M
marsovka
Гостин
Дали ВМРО-ДПМНЕ по жестоката реакција на одлуката на Уставниот суд за укинување на веронауката во основното образование, за да ги дисциплинира судиите, крчка и промена на Уставот или носење Закон за Уставен суд.
Ниту демантираат ниту потврдуваат, но повторуваат судиите, од политички побуди донесоа одлука против интересите на 15.000 ученици.
Според ВМРО-ДПМНЕ секуларноста не е атеизам, одлуките за укинување на два проекта на Владата - за наталитет и веронаука, судот темпирано ги донесе во време на избори.
„Македонија не смее да се врати во периодот на мрачната и матна транзиција кога се беше дозволено и Македонија ќе се бори против таквите тенденции“, рече Илија Димовски, ВМРО-ДПМНЕ.
Димовски вели нема да дозволиме да се ограничи правото на избор, а Уставниот суд се обидува да се стави над Извршната и законодавната власт.
Нивниот коалициски партнер ДУИ ќе поддржи и Уставни промени и законска рамка во делот на носење на одлуките на Уставниот суд. И се со цел да се реализира нивната идеја кога Уставниот суд одлучуваше за уставноста на законот за знамињата.
„Во Уставниот суд многу одлуки треба да се донесуваат со бадентерово мнозинство“, изјави Рафиз Алити, ДУИ.
Според ДУИ, законот за основно образование со кој беше воведена веронауката, не е добар и треба да се менува, со некои реакции, вели Алити и ИВЗ претера.
Реакциите на власта за опозицијата се скандалозни, тие се класичен притисок врз независноста на судството и значат рушење на уставниот поредок.
„Во изминативе три години, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се обидоа буквално да го фамилизираат судството како трета власт. нема да не зачуди доколку посегнат и по Уставниот суд“, вели Емилијан Станковиќ, СДСМ.
„Не сум изненаден да после сите овие напади наскоро на мојата работна маса видам и предлог за измена на Уставот на РМ“, изјави Андреј Жерновски, ЛДП.
Евроамбасадорот Фуере бара Владата да воспостави доверба меѓу институциите.
„Оние коишто се прашуваат за одлуките на Уставниот суд треба да се запрашаат што со ова ќе се постигне, освен да се намали власта и независноста на една од најважните институции во државата“, рече Фуере.
Опозицијата укажува - Македонија е неславен рекордер во Европа по оспорени владини проекти пред Уставниот суд.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=107479
ајмо на здравје стрижење

се извинувам на модераторите ако има дупла тема