Друже Бране, ми ти се кунемо
Бранко се врати, ама сега вистина се врати, а не ко тој вицот за Велигден.
Толкава помпа се крена за инаугурацијата на Иванов, па претседатели од други држави, хеликоптери, специјалци, блокирани улици,за на крај стариот претседател да го украде шоуто. Сигурно Џоле и Грујо вечерва коси кубат откако виделе како го дочекаа Бранко во партијата.
А пак овие од СДСМ... знаев дека се во криза ама дека до олку биле очајни стварно не знаев.
Вака ни апостолите не го пречекале Исус кога воскреснал и се вратил да ги израдува. Дури и таму имало некои кои не верувале додека не ги чепнале раните (или така некако одеше приказната).
А овде... не бе братче, му веруваат од напред, поточно кажано им веруваат на сите политичари онака, од учтивост, не им требаат докази.
Една женичка еуфорично во
прилогот на А1 вели - Ќе победиме сто посто, гарантујем, зошто сите го сакаат, Бранко многу го сакаат.
Е арно тетке, сакајте си го, и по можност урамете си го по дома и пејте му, друже Бране, ми ти се кунемо...
Лесно на тие политичари што имаат ваков народ...