:back:Во врска со болдираното, би сакала да прокоментирам, бидејќи се работи за нешто кое ми стои на душа и онака квалитетно и солидно морам да го кажам. Јас НЕ МОЖАМ ДА ПОДНЕСАМ маж ми да ми носи дома пари, а јас да перам тањири и да чувам деца. Од традиционално-патријархалната улога на жената, мене ми се повраќа. Што не значи дека оние жени кои го прават тоа се нешто помалку од мене ниту пак јас од нив. Едноставно сум таков човек кој сака да се бори, да напредува, да живее 5 животи одеднаш(и не сум мачка пази
) и тоа да го прави со просперитетна кариера, со хоби, со социјален живот...
Лично, јас се чувствувам како хендикепирана во шансите за просперитет, ако веќе се ми е дадено на тацна. Се надевам дека нема некој погрешно да ме протолкува и дека нема да ми се сипате сите вие женети и мажени луѓе кои ја почитувате ,,семејноста" на жената. Според мене, со неа, во контекстот горенаведен, се ограничува слободата и амбициозноста на жената.