- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
90 отсто од објектите во Полог се дивоградби
На ваквата политика кумуваат локалните власти, на кои во интерес им е да го продаваат земјиштето бидејќи на тој начин си го полнат буџетот, велат од Министерството за земјоделство
Додека плодната почва во полошката котлина молскавично се трансформира во градежно земјиште, од Министерството за земјоделство велат дека не можат да реагираат бидејќи не поседуваат регистер за земјоделското земјиште кое е предмет за трајна пренамена. Тие немаат ниту координација со локалните власти кои вршат урбанизирање на парцелите. Одговорните од Секторот за земјишна политика велат дека се свесни за болната состојба во Пологот, но, тврдат дека тоа е резултат на лошата политика што се водела во изминативе 20 години.
- Изградбата на нови објекти среде плодното полошко поле е болна слика, која, за жал, се проширува и во другите реони во државава. Тврдам дека 90 отсто од објектите се нелегално изградени. Но, тука кумуваат локалните власти, на кои во интерес им е да го продаваат земјиштето бидејќи на тој начин си го полнат буџетот. Досега и не беше обврзувачки сопствениците на парцелите да бараат Решение за трајна пренамена од земјоделско во градежно земјиште, туку само мислење од Подрачните едници. Токму затоа пред неколку месеци донесовме нов Закон чија крајна цел е да се стопира градежната експанзија врз земјоделско земјиште за неземјоделски цели - велат одговорните од Секторот. Според истиот Закон, додаваат тие, Решение за пренемена потпишува лично министерот и тоа само ако станува збор за објекти од јавен интерес. Таква пренамена во Полог е направена на само околу 10 хектари и тоа се објекти од јавен интерес, останатите се дивоградби.
Вечер веќе пишуваше дека полошката котлина полека исчезнува и дека е пред еколошка катастрофа. Нивите веќе не се продаваат во хектари туку на квадрат, по цени од 25 до неверојатни 90 евра за метар квадратен и на нив наместо жито, зеленчук и овошје, никнуваат фабрики, стоваришта за мермер, мотели со базени, отпади за старо железо... без одвод, довод, со септички јами кои ги загадуваат почвата, подземните води и пошироката околина.
Извор ВЕЧЕР....
Ќе се среди ли некогаш ДИВИОТ ЗАПАД на Македонија....????
Додека мене ме ТРИЈАТ во источна ЗАТОА што сум ПЛУКНАЛ , на дивиот запад ОЧИГЛЕДНО секој сам за себе си е закон...