Овде не е целта да го бранам Ацуле,Победа или било кој друг како поединец односно екипа од Македонија.Овде се препираме кој доживеа поголема штета од пресудата на УЕФА која важи само за Македонската екипа Победа и која е навистина досега нечуена и сензационална вест во светот на фудбалот.Го осудија ли Пјуник или некого од Пјуник,за истиов случај,или тие немаат некој славен “херој“ како Миленко иако очигледно е дека морале директно да бидат инволвирани во целата работа која не може никако да биде еднострана?
Штетата со ваквиот случај е најголема за Македонија,а најмала за Ацуле,Николче и Победа како пропадната екипа.Практично славниот “херој“ Миленко Неделковски,се јави како покренувач на истрага но и како клучен сведок против Македонскиот фудбал а со тоа и против Македонија како држава.А дали во Италија на Берлускони ќе му иделе пари од друга кладилница со тоа што го суспендирале Јувентус или Милан на по една година од прва лига,да ти кажам право ич не ме интересира,особено затоа што таму не се изречени вакви 8 годишни “атрактивни“ казни како никаде во светот.