На почетокот сите сме ЖЕНИ :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Возраст
39
Дали некогаш сте се прашале зашто мажите имаат брадавици на градите или зошто некои мажи имаат поизразени женски карактеристики од другите. Иако многумина не сакаат да го признаат тоа, секој од нас има и машки и женски карактеристики, пишува дневниот весник „Делхи планет“.Не се сите мажи мускулести и крупни, ниту пак сите жени се вити и занесни. Како што е познато, секој човек поседува 23 пара хромозоми при зачнувањето. Тие се делат во две категории. Еден пар хромозоми го определува полот на бебето - комбинацијата ХХ значи дека бебето ќе биде женско, а комбинацијата ХУ дека бебето ќе биде машко.

Сепак, учебниците не ни кажуваат дека секој зачнат плод е женски и дека дури седум недели по зачнувањето плодот развива машки или женски карактеристики. Ако не дојде до промени во околината, во раната фаза на развој, фетусот ќе се развие во женско бебе. Ако, пак, плодот се развие во машки, неговиот У-хромозом ќе го поттикне создавањето тестостерон, машкиот хормон што влијае на мозокот и на гениталиите. Но за развој на женскиот фетус не се потребни женски хормони. Женското тело почнува да создава хормони најрано во 10-та година, благодарение на кои девојката станува жена.

Суштински, ова би значело дека секој човек го почнува животот со „женски мозок“. Тестостеронот им дава машки карактеристики на мозокот и на гениталните органи на оние ембриони што генетски се одредени да се развијат како машки. Постојат некои директни, како и многу посредни докази дека спектарот варијации на степенот во кој мозокот добива машки карактеристики е многу широк. Затоа постојат многу „феминизирани“ мажи во светот, додека нема многу „машкуданки“.

Машките брадавици на градите се јавуваат веќе во третата или четвртата недела од развојот на плодот, многу пред половите карактеристики. Дури седум пара брадавици се поредени по должината на страната на млечните жлезди, од горниот дел на градите до папокот.И машките и женските бебиња се раѓаат со главните млечни жлезди, но кај момчињата оваа жлезда не се развива понатаму, освен ако не е стимулирана од женскиот хормон естроген, наведува „Делхи планет“.

Извор:blic.rs


Морам да признаам интересна статија и иако сум женско,нормално дека ми годи ова истражување и не ја побивам науката,ама нели е малку чудно?
 
Морам да признаам интересна статија и иако сум женско,нормално дека ми годи ова истражување и не ја побивам науката,ама нели е малку чудно?

Дап, ова ве прави сите вас лезбејки.
 
Не знам, ова мене ми е многу чудно, скоро и да не ни верувам. Нормално дека кај плодот ќе се развијат машки и женски карактеристики по 7 недели (т.е. ќе почнат примарните), но откако ќе се формира фетусот мора да се знае кој хормон ќе биде во него, дали тестостерон или прогестерон и естроген. Според мене глупости живи ова.
 
Прво значи зачнатиот плод има само женски карактеристики, а колку што разбрав тоа се само брадавиците.
Е сега машките уште од 7мата недела имаат машки хормони, а женските дури во 10тата година почнуваат да имаат женски хормони? И сега кој е во предност? :)

A oнаа констатација дека има повеќе феминизирани мажи него машкуданки е сосема неточна. Не би рекла дека некој преовладува, постојано среќаваме и такви и такви. Природата греши и чести се хормонските пореметувања.

Не ми годи што секој плод има брадавици, сеедно ми е :icon_lol:
 
мхм и исто така машкиот полов орган е продолжеток од клиторисот, затоа на прв поглед имаат иста главичка :) и затоа се најосетлив дел т.е. највеќе нервни завршетоци имаат.
 
"На почетокот сите сме ЖЕНИ :) "

ne e tochno posho bog e mashko i nemal zena...tuka e pocetokot(barem onoj za koj sho moze da se kaze):smir:
 
Морам да признаам интересна статија и иако сум женско,нормално дека ми годи ова истражување и не ја побивам науката,ама нели е малку чудно?

Јас како апсолутен лаик во тој дел од науката го прифаќам ова научно толкување, но времето на 21 век и моќта на медиумите ме оставаат во дилема: не е ли ова само наменски текст со одредена цел, порачан од некој, напишан од некој, пласиран од некој, прочитан од повеќе, прифатен од делот на кој му одговара, не прифатен од делот на кој не му одговара. Се на се уште една мртва трка во докажување на половите кој ја има превласта во ова модерно време.
Не ми замерувај јас во овој текст морам да го бранам делот на кој машките брадавиците ни се јавуваат дури во третата или четвртата недела од развојот на плодот многу пред развојот на половите карактеристики. :smir::helou:
 
Ова го знам од пред неколку месеци:)
Не верував ни јас на почетокот но сепак ни годи нас:)
 
е мајката сите жени, ха го имав ова слушнато од еден другар ама мислев се зафркава како и по обичај. ама сега кога гледам ....
 
Колку што јас имам читано (а не е малку), клиторисот е зачеток на машкиот полов орган, кој нели за време на преднаталниот развиток, како таков останува рудиментиран и не се дооформува.
Полот на човекот е генетски определен со половите хромозоми. Жените, во текот на оогенезата продуцираат само еден тип јајце-клетки кои содржат по еден X-хромозом. Додека пак мажите, во процесот на сперматогенезата формираат два типа на сперматозоиди, од кои во едниот се содржи Х-хромозом, а во другиот Y-хромозом. При самото оплодување, ако се спојат јајце-клетка (која има Х-хромозом) и сперматозоид кој има Х-хромозом, доаѓа до потомоство од женски пол. Додека пак сперматозоидот содржи Y-хромозом се добива потомство од машки пол.
Тоа дека во преднаталниот развиток сите се жени е наполно неточно, од причина што во горенаведениот дел, убаво обајснив дека полот се определува при самиот процес на оплодување, а не за време на ембрионалнот развиток.
За брадавиците и развитокот на градите и во самиот пост си пишува дека се резултат на лачењето на естрогенот, што не ги прави првично женски органи.
Следно, што ја контрира целата оваа теорија е дека, полот на детето ни најмалку не може да зависи од промените во околината. Тој се одредува (како што веќе неколку пати кажав, за време на самото оплодување)...
Единствно за кое знам дека важи промена во околина влијае на пол, е за јајцата на морските желки. Мислам дека беше нешто како, оние јајца кои се на потоло излегуваа машки, а на поладно женски, или обратно.
Како и да е, желките и луѓето се премногу различни за да би ги споредиле, а токму поради тоа, можам да кажам дека теоријава ама воопшто не можам да ја прифатам.
 
"На почетокот сите сме ЖЕНИ :) "

ne e tochno posho bog e mashko i nemal zena...tuka e pocetokot(barem onoj za koj sho moze da se kaze):smir:

Bog nema pol...

za temata ne znam sto da kazam...no mislam kromozomite go berat polot
 
Тоа дека во преднаталниот развиток сите се жени е наполно неточно, од причина што во горенаведениот дел, убаво обајснив дека полот се определува при самиот процес на оплодување, а не за време на ембрионалнот развиток.


Следно, што ја контрира целата оваа теорија е дека, полот на детето ни најмалку не може да зависи од промените во околината. Тој се одредува (како што веќе неколку пати кажав, за време на самото оплодување)...

Алелуја, прв пост во темата кој не ме насме до солзи, туку сериозно одговори на провокацијата на авторката :smir:

Значи, како може ембрион со ХУ хромозоми да биде женско, без разлика што половите органи не се развиени? :toe:
 
е мајката сите жени, ха го имав ова слушнато од еден другар ама мислев се зафркава како и по обичај. ама сега кога гледам ....
Професорката по биологија ни го кажа ова уште у основно...но тоа е само за начинот на развивање на телото...т.е. ембрионот е машки или женски уште од почетокот на своето настанување...така да не ја сватиле темава убаво некој луѓе...
 
Тоа дека во преднаталниот развиток сите се жени е наполно неточно, од причина што во горенаведениот дел, убаво обајснив дека полот се определува при самиот процес на оплодување, а не за време на ембрионалнот развиток.

учебниците не ни кажуваат дека секој зачнат плод е женски и дека дури седум недели по зачнувањето плодот развива машки или женски карактеристики. Ако не дојде до промени во околината, во раната фаза на развој, фетусот ќе се развие во женско бебе. Ако, пак, плодот се развие во машки, неговиот У-хромозом ќе го поттикне создавањето тестостерон, машкиот хормон што влијае на мозокот и на гениталиите. Но за развој на женскиот фетус не се потребни женски хормони.

Суштински, ова би значело дека секој човек го почнува животот со „женски мозок“. Тестостеронот им дава машки карактеристики на мозокот и на гениталните органи на оние ембриони што генетски се одредени да се развијат како машки.

А како би го објаснил овој дел од статијата,посебно болдираното?:pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom