро сама, отколку во лоша врска/брак, а не дај боже, и лоша мајка да бидам, само по секоја цена мајка да бидам....
--- надополнето ---
Јас сакам да се реинкарнирам пред да стапам во брак
...let the chips fall as they may...
Ако ти успее... кажи рецепт
И јас сакам, ама изгледа нема
--- надополнето ---
Чекај бе девојче, знаеш ти што значат 20 години? Нормално дека никој за брак не помислува на таа возраст, па камоли да станува депресивен, зашто нема ни зошто, животот е пред него. И брат ми е на тие години, знам каков памет сум имала и јас на таа возраст, други се грижите тогаш, друго е кога човек станува позрел.
Во суштина, секој си го бара најдобриот пријател од спротивниот пол и сакале признале реалистите или не, без разлика што врските и бракот најчесто ги гледаат со одбојност зашто ја потценуваат човечката поврзаност и мислат дека такво нешто не постои, таа потрага мисловно секогаш не гони. Можеби секој човек е остров за себе или пак е бедем, ама и околу островот има вода да му се невиди, секој бара нешто за да опстои.
.
Модерна жена... никако да нема поим од кујна. Никако не го реков тоа. Реков дека јас немам желба да зготвам нешто, како прво, од проста причина што сум вегетеријанец и на крај памет не ми паѓа некому месо да готвам, а сите тука добро знаеме што го сочинува македонското мени. Второ, зошто едноставно не сакам. За себе знам да си направам 1001 салата или вегетеријанска храна, но кој го јаде тоа? Или треба специјално за дечко ми/маж ми/свекорот и свекрвата/мајка ми и татко ми да научам? Не ми паѓа на памет. Трето, заради тоа што ако маж ми очекува јас да му ја менувам мајка му и да се грижам за него, гадно се излажал. Можам да бидам мајка на моите деца, не и на маж ми. Секое знаење во животот е плус, кујнско, дворско, градинарско и веќе не знам какво. Зошто мислиш дека мора црно и бело да има? Постојат нијанси. Ако не знам да готвам не значи дека сум неспособна. Знам, пример, автомеханика зошто тоа ми се допаѓа. Зошто да не, нели? Подобра сум од дечко ми во поправање и коли и мотори, ама имам желба тоа да го знам. Проблемот е што дефиниција за ,,добра жена,, е жена што готви, пере, пегла, чисти, покрај тоа што, нели, има кариера. Тоа е тоа што мене лично ми пречи. Сум рекла 100 пати, дека, ако имам работа, и со маж ми заедно во 4 се враќаме, не гледам зошто јас да бидам таа што одма ќе се фати за домаќински работи. Можеме и двајцата, но тоа никако не е само моја обврска. А сега, ако дремам дома, друга приказна е. Моето мото е -- ако веќе сакаш да бидеш добар, биди во едно нешто најдобар. Под тоа подразбирам, дека, сега за сега, мене ми е приоритет кариерата, и додека не станам најдобра во тоа што го работам, немам намера да почнувам нешто друго, па во двете по малку да бидам добра. И кога ќе бидам мајка, нема да бидам од време на време пола саат во денот. Ќе бидам мајка ипол
А луѓето од моето окружување, не мислев на моите врсници. Мислам на мојот братучед од 29, братучедка ми од 25, две пријателки од 26, итн. Ако имам 20 не значи дека не се дружам со повозрасни, најверојатно, зошто имам поисполнета агенда и поголеми обврски од сите мои врсници, па животот ми наложува да бидам со повозрасни луѓе се почесто.
--- надополнето ---
Yeah, голем бонус.
Ко што кажа и сама: Неопходна е грижата за љубените. Ќе се грижиш за оние што ги љубиш.
Во случајов, ручекот дома е грижа за домашните.
Тие жени што не знаат еден ручек да им напраат на децата дома нека идат нека се убијат. Сра-мо-та е.
Љубовта не се изјавува преку готвењето и перењето? Извини, ти како намераваш утре ден да им изјавиш љубов на твоите деца?
„Те сакам сине, ама не ми доаѓај дома да ми јадеш, не знам ништо да ти напраам за ручек.“ Не е малку срамота? Малку повеќе?
Ми ја утна поентата.
Поентата ми беше следнава:
Темава се вика „Зошто модерната жена се плаши од брак?“.
Тоа шо требаше да го прочиташ измеѓу редови е следново:
Се плашат од погоренаведената појава маж кој седи дома, наводно бара работа и гледа фудбал (нормално, става ливчиња во кладилница).
Не готви. Не пере алишта. Не чисти. Што е најтрагично прави се што е обратно од ова.
Иди кажи ми дека мажите ко татко ти се почести од овие.
Не не се. Затоа и го кажав примерот кој најдобро го знам. Дека може и така, без да им се скрши егото. Веројатно татко ми сака побрзо и порано да завршат со работа и двајцата, за повеќе да имаат време за нив двајца и за мене и сестра ми?? Веројатно повеќе е татко отколку фрустриран маж?
Да се плашат, зошто таквите појави се пречести во нивните основни семејства, односно, многу често нивниот татко е таков. Во една дискусија, некој потенцираше дека бара добра мајка за неговите деца. И јас се согласувам тука. Сите ние бараме добар татко за нашите деца, а добриот татко би сфатил дека на една жена, мајка многу и значи времето поминато со нејзините деца па би дал се од себе да и олесни околу секоја нејзина работа и да и го даде тоа време.
--- надополнето ---
Dete drago, na 20 godini ti se cini deka imas izbor okolu brakot i decata i karierata i sto uste ne. Zivotot na zenata se vrti okolu mazot i deteto, kolku i da ti zvuci ova neubavo. Majka priroda, sto da se pravi. Lugeto se mnogu poveke zivotinki, i mnogu poveke biloski usloveni od kolku sto sakame da mislime deka e taka. Jas samo gi potenciram faktite, jas ne gi izmisliv pravilata. Najdi zena na cetirieset godini so uspesna kariera bez deca, tesko deka ke sretnes ponesrekno stvorenje od toa. I ovaa temata e glupava, poglupava ne moze da bide. Koi toa moderni zeni se plasat od brak? Koga ke prefrlat 30 se za sto razmisluvaat se deteto i brakot.
Искрено ти благодарам, зошто мислам дека од се срце ми го даде советот.
Но јас не се грижам за тоа, и не гледам зошто да се грижам. Мојот сексуален живот е мој, и никој не смее да ме праша со кој сум била или како сум била или зошто сум била. Мојот прв дечко не знаеше дека сум невина, се додека не дојде време да имаме секс
Зошто многу добро знаеше дека такво прашање ќе не однесе во пропаст.
Добар маж за мене е оној што ќе ме разбира таква каква што сум, зошто јас ќе го разбирам и почитувам таков каков што е. Имам денеска, таков дечко, со кој сум долго време, а се дружам и со повозрасни луѓе, да не заборавам дека е тука моето семејство, кое максимално ме поддржува.
Јас немам потреба да се грижам за маж и деца, ниту ми е тоа некаква цел. Но тоа сум само јас, нели?
Реков, веќе повеќе пати, дека сакам да имам деца, и ќе ги имам, независно дали ќе имам маж или не. Се согласувам, дека како жена, еден ден, ќе ми биде важно да имам деца. Но дека треба јас да се прегазам себе и да се сменам, за да најдам добар маж???
Некако не, фала. Иако сепак ти благодарам.
--- надополнето ---
Контрање?
Се обидувам да разберам што е срамното во нечие незнаење или незаинтересираност за готвење.
Не се работи за феминизам.
Жената која што има желба за готвење, ја искажува многу порано пред да го запознае својот животен сопатник. Тоа значи дека таа не готви затоа што знае дека еден ден нејзиниот маж ќе го очекува тоа од неа. Готви затоа што сака, бидејќи ја исполнува тоа експериментирање во кујната. Исто е со мажите. Тој не работи само за да затвори гладни усти дома, работи затоа што е свесен како и жената дека парите денес се од егзистенцијално значење.
Значи ниеден маж не се вработил ден пред да стапи во брак, па да се мава во гради дека тој е маж во куќата и дека носи пари, ниту пак жената не се научила да готви ден пред да го стави својот потпис во матично затоа што општеството смета дека тоа е мерило за добра домаќинка.
Нема потреба за нечие инсистирање на грижа. Кога љубиш некого, грижата оди раче под раче со љубовта.
Штом инсистира некој на својот партнер да не го занемарува домот, односно грижата околу истиот, тогаш има проблем. Тој проблем е умореност или е згаснување на љубовта.
Оние непишани правила кои ги спомна ти, се непишани. Штом се непишани оставаат простор да се менуваат во зависност од желбите и потребите на двајцата партнери, односно во случајов маж и жена.
Постојат жени кои не знаат да готват, едноставно немаат желба да научат. Тоа не им дава простор на останатите да ги сметаат како помалку способни жени и мајки, затоа што љубовта не се искажува преку перењето и готвењето. Ако умееш тоа да го правиш и добро го правиш е бонус, ништо повеќе.
Се согласувам максимално со тебе. Не знам што друго би додала