Има некое место каде се организира bungee jumping во Македонија?
Во Охрид имам гледано банџи скокање лани летото ..али кој го организира и како иде тоа појма неам ..
Еве нешто од поодамна
ОХРИД - Поставувањето на импровизираната направа за банџи- скокови на брегот на Охридското Езеро кај хотелот "Парк" уште во почетокот на летово предизвика внимание кај јавноста, но го отвори и прашањето како ќе функционира оваа атракција и дали сопствениците ги имаат обезбедено сите сигурносни мерки и потребната документација за оваа популарна, но и опасна атракција.
Посетителите на плажата кај хотелот "Парк", но и заинтересираните охриѓани оваа атракција и кревањето на адреналинот ја плаќаат по 25 евра за еден скок. Претходно, тие треба да потпишат посебна изјава дека скокот го изведуваат на своја одговорност и дека сопственикот не одговара доколку нешто му се случи на скокачот. Познавачи на ваквите атракции велат дека за поставување вакви направи се потребни сериозни подготовки и механизми за обезбедување на скокачите и дека во развиените земји има посебни прописи од оваа област со обезбедување на неколку степени заштитени варијанти.