Можеби... за монасите. (оние правите кои што веќе речиси и да не постојат на земјава). Сите останати не би толерирале (чинам) ситуација у која што екипа дебили им објаснуе дека сем леб и вода друго и не им треба. :helou:
Не. Неминовно ради грешка у кораци причинета ради преголемо внимание го губиш она кое што не сакаш ни да помислиш дека може да го изгубиш.
Не можам,одамна веќе е починат.
Бог да го прости. Изгледа бил многу мудар човек, но и добар чим ти дал таков совет.
Причините по кој „неминовно“ ги губиме работите се многу. Сепак сите причини се сведуваат општо на веќе кажаното, некадарноста. Дали таа некадарност е моментална или е подолготрајна, та дури може и како компонента на карактер да биде, е сеедно.
Се` што ни е од вредност, посебно важи за материјалното во нашиот живот, е посакувано и од други. Борбата си е еден начин на кој таа вредност се стекнува и ќе му припадне на тој што ја заслужува, односно е кадарен да ја зачува, нели?
Често се случува, како човечки (нормален) карактер, да направиме превид, односно да потцениме некоја вредност и да сфатиме колку ни значела откако ќе ја изгубиме.
Убавината е во тоа што секогаш може изгубената вредност да се врати и тоа на ист начин како што првично се стекнала. Ова е нобрејнер, посебно откако емпириски ќе се докаже, но најбитно е да се посака да се врати вредноста во своја сопственост.
Постои една не толку позната изрека:
„Од старт си онаден ако вредноста ја вреднуваш по туѓи стандарди.“
Индивидуалното, несметаното со ништо, вреднување е (би требало да биде) цивилизациска придобивка од нависок степен. Сепак за жал
постојат поединци и групи кои се трудат своите вистини да ги наметнуваат на другите како врвна вистина и инсистираат нивните вистини да бидат прифатени како такви, без приговор.
Некој смета дека е оптеретување материјалната вредност и се стреми за емотивни, духовни, вредности. Друг, пак, смета дека емотивното е оптеретување и е во потрага по материјалното.
Не може човек преку своите аршини за вредност да ги оценува другите. Тоа што за мене е вредно, за тебе не мора да биде.
Проблем настанува кога моите стандарди за вредност мораат да бидат твои (принуда).
За среќа не сум левичар за да инсистирам, нели?
Поздрав
:helou: