Првиот Бебе саем во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Во Македонија за прв пат се случува Бебе Саем односно Саем на трудници, бебиња, родители и деца.

Специјализираниот саем "БЕБЕ" е прв саем од ваков карактер, што на едно место ќе ги обедини домашните и странските брендови, што нудат услуги и производи за бебиња, трудници и деца.

Концепциски саемската манифестација е замислена да биде збир на фирми и компании што комплетно би ги покривале и опслужувале сите сегменти поврзани со бебињата, децата до 14 години, мајките во периодот на бременост и родителите како директни и активни учесници во развојот на децата.

На овој саем ќе можете да сретнете најразновидни содржини. Од најнови производи и услуги до различни типови на едукативни предавања, игротеки, квизови, театарски претстави, танц, настап на детски групи, музика, забава, модни ревии и други разни интересни активности. За родителите ќе има организирано предавања и советувања во врска со правилниот развој на детето.

Саемот ќе се одржи во саемските хали на Скопски саем од 24 до 26 април 2009 година во организација на АМК “Панекс” под покровителство на Здружението на педијатрите на Р.Македонија.

Она што е интересно освен изложувањата, предавањата и советувањата ќе има и забавен дел. Избор на Бебе принц, Бебе принцеза и Бебе фаца :), потоа ако има пријавени ќе има наградни игри во разни категории, како набрзо ползење на бебињата, најбрзо менување пелени од страна на татковците :icon_lol: и сл.
Еве ја комплетната програма која започна денес.

Jaс сега гледав на телевизија за саемов и многу ми се допаѓа идејата. Многу корисно за родителите на деца до 14 годинки.

За подетално www.bebesaem.mk
 
Доста интересна работа за наши простори, поготово натпревариве што ќе се оддржуваат за најбрзо менување пелени од страна на татковциве :) Добро е што паровите што сакаат да имаат дете ќе се информираат за работите што ги интересираат, или па оние парови на кои тоа им е во план.
 
Занимливо звучи. Мислам дека ова колку-толку ќе биде причина плус за поголемо зближување како помеѓу родителите, така и помеѓу родителите и децата.
Можеби токму преку вакви игри многу од луѓето ќе сфатат дека ги сакаат децата повеќе отколку што мислеле, па ќе си се почастат со по уште едно-две бебиња плус.:)
Одлична идеа. Браво!:smir:
 
Поздрав за оваа прекрасна манифестација, која толку и беше потребна на државава.
Се радувам кога ке видам дека некој се грижи за младите мајки и се труди да ги образова.
Во Бугарија дури и си имаат форум каде можат младите мајки да споделат свои искуства...
 
Ова е за поздрав во секој случај а посебно тоа што има организирано едукативни советувања за развојот на детето бидејќи сметам дека секој родител треба да располага со доволно информации за одгледувањето на детето а не да се советува со баби и стрини.:helou:
 
Поздрав за оваа прекрасна манифестација, која толку и беше потребна на државава.
Се радувам кога ке видам дека некој се грижи за младите мајки и се труди да ги образова.
Во Бугарија дури и си имаат форум каде можат младите мајки да споделат свои искуства...


Дури и Македонија има форум за споделување на искуства на родители и оние кои имаат намера да станат. :)
 
Дури и Македонија има форум за споделување на искуства на родители и оние кои имаат намера да станат. :)

А кој е нашиот форум? И дали е активен. Не е работата само да го има, ако никој не пишува на него.
 
А кој е нашиот форум? И дали е активен. Не е работата само да го има, ако никој не пишува на него.

Активен е и солиден, зошто инаку би пишала. Толку ќе кажам пошто не знам дали можам да коментирам друг форум.
 
Идејата е за поздрав навистина.Сите млади мајки можам да добијат корисни совети во врска со подигањето на нивните најмили,а воедно и сите родители можат да научат нешто плус во воспитниот систем што го применуваат во рамките на својот дом,зближување и поврзување со нивните деца,освежување на комуникацијата..едноставно подобрување на самите родител-дете односи:smir:
 
супер идеја, мислам дека редно беше да се организира некој ваков настан кој навистина е корисен(посебно советувањето) за родителите и оние кои планираат да имаат деца во иднина.
плус, интересно звучи менувањето на пелени од страна на татковците:icon_lol:
 
„Бебе саем“ по втор пат

„Бебе саем“ по втор пат

На Скопски саем, од 23 до 25 април, по втор пат ќе се одржи саемската манифестација „Бебе саем“, наменета за бремени жени, бебиња, родители и деца. Со многу штандови, саемот ќе понуди избор на домашни и на странски излагачи, семинари и демонстрации за последните иновации, производи и услуги за идните родители и за семејствата со деца до 14 години.

За најмалите ќе има играчки, забавни катчиња, театарски претстави, детски модни ревии, музика, танц и разни натпревари.

И годинава на саемот ќе бидат опфатени различни теми: како полесно да се надминат проблемите на младите родители, тешкотиите во бременоста, правилниот раст и развој на децата, навремено и правилно постапување по одредени симптоми, како да се искористат игрите и забавата во растот и развојот на децата итн. Во овој дел особено ќе помогнат педијатрите, кои и годинава ја поддржаа манифестацијата.

- Овој саем настана како потреба за создавање специјализиран настан што ќе ја подигне едукацијата и информираноста на повисоко ниво и ќе им овозможи на сите родители на едно место да добијат стручни совети, квалитетни и точни информации наменети за нивните деца - велат од Скопски саем.

Извор Дневник
 
posetiteli4.jpg


posetiteli5.jpg


zanasnova2.jpg


zanasnova1.jpg


posetiteli1.jpg


posetiteli2.jpg


posetiteli3.jpg


izlagaci2.jpg


izlagaci5.jpg


izlagaci6.jpg


izlagaci3.jpg



Моментално е отворен бебе саемот од 10 до 20 часот.
Влезницата за децата е бесплатна, а за сегашните или идните мајки и татковци 50 денари.
 
Си најде некој интерес Велија... и ај да испери пари или нешто слично, го форсира по сите негови медиуми како кузнај што да е и то е то... сака во секоја сфера да влези... почнувам да го мразам човеков не знам зошто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom