Да баш така, главна причина мислам дека е тоа што тие жени/девојки не сакаат да си ги скратат задоволствата и сакаат да живеат поудобно, факт е дека ако се во брак со деца треба да прават жртви, да се даваат пари, има многу трошоци со самото тоа се намалува стандардот и квалитет на живот на самата индивидуа самите они ќе се запуштат, ќе се здебелат, нема да имаат пари за бензин, гардероба шетање, и сето она што го прави имиџот на модерната еманципирана жена, е сега не мора секогаш да е така.
Можеби тие жени не дошле до вистинскиот човек, можеби не се задоволуваат со некој човек кој што има поинаков начин на живот, какви што се денешните мажи се знае што очекуваат од жената, да готви пере, пегла, риба теписи, мие нозе, пере гнасни чорапи, средува по дома по цел ден и покрај тоа што ринтала по цел ден мења пелени, фрла ѓубре оди у тинекс на шопинг, оди у бутик да се поднови за работа, на фризер да се среди, и притоа не смее да си дозволи да изеде некоја калорија вишак бидејќи ќе се поправи и мажот ќе почне да гледа по други слични на нејзе каква што таа била порано, и на крај жената од модерна еманципирана жена ќе се претвори во домаќинска крпа, роб, слуга покорни на мажот кој што ќе си фати друга модерна жена каква што жената му била пред да ја земе и со неа ќе се пегла додека жена му се поти над шпоретот за тој да има топол ручек на маса, и покрај сето ова тој да ги лечи своите фрустрации врз неа бидејќи шефот му се дерел нешто на работа па сега нема на кој удри по жената, она е најслаба :kesa: .
И............
На што се сведува сето ова???
Се сведува на тоа што мажите сакаат и барааат од жената да биде турбо мотор инџекшн:pos2: да работи 8 часовна работа, а кога че се врати дома пак да работи и плус навечер да биде доволно расположена за секс иако личи на гроѓи со вреќи долги 5 цм под очите:kesa:.
Епа ова е тотално невозможно, многу полесно е жената да си биде вработена, да си има партнер со кој што ќе си задоволува свои сексуални потреби, ќе си има друштвен живот со него и ќе си биде одморенка, без 5цм вреќи под очите, средена, со фризура, насмеана, расположена за секс во секое време и сите ќе бидат среќни и задоволни:helou: т.е мажот можеби и нема да биде задоволен со ова сценарио нормално кој нејќе слуга покорни дома, ама жената и те како ќе биде задоволна, у случајов...
Брак е исто што и мрак за жената