Мојот маж, исто така, онака изнажуркан, изнапиен, изнаглупиран. А и кој рече дека ќе го барам во ова бедно место? Не ги сакам македонските мажи. На моја среќа сум запознала и други. Само кај нас мажите сакаат буквално неизживеани жени, на кои тој ќе им биде чудо во животот. А не размислувам само јас вака, верувај ми. И на крајот, што ќе ми е мене некој што никогаш во животот не лудувал? Ќе ми биде досадно!
--- надополнето ---
Се согласувам со тебе. Јас верувам во партнерска поделба на обврските. Не е фер жената да работи, да се грижи за домаќинството и за децата, па и за маж и како да и е дете. Истото, не е фер таа ништо да не работи, да дреме по дома, а маж и да работи па кога ќе дојде дома уште да треба јајца да си спржи, да искоси трева, да ги избања децата и да го прошета кучето. Не е фер, нели?
Со дечко ми, многу имаме зборувано на темава. И сосема се согласуваме. Затоа што многу време поминуваме живеејќи заедно, иако реално немаме плус деца ниту пак заработуваме самите. Но кога 1 месец живееме сами, јасно си знаеме кој што кога прави, и двајцата сме задоволни. Јас имам куче, па оној ден кога јас ете бришам прашина, негова обврска е кучето, ако јас пуштам машина за перење, тој мие тањири, он почесто готви, јас секогаш пеглам. А замисли јас сама сето тоа да го правам, кој ќар ќе го има тој од мене, кога на крајот ќе бидам уморна и нема да сакам ни да го гледам, а не муабет или нешто друго со него да направам??
--- надополнето ---
Да, дечко ми, па и татко ми, се готвачите
Ама ете јас сум пеглачка. Ако му дадам пегла на фраеров мој, големи се шансите куќата да ја запали
Затоа и не го ни терам тоа да го прави, а тој не ме тера мене да готвам.