Владата го усвои ребалансот на Буџетот

  • Креатор на темата Princ
  • Време на започнување

osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
nego da prasam sto da pravam so VTOROTO dete kako da go cuvam na odlozeno vreme

isto i komsikata prasuva sto da pravi so CETVRTOTO dete da go raga ili da mu kaze da priceka dodeka da se stvorat uslovi ,pa da iskoci .

E SEA STO PRAIME BE GRUJO ,E PA CORBA RABOTATA
kako ne ti tekna porano da napravis rebalans,pred da se dupime .
a ne se spored narodnata po e...e nema kaenje ,ama izgleda ti pak naopaku si razbral ,po e...e ima kaenje,i gi skrati parite za BEBI BUM
 

Mangavadu

пролетер
Член од
23 март 2009
Мислења
695
Поени од реакции
42
nego da prasam sto da pravam so VTOROTO dete kako da go cuvam na odlozeno vreme

isto i komsikata prasuva sto da pravi so CETVRTOTO dete da go raga ili da mu kaze da priceka dodeka da se stvorat uslovi ,pa da iskoci .

E SEA STO PRAIME BE GRUJO ,E PA CORBA RABOTATA
kako ne ti tekna porano da napravis rebalans,pred da se dupime .
a ne se spored narodnata po e...e nema kaenje ,ama izgleda ti pak naopaku si razbral ,po e...e ima kaenje,i gi skrati parite za BEBI BUM
Не е Груевски крив што во Уставен суд има се само не Македонци.
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Не е Груевски крив што во Уставен суд има се само не Македонци.
Е оти би може јас и женска ми ќе сме сакале да праиме дете сеа. Од кај знаеш, а од скопје и двајцата. Неаме право на беби бум пари. Сеа барем ке имеме несто за сите ама и тоа се скрати.

Нови автобуси или црква на плоштад
Црква е многу битна ствар. Автобуси не ни требаат може и пешки, ама ако не се зигради црква ќе нема каде за помош да се молиме за тоа што допрва ќе не снајде.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
kako ne ti tekna porano da napravis rebalans,pred da se dupime .
А па вие требаше да го прашате Грујо пред да се дуп*те. :pos::pos:


:pos2::pos2::pos2:

Е оти би може јас и женска ми ќе сме сакале да праиме дете сеа. Од кај знаеш, а од скопје и двајцата. Неаме право на беби бум пари. Сеа барем ке имеме несто за сите ама и тоа се скрати.
И сега ради ова не правите? :tapp:
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
И сега ради ова не правите? :tapp:
Да, али женска ми е многу загрижена бидејќи сеа верата и националноста ни биле исто па решила да ги следи упатствата на црквата и да не се користи кондоми при е**** па сеа ќе видиме шо ќе праиме. Нејзе не и се остава патриотизмот, а за деца пари нема :toe:
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Ќе штедиме на железница, ќе се возиме на жичница

Владата со ребалансот на буџетот ги преполови планираните инвестиции во железничката инфраструктура, а неколкукратно ја зголеми сумата за изградба на објекти во културата. Предлогот за ребаланс на буџетот со кој Владата планира за околу 173 милиони евра за да го намали актуелниот буџет за 2009 година вчера пристигна во Собранието.

Во документот се гледа дека Владата ќе ги скастри буџетските пари наменети за инвестиции во железничката инфраструктура од 15 на околу 8 милиони евра. Од друга страна, од 2,5 на 6,5 милиони евра се зголемува сумата предвидена за изградба на објекти во културата, а дополнително во буџетот на Министерството за култура ставката други градежни објекти се зголемува од 6,3 на повеќе од 8 милиони евра.

Кога станува збор за културата, интересно е што Владата со ребалансот решила да штеди пари на изградбата на нова зграда на Филхармонијата, на турски театар, на универзална сала и музеј на ВМРО и музеј на жртви на комунизмот, како и на филмската и музичко-сценската уметничка дејност. Меѓутоа не се штеди ниту денар на изградба на монументална фонтана на плоштадот. Оваа ставка останува непромената со ребалансот и изнесува околу 1,5 милион евра. Зголемување има и на средствата за одржување културно-уметнички манифестации.

Кога станува збор за другите капитални расходи, големо намалување на буџетски средства има кај Министерството за транспорт и врски, каде што, покрај намалувањето на парите за железничката инфраструктура, од 8 на околу 4,8 милиони евра се намалени средствата за набавка на нови автобуси за јавниот превоз и за повеќе од два и пол пати се намалени средствата за изградба на каскадни прегради на реката Вардар, проект со кој, меѓу другото, треба да се заштитат изворите Нерези-Лепенец од кои се снабдува Скопје со вода. Сепак во Министерството за транспорт и врски нема да се штеди ниту денар за годинава да почне да се гради жичница од Средно Водно до Милениумскиот крст, проект за кој и пред ребалансот, а и сега се предвидуваат околу еден милион евра.

Со ребалансот на буџетот, Владата реши да ги намали капиталните расходи за околу 80 милиони евра или за околу 17 отсто во однос на првичните проекции. Во предлог-буџетот се образложува дека се наметнува потреба од одложување на сите капитални проекти со доминантна увозна компонента, а со цел намалување на притисокот врз платниот биланс и давање приоритет на сите оние проекти што значат ангажирање на градежниот сектор и домашните компании. Така, на списокот на капитални расходи што се одложуваат се најдоа капиталните проекти сврзани со опремување на репрезентативните објекти на Македонија, набавка на планираната опрема за лабораториите во универзитетите и научните установи, расходите за набавка на опремата за државна безбедност во МВР, трошоците за купување амбасади во МНР, за набавка на опрема во Царинската управа, планираните проекти во Министерството за транспорт и врски (набавката на автобуси, изградбата на источна и западна трибина, доградба на ГТЦ, средствата за водоводи и јавни клозети). Се одложуваат и одделни проекти во Министерството за образование и наука сврзани со опремувањето на универзитетите, проектите од областа на спортот во Агенцијата на млади и спорт (олимписки базени, фудбалски и тениски игралишта), проектите во здравството сврзани со набавката на медицинска опрема, планираното поврзување на јавните здравствени установи и здравствената картичка.




Негативни економски трендови поради кои се носи ребалансот

- Индустриското производство забележа пад од 7,6 отсто во последниот квартал од 2008 година и 14 отсто во првите два месеца од 2009 година

- Извозот забележа пад од 15 отсто во последниот квартал од 2008 година и 44 отсто во периодот јануари – февруари 2009 година

- Увозот забележа пад од 13 отсто во последниот квартал од 2008 година и 26 отсто во периодот јануари – февруари 2009 година

- Надворешнотрговскиот дефицит се продлабочи за 12 отсто во првите два месеца од 2009 година

- Даночните приходи во буџетот во првиот квартал од 2009 година се за 10 отсто пониски од планираните

- Бројот на регистрирани невработени во Агенцијата за вработување во периодот јануари-февруари 2009 година е зголемен за 7.700 лица

- Присутни се дефлациски тенденции во последните три месеци, при што, во првиот квартал од 2009 година стапката на инфлација изнесува само 1 отсто




Владина прогноза за макроекономските индикатори во 2009 година во %
(2008; 2009)

БДП (реален пораст) 5; 1
Трошоци на живот 8,3; 1
Индустриско производство (пораст) 5,5; -7,5
Буџетски дефицит (% од БДП) -1; -2,8
Трговски дефицит (% од БДП) -26,8; -26
Дефицит на тековна сметка -12,7; -11
Стапка на невработеност 34; 34,5

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=380&ArticleID=23423
 

Kajgana Shop

На врв Bottom