Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146
- Возраст
- 39
Дали некогаш сте се прашале зашто мажите имаат брадавици на градите или зошто некои мажи имаат поизразени женски карактеристики од другите. Иако многумина не сакаат да го признаат тоа, секој од нас има и машки и женски карактеристики, пишува дневниот весник „Делхи планет“.Не се сите мажи мускулести и крупни, ниту пак сите жени се вити и занесни. Како што е познато, секој човек поседува 23 пара хромозоми при зачнувањето. Тие се делат во две категории. Еден пар хромозоми го определува полот на бебето - комбинацијата ХХ значи дека бебето ќе биде женско, а комбинацијата ХУ дека бебето ќе биде машко.
Сепак, учебниците не ни кажуваат дека секој зачнат плод е женски и дека дури седум недели по зачнувањето плодот развива машки или женски карактеристики. Ако не дојде до промени во околината, во раната фаза на развој, фетусот ќе се развие во женско бебе. Ако, пак, плодот се развие во машки, неговиот У-хромозом ќе го поттикне создавањето тестостерон, машкиот хормон што влијае на мозокот и на гениталиите. Но за развој на женскиот фетус не се потребни женски хормони. Женското тело почнува да создава хормони најрано во 10-та година, благодарение на кои девојката станува жена.
Суштински, ова би значело дека секој човек го почнува животот со „женски мозок“. Тестостеронот им дава машки карактеристики на мозокот и на гениталните органи на оние ембриони што генетски се одредени да се развијат како машки. Постојат некои директни, како и многу посредни докази дека спектарот варијации на степенот во кој мозокот добива машки карактеристики е многу широк. Затоа постојат многу „феминизирани“ мажи во светот, додека нема многу „машкуданки“.
Машките брадавици на градите се јавуваат веќе во третата или четвртата недела од развојот на плодот, многу пред половите карактеристики. Дури седум пара брадавици се поредени по должината на страната на млечните жлезди, од горниот дел на градите до папокот.И машките и женските бебиња се раѓаат со главните млечни жлезди, но кај момчињата оваа жлезда не се развива понатаму, освен ако не е стимулирана од женскиот хормон естроген, наведува „Делхи планет“.
Извор:blic.rs
Морам да признаам интересна статија и иако сум женско,нормално дека ми годи ова истражување и не ја побивам науката,ама нели е малку чудно?