- Член од
- 10 октомври 2008
- Мислења
- 1.107
- Поени од реакции
- 51
Велешката топилница конечно доби нов газда. Скопската компанија „Метрудхем“ го уплати износот од еден милион и 250 илјади евра, со што е платена целата сума од 2 милиона и 250 илјади евра за велешката топилница.
Иако од компанијата нема официјална потврда, велешкиот суд ја потврди информацијата дека „Метрудхем“ ги уплатил парите. Новиот градоначалник на Велес го поддржува мислењето на повеќето велешани и се противи на рестартирањето на топилницата.
„Мојот личен став е недвосмислен. Јас сум против рестартирањето на топилницата. Мислам и дека големото мнозинство на граѓани на Велес го делат истото мислење. Би почекал да добиеме уште еднаш официјална информација околу тоа“, изјави градоначалникот на Велес, Горан Петров, градоначалник на Велес.
Велешките еколошки организации претходно обвинуваа за криминална продажба на топилницата.
Тие се против влезот на скопски „Метрудхем“ бидејќи компанијата има планови да го рестартира најголемиот индустриски загадувач на Балканот, со што би ја продлабочиле еколошката агонија на Велес.
„Повторно ги повикуваме доверителите, купувачите, сопствениците, бидејќи ние не ги познаваме, да ги обесхрабриме да не ја пуштаат во функција топилницата, бидејќи повторно ќе се соочат со големи проблеми од граѓаните во нашиот град“, вели Ангелче Гушев, „Зелена коалиција“.
На последниот седми по ред тендер за продажба на топилницата учествуваше и турската фирма „Јалим“ која наместо рестартирање на топилницата планираше на тоа место да гради трговски центар, но советот на доверители ја дисквалификуваше бидејќи уплатиле сто евра помалку од потребната сума.
Претставници на турската компанија тогаш изјавија дека се жртви на однапред смислено сценарио бидејќи скопската компанија „Метрудхем“ која ја купи топилницата е фирма ќерка на швајцарски „Минеко“, компанија која поседува 60 проценти од побарувањата во велешката топилница.
Ете ни Велешани...не ми е криво за возрасните си заслужија криво ми е за децата што ке се труат